

5 свежи идеи за романтични состаноци
Доколку имате привремени проблеми со креативноста и не можете да смислите нешто ново и возбудливо за романтичниот состанок што ви претстои, а сакате да ја одржите жива романсата со вашиот партнер, тогаш размислете за некоја од следниве идеи.
Доколку имате привремени проблеми со креативноста и не можете да смислите нешто ново и возбудливо за романтичниот состанок што ви претстои, а сакате да ја одржите жива романсата со вашиот партнер, тогаш размислете за некоја од следниве идеи.
Активирајте се физички
Доколку ви е здодеано од истата рутина – одење во ресторан и потоа на филм, зошто да не се активирате физички? Пробајте се во некој спорт што може да се игра еден на еден, како на пример тенис, пинг-понг или одбојка. Адреналинот од натпреварот ќе предизвика убаво чувство, а тоа секако ќе биде и одлично загревање за контакт-спортот што ќе следува... во спалната.
Згответе нешто убаво
Ако сакате да поминете убава, романтична вечера со вашиот партнер, немојте да го приготвите најлесниот оброк, да го вклучите телевизорот и да кажете дека тоа е вечера – бидејќи не е. Романтичната вечера не е толку во оброкот, колку што е во начинот на којшто тој ќе биде испорачан. Можеби омилениот оброк на вашиот партнер е омлет, но доколку биде сервиран заедно со вашето неподвоено внимание (нормално и со некое секси парче облека), на маса со запалени свеќи, тоа може да се покаже подобро и од најотмениот ресторан.
Имајте топол романтичен состанок
Без разлика на активноста, разговорот во текот на романтичниот состанок мора да биде за вас двајца, да биде топол и романтичен. Ништо нема да ја убие атмосферата побргу од разговорите за незавршените задачи, за работните проблеми и финансиските потешкотии. Одвојте време во кое ќе се запознаете подобро и поставете ги вистинските прашања, како на пример: Кој ти е омилениот спомен од детството? Или - кој ти беше омилен наставник? Без разлика колку долго сте заедно, секогаш можете да откриете нешто ново.
Бидете секси
Најголемата грешка што можете да направите на крајот од романтичниот состанок е да кажете дека сте изморени и ќе си легнете. Веќе го имате моментумот и редно е тој да биде искористен. Префрлете се во спалната. Бидете секси. Физичката блискост е многу важен дел од секоја среќна врска.