Нема производи во вашата кошничка.

Празничен дух во вашиот дом

Дали веќе ве обзема празничната треска? Новогодишните и божиќните празници се наближуваат па затоа е време да размислувате за декорација на вашиот дом. Оваа година ние ќе ви помогнеме со неколку совети.

За време на празниците задолжително мора да го украсите вашиот дом. Внимателно одберете ги украсите кои ќе ви ги развеселат празниците и ќе измамат насмевки на лицата на вашите гости. Што се можете да украсите?  

Елката

Сите знаеме дека елката сама по себе не е многу важна; тоа што е важно е што таа претставува и какво чувство буди кај вас и вашето семејство.

Ако сакате зелена боја, можете да купите вештачки елки кои ги има во сите форми и бои.

Позиционирање на елката

Откако ќе ја одберете вистинската елка за вас, следно е да најдете специјално место за неа во вашиот дом. Најдобро е да се намести во дневната соба или во трпезаријата и внимавајте да има доволно простор околу неа за да можете да ги наредите подароците.   

Украси

Елката не потсетува на Нова Година се додека не ја украсите. Класичните лампиони, како што се топчињата, ѕвончињата, ѕвездите, сијаличките и ангелчињата, се секогаш одличен избор, но оваа година можете да додадете и лампиони кои ќе ги подготвите заедно со вашето семејство. Ова ќе биде навистина интересно, особено за најмладите.  

Украсување на собата

Елката е готова и сега можете да почнете со украсување на вашиот дом. Можете да ја декорирате секоја соба, но фокусирајте се на оние кои најмногу ги користите вие, вашето семејство и во кои ги пречекувате гостите.

Зимски рај

Зимските украси се идеален избор – ви требаат само ножици, хартија и лепак, и со вашите деца можете да направите снегулки, дрва со снег, санка, ирваси и подароци. Вештачкиот снег од пена или памук е исто така одбра идеја. 

Сијалички

Многумина веруваат дека осветлувањето е најубавиот дел од божиќното и новогодишното украсување. Украсете ги ѕидовите со внимателно одбрани сијалички кои можете да ги комбинирате со свеќи кои мирисаат и изгледаат одлично.   

Чорапи

Празничните чорапи се прекрасна декорација и можете да ги закачите на прозорите, полиците и на останатиот дел од мебелот.

Божиќно венче

На крај, на влезната врата закачете едно божиќно венче кое ќе ги пречека сите ваши гости.