Прашања кои ги ужаснуваат мажите
Постојат прашања кои жените редовно им ги поставуваат на мажите, а тие пак, ги колнат деновите кога ќе им бидат поставени таквите прашања, бидејќи речиси не постои правилен начин да бидат одговорени.
Постојат прашања кои жените редовно им ги поставуваат на мажите, а тие пак, ги колнат деновите кога ќе им бидат поставени таквите прашања, бидејќи речиси не постои правилен начин да бидат одговорени.
1. Дали изгледам дебело во ова?
Постои само еден начин да се одговори ова прашање, а тоа е негирање со максимален можен интензитет. Доколку мажот, и во најмала мера признае дека фустанот, фармерките или здолништето прават неговата партнерка да изгледа малку полничко, тогаш тоа ќе предизвика страшна караница. Без разлика дали е вистина, таа ќе се налути што била наречена дебела, занемарувајќи го фактот што тој зборувал за облеката. Исто така, веќе ја носела облеката во претходна прилика, а тој не рекол ништо. Најпосле, и онака е веќе доцна за пресоблекување, па најмудрото решение за мажите е да си молчат и да кажат дека таа изгледа поубаво од кога било порано.
2. Дали мислиш дека (заедничка познаничка) е позгодна од мене?
Не постои едноставен одговор на ова прашање, затоа што жените лесно ги препознаваат лагите на вакви и сродни теми. Ако навистина мислите дека таа личност е згодна, признајте го тоа, но не премногу ентузијастички и без возбуда. Најдобар одговор би бил: „Може да се каже дека е згодна. Нормално, не толку колку тебе“. Од друга страна, ако прашањето е подлабоко од физичкиот изглед, тогаш целата игра се менува.
3. Како ти се допаѓа (женскиот филм) кој те присилив да го гледаш?
Не лажете, затоа што жените ќе го препознаат тоа (видете прашање број 2). Ако не Ви се допаѓал, прибегнете кон хумор – добар беше, но очекував приказна од Џејн Остин да има повеќе експлозии и брканици.
4. Зошто не се јави?
Кога мажите ќе заборават да се јават, сакаат тоа да исчезне како проблем, но нема. Без разлика дали сте биле со друштво во премногу гласно место или пак едноставно сте заборавиле, најдобриот начин е да признаете и да понудите некоја форма на извинување. Не постои друг начин да се извадите од ова сценарио.
5. На што сме?
Доаѓа време во секоја врска кога таа ќе праша за статусот, т.е. дали само се забавувате или сте во сериозна врска и во која насока се движат нештата. Проблемот во овој случај е што ако таа не е сигурна и мора да праша, тоа значи дека тој не го знае одговорот. Во најдоброто можно сценарио, тој треба да размисли и да даде одговор со образложение, а секогаш може да се сврти на другата страна и да ја праша неа што таа мисли.