Нема производи во вашата кошничка.

Порака од Јан Хеере, извршен директор на Студио Модерна

ПОЧИТУВАНИ,

Со голема загриженост поради влијанието на COVID-19, сакав со вас да ги споделам чекорите кои ги преземаме за да одговориме соодветно на ситуацијата.

Пред сè, се надевам дека вие и вашите сакани сте безбедни и здрави. Заедно со сите во Студио Модерна, длабоко жалам за ситуацијата која го погоди светот. Нашите срца и мисли се со сите кои се погодени, директно или индиректно.

Безбедноста и здравјето на нашите купувачи, колеги и партнери, беше и продолжува да биде наш приоритет. Будно ги следиме препораките од владите и СЗО и преземаме строги претпазливи мерки.

Вработуваме повеќе од 7000 лица низ Централна и Источна Европа. Поголемиот дел од нашите колеги работат од дома, додека нашите објекти имаат имплементирано различни мерки со цел да се обезбеди безбедна средина за работа, вклучувајќи физичка дистанца како и строги протоколи за дезинфекција и одржување на хигиената. Работата на нашиот кол центар е реорганизирана со цел нашите агенти да можат да работат од нивните домови. Ги паузиравме сите службени патувања и ги откажавме сите физички конференции на неодредено. Ги префрливме нашите состаноци во виртуелна средина и одржуваме дигитални работни навики.

Без разлика каде се наоѓаат нашите тимови, продолжуваме да им служиме на нашите купувачи со ист интегритет и страст како пред кризата. Нашите тимови работат напорно со цел да им обезбедат на купувачите безбедно и задоволително искуство додека купуваат кај нас. И покрај сите мерки и постојаното ширење на корона вирусот, можете да продолжите да уживате во нашите производи и понуди кои ги подготвивме за вас.

Можете да ги погледнете, тестирате и купите нашите производи од удобноста на вашиот дом:

  • да ги посетите нашите интернет страници,
  •  да ја посетите нашата виртуелна продавницата каде што нашите продажни агенти во живо ќе ви го презентираат производот, ќе ви одговорат на сите прашања и ќе ви помогнат со купувањето, сè од удобноста на вашиот дом, практично, безбедно и бесконтактно,
  • купувајте од нашиот каталог или побарајте ги нашите агенти за да нарачате и да добиете повеќе информации.
  • Во продавниците кои остануваат отворени, каде што ги имплементиравме сите неопходни хигиенски и безбедносни стандарди. Нашите вработени се обучени да ги следат сите неопходни мерки со цел да одржат висок стандард на чистота и хигиена.

За да ви овозможиме да ги избегнете часовите кога има најмногу гужва, ви нудиме можност да добиет персонализирано шопинг искуство.

Добредојдени сте да закажете средба во најблиската продавница до вас и да добиете време да разговарате лично со вашиот личен асистент кој ќе ви помогне и ќе ве упати низ нашите производи, ќе ви одговори на прашањата и ќе ви помогне да го најдете тоа што го барате (достапно во отворените продавници).

Продолжуваме да ги снабдуваме нашите франшизни партнери со нашите производи. За повеќе информации во врска со нашите продавници, франшизните партнери, информации за работното време на продавниците, посетете ги нашите страници.

Продолжуваме внимателно да ја следиме ситуацијата со COVID-19, да ја нудиме потребната поддршка за нашите вработени, купувачи и партнери , со надеж дека овој тежок период ќе заврши наскоро.

Доколку имате конкретно прашање на кое не најдовте одговор тука или на нашата страница, добредојдени сте да нè контактирате. Ќе продолжиме да ве известуваме како што ќе се развива ситуацијата.

Во име на целиот тим на Студио Модерна, ви благодарам за вашата постојана доверба и поддршка.

Посакувам вие и вашите најблиски да останете безбедни!

Јан Хеере,

извршен директор Студио Модерна