Нема производи во вашата кошничка.

Патување за време на празниците

Патувањето за време на празниците може да биде ужасно, без оглед на оддалеченоста која треба да ја поминете. Дали сакате да знаете како можете да си олесните?

Планирајте однапред

Доколку планирате однапред, се е многу поедноставно. Проверете дали се е во ред со документите кои ви се потребни за патувањето (на пример, ако ја напуштате државата ќе ви биде потребен пасош). 

Ако патувате со автомобил, внимателно проверете ја неговата исправност, а доколку патувате со авион, направете план за патување до аеродромот (кога би тргнале, со што би патувале, итн.)

Следете ги известувањата за состојбата на патиштата и за авионскиот сообраќај

Патниот, железничкиот и авионскиот сообраќај можат да бидат во застој за време на празниците: гужви, снег, лоши временски услови.

Задолжително следете ги прогнозите неколку дена пред планираното патување. 

Внимавајте да не останете гладни или жедни

Сега храна и пијалаци можете да набавите речиси од секаде, но многу е важно да знаете дека тоа може да не биде така токму тогаш кога најмногу ќе ви требаат. Најдобро е секогаш да си носите со вас нешто за јадење и вода, особено доколку патувате со деца.   

Овој совет е најзначаен кога тргнувате на подолг пат, никогаш не можете да знаете дали и колку време ќе се одолжи вашето патување.  

Забавувајте ги децата

Патувањето со деца може да биде многу незгодно, но доколку се најадени и имаат добра забава, се е многу полесно. Можете заедно да играте некои интересни игри, да слушате музика или аудио-книги, или пак, доколку се доволно големи, да читате книги – а доколку ништо не успее, имајте план Б: нивните омилени цртани на таблет. 

Не брзајте и добро одморете се

Патувањето на подолги релации е навистина многу заморно, и многу е важно да се потрудите да не пристигнете на саканото место преморени. Божиќните празници не се воопшто забавни доколку ги започнете изморени и со лошо расположение. Па затоа, патувањето планирајте го во текот на денот, за да можете убаво да се наспиете – точно е тоа дека ноќните летови се поевтини и дека има помалку гужва по патиштата, но сето тоа е од споредна важност споредено со добриот одмор.  

Доколку станува збор за навистина долго патување, планирајте пауза. Застанете во некој мотел некаде по пат, наспијте се и продолжете го патувањето следниот ден.

Патувањето мора да биде забавно

Иако можеби некогаш патувате за да поминете време со некој кој и не ви е баш омилен, постојат моменти кои едноставно не можете да ги одбегнете. Па затоа направете го патувањето забавно. Направете неколку попатни паузи, разгледувајте, поминете неколку дена пред или потоа во некое блиско место – спа центар или воден парк – со други зборови направете нешто во кое целото семејство ќе ужива.      

Очекувајте го неочекуваното

Секогаш е многу важно да го очекувате неочекуваното. Секогаш планирајте неколку часа плус на тоа колку ќе трае патувањето – во случај нешто непланирано да се случи. Носете вишок пари, резервоарот на автомобилот нека биде полн, носете храна и вода, како и потопли алишта!