Нема производи во вашата кошничка.

Негата на вратот ќе ги скрие годините

Годините на жените најдобро се огледуваат на вратот. Затоа, доколку сакате да ги скриете, следете ги едноставните совети за грижа.

Годините на жените најдобро се огледуваат на вратот. Затоа, доколку сакате да ги скриете, следете ги едноставните совети за грижа.

Редовно правете пилинг

Кожата на вратот треба почесто да се чисти од мртвите клетки од другите делови на кожата, па затоа пилингот е апсолутно неопходен. Наместо да купувате специјални пилинзи, земете морска сол, измешајте ја со лимон и со неа направете го пилингот. Можете да користите и маски за лице кои ќе ја направат вашата кожа мека, мазна и нежна.

Избегнувајте парфеми

Парфемот што ќе го нанесете на вратот е изложен на постојана сончева светлина. Тоа може да предизвика надразнување, па дури и исфрлање на кожата. Повеќе видови парфеми содржат високо концентрирани мириси кои се екстремно чувствителни на светлина во споредба со другите козметички производи. Доколку имате чувствителна кожа, препорачливо е да го нанесувате парфемот на деловите од телото што Ви се заштитени со облеката.

Нега на вратот

За најефектина нега на вратот, обидете се со следнава практика: -Измијте го вратот со топла вода и гел за туширање; -Добро исплакнете го; -Поминете по кожата од вратот со памукче натопено со соодветен тонер; -Земете крпа и натопете ја со топла вода, исцедете ја и завиткајте ја околу вратот; -По две до три минути отстранете ја крпата; и -Набрзина по отстранувањето нанесете добар хидратантен крем.