Нема производи во вашата кошничка.

Митови за хидратација на кожата

Правилното одржување на кожата е многу важно за убавината. Но, доколку погрешно ја водите грижата, може да се соочите со несакани ефекти. Затоа секогаш треба да ги имате предвид митовите, но и вистината зад нив.

Погледнете ги митовите и вистините за нега на кожата

Правилното одржување на кожата е многу важно за убавината. Но, доколку погрешно ја водите грижата, може да се соочите со несакани ефекти. Затоа секогаш треба да ги имате предвид митовите, но и вистината зад нив.

Површинскиот слој на кожата во најголем дел е составен од мртви клетки, но и нему му е потребно одреден степен на влажност.

Доколку се исуши, нема да може да се обнови правилно, да ја одбива сончевата светлина и да ја добие природната боја. Новите козметички производи вообичаено се направени за да Ви ја обезбедат потребната влажност, но за да го постигнете тоа, треба правилно да ги користите.

Ноќе не е потребна хидратација на кожата

Ова е една огромна заблуда. Во текот на ноќта особено е изразена функцијата на обновување на кожата, за што таа треба да има соодветна влажност. Во периодот помеѓу 23 и 4 часот, сушењето на кожата го достигнува максимумот, бидејќи за опоравување од оштетувањата до кои дошло во текот на денот, кожата забрзано троши вода.

Хидратацијата е потребна само до 25 години

Апсолутно неточно! За кожата да изгледа убаво и свежо, потребно е да ја негувате и да ѝ помогнете да го задржи потребниот процент вода. Како што кожата старее, така полесно ја губи водата, што значи дека напротив, треба да се води уште поголема грижа за влажноста.

Дополнително, општо е познато дека активните супстанци за забавување на стареењето се поефикасни на добро навлажнета кожа. Затоа, за нега на кожата на секоја возраст треба да се користат производи за хидратација. Ова е уште поважно во зимските месеци кога кожата е поподложна на сушење.

Хидратација не е потребна за мрсна и мешана кожа

На секој вид кожа му е потребна хидратација. Кај мрсната кожа постои проблем со прекумерното лачење на себум, што нема никакво влијание врз водата. Таа испарува со еднакво темпо како кај сите други видови кожа.