Нема производи во вашата кошничка.

Вистинските мажи се грижат за својата кожа

Времето кога жените беа оние кои се грижеа за својата кожа е минато. Во денешно време мажите обрнуваат (или барем треба да обрнуваат) внимание на својата кожа и здравје исто како и жените, бидејќи сите сме свесни дека непривлечната кожа предизвикува многу проблеми. Затоа ќе ви помогнеме и ќе ви кажеме како вистинските мажи треба да се грижат за својата кожа.

Времето кога жените беа оние кои се грижеа за својата кожа е минато. Во денешно време мажите обрнуваат (или барем треба да обрнуваат) внимание на својата кожа и здравје исто како и жените, бидејќи сите сме свесни дека непривлечната кожа предизвикува многу проблеми. Затоа ќе ви помогнеме и ќе ви кажеме како вистинските мажи треба да се грижат за својата кожа.

Кои лоши навики предизвикуваат најголеми проблеми?

Дали знаете кои фактори предизвикуваат најмногу проблеми со кожата? Еве една листа и бидете искрени: колку од овие лоши навики се дел од вашето секојдневие?

Проблем 1: Алкохол

Алкохолот има многу негативни влијанија и неколку добри влијанија. Но, кога станува збор за здравата кожа и убавината, прекумерното консумирање на алкохол е дефинитивно огромен проблем. Го дехидрира телото (вклучувајќи ја и кожата) и ги уништува сите есенцијални хранливи материи, вие ќе изгледате подуено – и доколку се замислите тоа нема да ги привлече потенцијалните обожавателки.

Решение: Соодветна хидратација и нов начин на забава

Без разлика на годините – ако сте машко, големи се шансите дека поголем дел од времето го поминувате пиејќи пиво со пријатели. Сепак постојат и многу други начини за да се забавувате и тие не вклучуваат прекумерно консумирање алкохол. Наместо алкохол може да пиете многу вода, чај или природни сокови кои соодветно ќе ја хидрираат вашата кожа, а таа ќе ви даде нешто за возврат – самодовербата и благосостојбата кои ги заслужувате.

Проблем 2: Цигари

Пушењето е навистина лошо за кожата на мажите, но и за кожата на жените. Сепак статистиката покажа дека мажите генерално пушат повеќе. Пушењето предизвикува предвремено стареење на кожата, па затоа внимавајте – сигурно не сакате да изгледате многу старо…

Решение: Едноставно откажете ги!

Сериозно. Откажете ги цигарите. Не само што ја повредувате вашата кожа, пушењето ќе ви донесе и други дополнителни здравствени ризици. Летото секако ќе биде топло и без да палите цигара на неколку минути нели?

Проблем 3: Изложување на сонце

Одлично е да ја чувствувате топлината на сонцето на вашата кожа, но ако премногу уживате во тоа може да се соочите со сериозни проблеми на кожата. Изгореници и предвремено стареење се дел од нив – дали сте слушнале и за рак на кожа?

Решение: Облека и лосиони за заштита

Лесно може да се занесете и да уживате на сонцето, па затоа многу е важно да ја заштитите кожата со соодветна облека, лосиони за заштита и не седете надвор кога сонцето е јако.

Проблем 4: Недоволна лична хигиена

Кога не ја негуваме или пак кога не ја негуваме правилно порите на кожата се полнат со прашина. Ова често им се случува на голем дел од мажите.

Решение: Квалитетни производи за нега на кожа

Во денешно време има многу производи за нега на кожата на мажите, па не би требало да ви биде проблем да најдете производи за нега на кожа кои ќе ви помогнат да го заштитите најголемиот орган во вашето тело. Маснотијата, мртвите клетки и прашината треба редовно да се отстрануваат од кожата и миењето на лицето само со вода нема многу да помогне. Вложувањето во квалитетни производи за кожа секогаш се исплати, па затоа обрнете внимание на производите кои ги купувате.

Проблем 5: Стрес

Да – стресот е еден од најголемите фактори за убава и здрава кожа и ако сте типичен маж тогаш веројатно не вложувате многу време во стратегии кои ќе ви помогнат да го намалите стресот во вашиот живот. Сепак треба да започнете да го правите тоа.

Решение: Уживајте во летото како што треба

Летото треба да биде време кога ќе направите пауза од секојдневниот зафатен живот и кога вие ќе се релаксирате на место кое ќе биде посебно за вас. На плажа, на планина или едноставно место каде ќе уживате со пријателите заедно со добар фудбал и пиво? Изборот е ваш...