Нема производи во вашата кошничка.

Решенија за 5 летни проблеми со кожата

Летото носи многу убави и пријатни денови исполнети со прошетки, романтични зајдисонца, сладоледи и многу време поминато во природа. За жал, летото носи и проблеми за кожата. Проверете како можете да ги решите.

Летото носи многу убави и пријатни денови исполнети со прошетки, романтични зајдисонца, сладоледи и многу време поминато во природа. За жал, летото носи и проблеми за кожата. Проверете како можете да ги решите.

1. Кожата Ви е помрсна од обично

Нанесувајте тоник на кожата двапати дневно. Еднаш неделно ставајте глинена маска, која ќе Ви помогне да ја отстраните нечистотијата. Но, внимавајте, пречесто користење на оваа маска може да ја исуши кожата.

2. Кожата на рацете и нозете изгледа како да сте наежени

Ако сте забележале мали црвени точки на кожата, веројатно се работи за кератосис пиларис – кожа што изгледа како да сте наежени. Обично ова се случува на задниот дел од надлактицата. Обидете се да го елиминирате овој проблем со нанесување специјален лосион. Не ја тријте таквата кожа со ракавица, бидејќи состојбата може само да се влоши.

3. Иритаирана кожа како последица од бричење

За да спречите грди гребаници по бричењето, пред бричење навлажнете ја исушената кожа со крем за бричење, кој содржи есенции од природни масла или едноставно избегнувајте користење брич. Наместо тоа користете крем за депилација. Нанесете повеќе крем одошто мислите дека е доволно. На подот од бањата ставете крпа за да ја избегнете можноста да се лизнете и да паднете. За брзи и едноставни корекции кога патувате, ставете си електрична машинка за бричење во торбата. Тоа е одличен алат за отстранување влакна без вода. По бричењето, не заборавајте добро да ја навлажните кожата, затоа што металните запци од машината за бричење ја сушат.

4. Кожата под пазувите е потемна од околната кожа

Бричењето и бришењето со груби крпи може да предизвика фрикција, која води до воспаленија или сиви дамки. Обидете се да ја отстраните бојата со лосион кој содржи хидроквинон (оваа состојка ја има и во креми за избелување на кожата). Дополнително, на секои три бричења, менувајте го бричот. Тапите бричеви ја иритираат меката кожа под пазувите.

5. Појава на мозолчиња поради крем за сончање

Акните предизвикани од крем за сончање не се појавуваат поради хемикалии содржани во кремот, туку поради базата во која се мешаат хемикалиите. Обидете се да најдете крем за сончање кој нема маслена база.