Нема производи во вашата кошничка.

Брзи козметички трикови

Можеби немате време почесто да одите во козметички салон, а некогаш не можете да најдете време ниту за утринско разубавување на лицето и косата. Прочитајте ги нашите 18 совети за заштеда на време.

Сте се разбудиле со црвенило на лицето

Кожата на лицето можете да ја смирите за 5 минути: врвот на пешкирчето за лице потопете го во студено млеко. Млечната киселина ќе ја смири кожата, а истовремено ќе ја направи мазна.

Во зима или на ветар постојано ви пукаат усните

Пред спиење усните намачкајте ги со препарат за усни кој содржи пантенол, витамин Е и бисаболол кој ја смирува кожата.

Руменило преку цел ден

Вашето лице цел ден ќе изгледа убаво и мазно доколку нанесете руменило во облик на сјај за усни и образи.

Карминот претерано ви се разликува од бојата на тенот

Преку усните нанесете тенок слој транспарентна пудра во прав. Ова е трик кој можете да го примените и ако имате проблеми со сенката за очи.

Оцртување на усните

Проблемите со оцртувањето на усните засекогаш ќе исчезнат оној момент кога ќе сфатите дека најдобро е да користите молив за усни во беж боја. Таа ќе го држи кармионот во границите на усните.

Брзо вадење на лакот од ноктите

Лакот од ноктите отстранувајте го само до маслен препарат, кој не содржи ацетон.

Маникир за 5 минути

За ова се потребни картонска турпија, дрвено стапче за потиснување на кожичките и препарат за омекнување на кожичките.

Брзо сушење на лакот за нокти

Користете безбоен лак кој го забрзува сушењето. Тој воедно е и заштитен слој, така што лакот на ноктите трае и по 1 недела.

Предност на фризерскиот салон

40 минути поминати во салонот може да ви заштеди неколку часа потрошени дома. Новите препарати кои ги користат во денешните фризерски студија ќе и дадат на вашата коса се што е потребно за да барем 4-5 дена изгледа убаво.

Прикривање на оштетените врвови

Кога ќе завршите со обликување на фризурата, по врвовите на косата прејдете со прстите намачкани со балсам.

За бујна коса

Помешајте 1 лажичка прашок за пециво помешајте ја со шампонот кој редовно го користите. Неколку минути мијте ја косата, а потоа добро исплакнете ја.

Брзо обликувана фризура

Косата навиткајте ја со што поголеми виклери и попрскајте ја со лак.

Прикривање акни на лицето

Покријте ги со коректор и со малку подебел слој на течна пудра. Потоа преку целото лице нежно нанесете пудра во прав.

Добро исенчени очи

Покрај работ на горните трепки повлечете тенка црта со меко (црно, сиво, браон) моливче, а потоа преку капакот нанесете сенка во некоја неупадлива боја.

Наместо дневен крем и течна пудра

Најбрза комбинација е тонираниот крем (денес го има и со СПФ 15), кој е вистинско решение за презафатените жени.

Тоникот не е задолжителен

Овој препарат не е неопходен ако користите средство кое ја чисти кожата без иритации. Ова не важи за премногу мрсна или премногу сува кожа.

Немате време за детален козметички третман

Во овој случај, еднаш во 10 дена, испарете го лицето. Тоа ќе го освежи и ќе ја поттикне циркулацијата. Додека кожата е уште влажна намачкајте ја со хидратантен крем.

Брза фризура по вежбање

После вежбањето, испрскајте ја косата со лак, а потоа обликувајте ја фризурата.