Нема производи во вашата кошничка.

Како да се справите со првите брчки

Ако се ужаснавте од првите брчки што ги забележавте во огледалото, не паничете! Брчките веќе не се проблем што не може да се реши. Соодветната комбинација од здрав животен стил, правилна нега и добар крем против брчки ќе направат повторно да ви се допаѓа сопствениот одраз во огледалото.

Ако се ужаснавте од првите брчки што ги забележавте во огледалото, не паничете! Брчките веќе не се проблем што не може да се реши. Соодветната комбинација од здрав животен стил, правилна нега и добар крем против брчки ќе направат повторно да ви се допаѓа сопствениот одраз во огледалото.

Избегнувајте сонце

Можеби имате впечаток дека тенот прави лицето да ви изгледа помладо, но наскоро тоа ќе резултира со оштетување на кожата, што дефинитивно нема да ви помогне во борбата против брчките. Секогаш треба да носите шапка ако сте излезени кога сонцето е најсилно и не заборавајте да ја заштитите кожата со крем со соодветен фактор.

Откажете се од пушење

Пушењето е една од основните причини за побрзо и повидливо стареење на кожата, па затоа би требало да се ослободите од оваа лоша навика – и тоа не само поради изгледот на кожата, туку и поради целокупното здравје.

Наспијте се

Спиењето игра важна улога за вашиот изглед. Доволно долгото и доволно квалитетното спиење придонесуваат за поеластична кожа, со што ќе се одложи појавата на брчки. За дополнителна нега, пред спиење нанесете ноќен крем против брчки, со што ќе добиете и регенерација на кожата додека се одмарате.

Спијте на грб

Можеби ова е најнеобичниот совет што сте го чуле, но е апсолутно точно – ако сакате да избегнете создавање брчки, спијте на грб. Се работи за едноставно прашање на дејството на гравитацијата и притисокот од вашата перница. Спиењето на страна или на грб предизвикува собирање на кожата при контакт со перницата, што на долг рок предизвикува создавање брчки.

Купете си добри очила

Видот ви ослабел, но наместо да се соочите со реалноста и да си купите очила, вие ги напрегате очите. Тоа со текот на времето ќе предизвика создавање брчки, особено околу очите, поради напрегањето на мускулите и постојаното затегање и отпуштање на кожата.

Прилагодете ја исхраната

Малите и едноставни прилагодувања на исхраната можат значително да придонесат за убавината на кожата. На своето мени треба почесто да имате лосос, риба што содржи оптимална комбинација од протеини и корисни масти, како и соја, повеќе овошје и зеленчук, но и да го замените кафето со какао.

Не претерувајте со миење на лицето

Претераното миење на лицето може да има негативен ефект врз вашиот изглед, бидејќи водата ја измива природната заштита на кожата. Затоа, лицето мијте го поретко и бидете внимателни какви производи користите. Обичниот сапун дефинитивно не е соодветен за меката и деликатна кожа на вашето лице, затоа побарајте квалитетен и соодветен производ за таа намена.