Нема производи во вашата кошничка.

Исхрана за трудници

Уште од дамнина, на трудниците им се вели да не внимаваат на исхраната затоа што во бременоста јадат за двајца. Ова се покажало како мит кој сериозно може да го наруши здравјето на жената во пост-породилниот период.

Трудниците не треба да јадат за двајца!

Медицинските стручњаци велат дека бремените жени не треба да конзумираат повеќе храна од вообичаено до шестиот месец од бременоста.

Дури и потоа, не треба да го зголемат вкупниот внес на калории за повеќе од 200.

Од друга страна, важно е да се знае дека сите калории што се внесуваат во организмот не се еднакво важни. Кога ги одбирате прехранбените производи, гледајте да се одлучите за поздравите алтернативи.

На пример, кога се работи за јогурт или пак друг млечен производ, посегнете по обезмастените и витаминизирани производи.

Тие имаат поголем процент на хранливи материи што ѝ се потребни на трудницата: калиум, калциум, диететски влакна, доволно количество јаглехидрати и имуноглобулини – материи што се есенцијални за правилниот развој на плодот.

Ова воопшто не значи дека бремените жени не можат да каснат и „нездрава“ храна кога ќе добијат желба за неа, но препорачливо е истата да не се конзумира почесто од еднаш неделно, за да не дојде до компликации на здравјето по породувањето, како последица од зголемената телесна тежина и покаченото ниво на масти во организмот.

Во раната бременост, диетата на жената не смее да биде осиромашена. Ниту количински, ниту според хранливите материи што се содржани во храната (поточно, мора да постои разновидност).

Доколку се одлучат на рестрикции во исхраната, може да се забави растот на плодот, па дури и да дојде до оштетување на неговиот централен нервен систем.