Нема производи во вашата кошничка.

Исхрана според хороскопскиот знак

Астролошкиот профил на секоја личност ги одредува сите нејзини карактеристики. Едно нешто на кое често се заборава, а е многу важно, е правилната исхрана. Прочитајте како треба да се храните според Вашиот хороскопски знак, за да го одржите оптималното здравје.

Огнени знаци: Овен, лав, стрелец

Огнот владее со внатрешното согорување или варењето на храната. Огнот исто така го прочистува системот преку согорување на токсините, вирусите, бактериите и габите. Огнените знаци полесно се справуваат со болестите. Според конституцијата се природно склони кон висока температура.

Премногу оган

Кога огнените знаци се соочени со престимулација, имаат тенденција кон прегорување. Вишокот оган може да доведе до нетрпение, гнев или физички да се манифестира со хипертензија, проблеми со срцето, чир или воспаленија. За балансирање на оваа состојба, потребна е храна која е студена, влажна и тешка, или пак храна која побавно се вари и е богата со енергија.

Се препорачува: житарки, коренест зеленчук.

Не се препорачува: зачинета храна, црвено месо.

Лек: камилица, маточина, шлемник и валеријана.

Премалку оган

При оваа состојба, се јавуваат потешкотии во справувањето со болестите. Дигестијата и апсорпцијата на храната се несоодветни. Јадете жешка, лесна, сува и ароматична храна. Избегнувајте студена храна.

Се препорачува: лимон, јогурт, кељ, сенф.

Не се препорачува: млечни производи, месо.

Лек: Дигестивни стимуланси, како што се: црвен пипер, сенф, цимет, лук, ѓумбир.

Воздушни знаци: Близнаци, терезија, водолија

Воздухот владее со нервниот и циркулаторните системи и функциите на: движење, уринација и дишење. Луѓето родени во овие знаци лесно се стимулираат, имаат брзи и екстремно чувствителни умови и лесно можат да го загубат балансот.

Премногу воздух

Она што ги мачи воздушните знаци при преголема стимулација се: хиперактивноста, неуморноста, чувствителноста и нервозата, како и сувата кожа, коса и слузокожа. Може да дојде и до несоница и губење на помнењето, но и преоптоварување на целиот систем. Потребно е привремено смирување, со минимална стимулација, за системот да има доволно време да се стабилизира.

Се препорачува: благо обарен зеленчук, јаткасти плодови, нафора.

Не се препорачува: жива храна, житарки, коренести плодови, храна со квасец, рафиниран шеќер.

Лек: ензими кои помагаат при апсорпцијата на хранливите материи.

Премалку воздух

Кога воздушниот елемент е на ниско ниво, се јавуваат потешкотии при протокот на енергијата низ телото. Ослабениот нервен систем има корист од минерали, како што се калциум и магнезиум и циркулаторни стимуланси.

Се препорачува: црвен пипер, лук, ѓумбир, јогурт.

Лек: ангостура.

Водени знаци: Рак, скорпија, риби.

Водените елементи владеат со репродуктивниот и лимфниот сстем, како и телесните течности, вклучително: крв, плунка и лимфа. Водата го подмачкува, прочистува и освежува телото. Водените знаци се исклучително чувствителни на околината, особено на бактерии, габи и вируси. Здравствените проблеми обично им се поврзани со емоциите, затоа што лесно ја собираат негативната енергија од другите. Секогаш мислат дека е пострашно одошто е, а проблемите речиси без исклучок им се циклични.

Премногу вода

Луѓето родени во овие знаци најчесто имаат лоша дигестија, слаба апсорпција и бавен метаболизам. Застојаната вода може да се манифестира како цисти, тумори или отоци, но и како зголемување на телесната тежина. Најдобро можете да се справите со проблемите доколку го забрзате метаболизмот, преку исхрана и зголемување на физичката активност.

Се препорачува: барен зеленчук, грав, овошје.

Не се препорачува: масна храна, млечни производи, слатки, леб и сол.

Лек: мајчина душичка, босилек и жалфија; како и деуретици: магдонос, лук, итн.

Премалку вода

Луѓето со ваква конституција имаат проблем со исфрлањето на токсините од системот и недоволна лубрикација. Најчесто ги мачки вкочанетост, дехидрација и несоница.

Се препорачува: пченица, ориз, овес, млечни производи и природни шеќери.

Не се препорачува: грав и природни деуретици: моркови, целер, зелка и аспарагус.

Лек: мед, овошен сок.

Земјени знаци: Бик, девица, јарец

Земјените елементи владеат со скелетниот и елиминаторните системи. Земјениот елемент е клучен за растот, репродукцијата и поправката на ткивата. Земјените знаци често имаат проблеми со телесната тежина, растот на тумори и неправилното функционирање на жлездите. Прејадувањето и тешката храна создаваат вишок земја, што дополнително се влошува со недоволното вежбање. Овие луѓе најчесто имаат силни и убави заби. Поотпорни се кон настинки и грипови од огнените и воздушните знаци.

Премногу земја

Вишокот земја носи тежина на телото и бавност на системот и тешко справување со инертноста. Дигестијата и метаболизмот се бавни, што ја зголемува густината на ткивата.

Се препорачува: овошни салати, барен зеленчук со зачини, сок, супа, чај.

Не се препорачува: тешка храна.

Лек: лути зачини, како ѓумбир, бибер и црвен пипер.

Премалку земја

Овие луѓе имаат тенденција да си го игнорираат телото и немаат добар инстинкт за тоа што им е потребно. Потребна им е рутина која ќе ги стабилизира и ќе им даде чувство на сигурност. Потребно им е повеќе спиење отколку на другите елементи.

Се препорачува: месо, компири, нерафинирани житарки, коренести плодови, млечни производи, шеќер, масло.

Не се препорачува: овошје и сирова храна.

Лек: алги и минерали, женшен, астрагал.