Нема производи во вашата кошничка.

Како до идеална велигденска атмосфера

Велигден е еден од најубавите верски празници кои се прославуваат во кругот на семејството кој вклучува и разновидна домашна храна.

Велигден е еден од најубавите верски празници

Велигден е еден од најубавите верски празници кои се прославуваат во кругот на семејството кој вклучува и разновидна домашна храна.

Доколку немате инспирација и ви требаат неколку идеи за декорација на домот и вапсување на велигденските јајца, ние подготвивме краток водич за идеален Велигден во вашиот дом.

Декорирајте го домот

Велигденските декорации внесуваат топлина во вашиот дом, а дополнително се и можност да поминете повеќе време со семејството.

Гнезда

Гнездата се незаменлива декорација за Велигден. Нивната изработка е навистина едноставна – купете слама или најдете по дома мали кошнички кои можете да ги искористите како основа за гнездата. Оформете го гнездото и наполнете го со шарени велигденски јајца, или пак со чоколадни јајца.

Велигденска кошничка

За нејзина изработка ќе ви треба голема кошничка, зелена хартија и украси по ваш избор. Исечете ја зелената хартија и ставете ја во кошничката. Украсете со чоколадни зајчиња, пилиња, велигденски јајца или чоколадни јајца. Додадете украсна машна и Велигденската кошничка е готова.

Велигденски венец

Направете венче од разновидни цвеќиња и на него залепете вештачки јајца.

Шарени јајца

Вапсувањето јајца е стара велигденска традиција.

Јајца со светки

Ова е многу едноставна, но преубава декорација. Прво извапсајте ги јајцата во вашите омилени бои и оставете ги убаво да се исушат. Потоа направете мали точки со лепак и одозгора испрскајте со светки. Светките ќе се залепат само таму кај што има лепак.

Мермерни јајца

Измешајте неколку лажици маслиново масло во бојата за јајца. Поради маслото, бојата нема да се нанесе подеднакво и јајцата ќе добијат специфичен мермерен изглед.

Јајца – пилиња

Пилињата се симбол на Велигден и интересно е доколку ги декорирате велигденските јајца со нив. Прво извапсајте ги јајцата жолти. Откако бојата ќе се исуши со моливче нацртајте клунови, очи и крила, и пилињата се подготвени!

Шарени јајца

За оваа декорација ви се потребни различни бои за јајца и селотејп. На некои места на јајцето ставете селотејп и потоа ставете го во боја. Со селотејпот можете да правите секакви форми.

Создадете нови велигденски традиции

Велигденските празници се прекрасна можност да поминете што е можно повеќе време со семејството. Создадете нови традиции согласно вашите желби и потреби и уживајте!