Нема производи во вашата кошничка.

7 видови храна за секси атмосфера

Дали вашиот сексуален живот е здодевен? Можеби сексот едноставно е монотон – или настаните во вашата спална соба се сменети поради стрес и секојдневните обврски.

Решението е многу поедноставно отколку што може да замислите: посилно либидо понекогаш бара промени на исхраната. За да не погодувате што треба да јадете за ноќите кои ги поминувате со партнерот да бидат страсни, ние ви подготвивме кратка листа на храна со која ќе имате секси атмосфера.

Лубеница

Лубеницата е секси летно овошје, во кое треба да уживате што е можно повеќе. Но еве и друга причина: лубеницата содржи цитрулин – амино киселина која има огромен ефект врз либидото. Исто така ги отвора и опушта крвните садови а со тоа ја зголемува желбата за секс.

Ладна лубеница во топла летна ноќ – сега звучи уште повкусно нели?

Уживајте во ова секси летно овошје, во неговиот вкус и она што доаѓа после него.

Авокадо

Ако мислите што да каснете пред да си легнете, помислете на авокадото. Ќе ви помогне да останете будни и да се посветите на една поинтересна активност. Авокадото содржи многу витамин Е, кој помага при лачење на хормоните кој силно влијаат врз нашето либидо.  

Намаз од авокадо …

Не е важно дали ќе го искористите во овошен шејк или пак ќе го изедете само него – резултатот ќе биде пријатен.

Чоколадо

Одлични вести за љубителите на чоколадо: чоколадото може да ве направи среќни на многу начини. Сите знаеме дека чоколадото е крал на сите природни афродизијаци, бидејќи содржи супстанца позната како „хемијата на љубовта“. Во центарот за задоволство, кој се наоѓа во нашиот мозок, оваа супстанца го ослободува допаминот – најголемата количина од овој производ се ослободува за време на оргазам.

Како да го зголемите ефектот- чоколадото дополнително ќе ве расположи. Ако сакате да го зголемите неговиот ефект, ние ви препорачуваме да стопите чоколадо и да го намачкате вашиот партнер со него.

Бадеми

Толку мали, а толку ефективни – бадемите се вистинската храна кога некој сака да ја врати страста. Многумина тврдат дека самата арома ја зголемува страста, а научниците додаваат дека бадемите исто така содржат голема количина на витамин Е, магнезиум и влакна. Сите овие супстанци имаат одличен ефект врз производството на вистинските хормони во телото, што води до зголемено либидо.

Подгответе енергетска бомба - можете да јадете цели бадеми или да ги исецкате и да ги ставите врз чоколадниот десерт за да добиете вистинска еротска бомба.

Лук

Поради неговиот силен мирис, лукот може да биде убиец на еротската атмосфера, но исто така има многу позитивни ефекти. Лукот содржи алицин, кој ја зголемува циркулацијата во органите за секс, а тоа води до возбудување и зголемено либидо.

Не грижете се…

Лукот дефинитивно е вреден да го вклучите во вашата романтична вечера, ако сте загрижени за лошиот здив, погрижете се тој да е термички обработен – бидејќи така нема да има толку интензивен вкус и мирис, за разлика од свежиот лук.

Банана

Бананата не е само овошјето со најсекси форма – туку исто така помага при засилување на оргазмот. Звучи предизвикувачки нели? Бананата содржи калиум кој ги зајакнува мускулите. Сите мускули вклучувајќи ги и оние кое прават контракции за време на оргазмот.

Чили

Дали сакате да ги зачините работите во спалната?

Чилито е вистински избор бидејќи содржи интересни супстанци. Состојките кои ги има во чилито го ослободуваат ендорфинот, тоа е хормонот кој го зајакнува либидото и истовремено ја поттикнува циркулацијата на крвта.

Не претерувајте

Чилито може да го додадете во многу јадења, но внимавајте да не претерате – бидејќи може да ја уништите романтичната атмосфера.