Нема производи во вашата кошничка.

Голем хороскоп за 2017-та

2017-та е на прагот и се надеваме дека 2016 беше одлична година за вас. Што велите – да погледнеме во небото заедно и да откриеме што ќе кажат ѕвездите за вашиот живот во наредната годината? Дали оваа година ќе биде најдобра во вашиот живот? Или пак најлоша? Вечната мудрост е скриена во ѕвездите... Ајде да видиме што ви предвидуваат ѕвездите за 2017 година.

2017-та е на прагот и се надеваме дека 2016 беше одлична година за вас. Ајде да видиме што ви предвидуваат ѕвездите за 2017 година.

Јарец (22. 12. – 20. 1.)

2017 на кратко

Најдобро годишно време: пролет

Среќна боја: жолта

Место кое најмногу ви одговара: во природа

Тајна желба: љубов

Што да очекувате дома?

За жал почнуваме со лоши вести (секако дека ќе следат и добри), но вистинското прашање за вас за 2017 е што да не очекувате дома... Заборавете на романсата и дивите ноќи, затоа што најголем дел од времето ќе поминувате сами. Што да направите? Ако сте сами, излезете и обидете се да најдете некој со кој ќе го поминувате времето, а доколку сте веќе во врска, обидете се да ја зачините со неочекувани настани.

Што да очекувате на работа/во училиште?

Сега следат добрите вести! Ќе бидете полни со позитивна енергија на работа и во училиште, вашето мислење секогаш ќе биде земено предвид, особено кога станува збор за совет или поддршка.

Пари, пари, пари...

Успехот во некој други области од вашиот живот ќе ви донесе и финансиска награда – нема да бидете неверојатно богати, но доволно за да можете да си дозволите некоја инвестиција. Секако дека дел од новото богатство треба да потрошите и на забава!

Подеми & падови

По мрачната зима, очекувајте весела пролет – се ќе оди како што сте планирале и среќата ќе продолжи да ве прати и во текот на летото. Сепак, внимавајте на студените месеци кон крајот на годината – можете да доживеете голем шок кој ќе ви го смени животот (не мора да значи на лошо, може и на подобро.

Најдобри пријатели

Доколку можете да ги ограничите луѓето кои се околу вас и да комуницирате само со земјените знаци (Јарец, Бик, Вага), тогаш животот во 2017 ќе ви биде идеален. Но, бидејќи тоа е невозможно, бидете внимателни, не ги барајте грешките кај другите, и вие грешите некогаш, нели?

Водолија (21. 1. – 18. 2.)

2017 на кратко

Најдобро годишно време: лето

Среќна боја: сина

Место кое најмногу ви одговара: дома

Тајна желба: повеќе сон

Што да очекувате дома?

Во 2017 година во вашиот дома можете да очекувате безброј добри и лоши настани. Од позитивен агол, деновите ќе ви бидат исполнети со голем број возбудливи авантури, но тие ќе ја исцрпат вашата енергија, па многу често ќе се доведете во ситуација да се чувствувате исцрпени. Во тие периоди, не се двоумете да се одморите – вие сте само човек, не сте машина.

Што да очекувате на работа/на училиште?

Кога приватниот живот ќе ви биде одличен, работата/училиштето ќе се движат во надолна линија, и обратно. Ова значи дека во 2017 година најголем предизвик ќе ви биде да балансирате. Изборот е ваш…

Пари, пари, пари...

Без оглед на тоа колку ќе заработите оваа година, никогаш нема да бидат доволно исполнување на сите ваши потреби и скриени желби. Финансиската ситуација нема да ви биде лоша, но ќе трошите многу повеќе од претходно, па може да се случи да се најдете во незавидна ситуација.

Подеми & падови

Добри вести – ќе имате многу подеми. Лоши вести – и падовите ќе бидат многубројни. Почетокот на годината ќе ви биде попроблематичен, но штом дојде летото вашите грижи ќе исчезнат. Уживајте во топлите летни денови, затоа што кога ќе завршат ќе се вратат и некои од вашите грижи.

Најдобри пријатели

Дефинитивно останатите Водолии, но од време на време ќе посакате малку да го смените опкружувањето, па затоа обидете се со Бик, Вака, Јарец.

Риби (19. 2. – 20. 3.)

2017 на кратко

Најдобро годишно време: лето

Среќна боја: зелена

Место кое најмногу ви одговара: далечна егзотична дестинација

Тајна желба: да го смените минатото

Што да очекувате дома?

Доколку сте веќе во сериозна врска, можете да очекувате страсни ноќи. Ако пак сте се уште сами тогаш веројатно ќе имате повеќе партнери. Бидете сигурни дека вашиот дом ќе биде ваш рај во 2017 година.

Што да очекувате на работа/на училиште?

На кој му е потребна работата или училиштето, кога има многу љубов и пријателство. Во 2017 училиштето/работата ќе се движат по надолна линија, па затоа ќе мора да инвестирате малку повеќе од вашата енергија во вториот дел од годината да поправите дел од штетата. За ваша среќа, вие сте доволно паметни за да не мора да вложите многу голем труд за да постигнете нешто. Па така, се ќе биде супер пред да дојде време да речете “Среќна Нова 2018 Година“!

Пари, пари, пари…

Иако работата (или училиштето) нема да ви бидат успешни како порано, вие за чудо нема да се соочите со финансиски проблеми благодарение на неочекуваниот нов извор на приход.

Подеми & падови

Вие навистина ќе уживате во зимските денови, но последиците ќе ги почувствувате со почетокот на пролетта. Сепак следи едно од најдобрите лета во вашиот живот. Есента ќе ви донесе падови, но тоа не е ни важно – сепак е многу далеку…

Најдобри пријатели

Кога станува збор за пријатели од женскиот род, најдобро ќе се согласувате со водените знаци (Рак, Скорпија, Риба), а од мажите ќе се ориентирате кон Бик и Лав.

Овен (21. 3. – 20. 4.)

2017 на кратко

Најдобро годишно време: зима

Среќна боја: бела

Место кое најмногу ви одговара: во друштво на вашето семејство

Тајна желба: да ве почитува некој кому му се воодушевувате

Што да очекувате дома?

Ви следат многу насмевки и по некоја солза, но тоа најчесто ќе бидат солзи радосници. Врската со партнерот ќе ви се продлабочи. Доколку сте сами, има голема можност да се запознаете со некој кој ќе ви го смени животот. Тој/таа веројатно нема да се задржи долго, но кратки романси се некогаш најслатки...

Што да очекувате на работа/на училиште?

Досадно! Не ви претстојат големи промени на ова поле, но ќе имате можност да се фокусирате на она што ве прави среќни. Животот не е само работа/училиште!

Пари, пари, пари...

Во текот на 2017 година, неколку пати ќе се соочите со финансиски проблеми, па затоа почнете веднаш да штедите.

Подеми & падови

Искористете го секој зимски ден, затоа што другите годишни времиња нема да ви бидат толку наклонети. Нема да биде ни премногу страшно, само досадно. Сега е време да се фокусирате на нешто што одамна сте сакале да го направите. Доколку завршите пред да пристигне есента, тогаш крајот на годината позитивно ќе ве изненади.

Најдобри пријатели

На прво место се оние родени во знакот на Стрелец, како и оние во знакот на Рак, но со одредени ограничувања – не откривајте премногу за себе затоа што можете да зажалите. Нема да ве предадат, но може да ве повредат ненамерно. Лавовите и другите Овни ќе ви бидат, исто така, добро друштво.

Бик (21. 4. – 20. 5.)

2017 на кратко

Најдобро годишно време: пролет

Среќна боја: портокалова

Место кое најмногу ви одговара: на топло

Тајна желба: конечно да дадете отказ на работа

Што да очекувате дома?

Оваа година сите членови на вашето семејство ќе почнат да ви помагаат во секојдневните обврски. Иако верувате дека требале порано да почнат, сепак подобро е подоцна отколку никогаш, па затоа бидете благодарни.

Што да очекувате на работа/на училиште

Во последно време не сте баш задоволни од вашата работа, но сега прашањето е дали конечно ќе се одлучите нешто да направите? Никогаш не е касно за промена.

Пари, пари, пари…

Не се чувствувајте депресивно доколку ви недостасуваат пари. Се уште постојат работи кои можете да си ги дозволите. Обидете се да ги пронајдете најдобрите зделки со попуст и да ги намалите месечните сметки.

Подеми & падови

Обидете се да ја поминете зимата најдобро што можете, иако тоа вие најтешкиот период во годината. Пролетта ќе ви донесе многу убави изненадувања. Летото, исто така, ќе ви помине убаво, додека пак есента ќе биде тмурна исто како и времето.

Најдобри пријатели

Сигурно сте направиле нешто добро минатите години, затоа што ќе се согласувате со секој оној со кој ќе ви се вкрстат патиштата. Бидете особено фини кон Вагите и биковите, затоа што со нивна помош ќе ги пронајдете оние работи кои се навистина важни во животот: вистинско пријателство, здравје и општествено одговорна работа.

Близнаци (21. 5. – 20. 6.)

2017 на кратко

Најдобро годишно време: есен

Среќна боја: црвена

Место кое најмногу ви одговара: на работа

Тајна желба: конечно да се ослободите од вашата лоша навика

Што да очекувате дома?

Поголем дел од времето вашето семејство ќе функционира одлично, па затоа доколку нешто лошо се случи веројатно ќе биде резултат на непотребниот стрес кој им го наметнувате на другите членови од семејството. Па затоа, не ги судете другите, и вие грешите нели? Доколку сте сами, искористете ја приликата за љубов веднаш штом ви наиде. Само бидете трпеливи.

Што да очекувате на работа/на училиште?

На кратко: еден успех по друг. На почетокот од следната година, конечно ќе разберете како функционираат работите во вашето училиште/на вашата работа. Затоа, ќе постигнете многу подобри резултати без да се трудите повеќе од вообичаено. За жал, таквата ситуација нема да трае засекогаш, и ќе мора повеќе да се трудите за да го зачувате заслуженото почитување.

Пари, пари, пари...

Месечните приходи, за жал, нема да ви пораснат, па затоа заборавете на далечните патувања, и купете си нешто што можете да си го дозволите, а кое ќе ве направи среќни.

Подеми & падови

Ќе мора да почекате до есен за навистина да почнете да уживате во 2017 година. Претходниот период нема да биде многу лош, меѓутоа сигурно оваа нема да биде година за паметење. Спремете се за неколку предизвици во првата половина од годината, а како што ќе затопли, ви следува многу забава.

Најдобри пријатели

Освен кога станува збор за Близнаци, Вага, Водолија, кои целосно ќе ве разбираат, нема да имате баш среќа во спријателувањето со луѓето родени во друг хороскопски знак. Ова не би требало да ве загрижи, затоа што ви следат многу авантури. Ѕвездите ви предвидуваат мистериозна Скорпија која ќе ви го развесели, а потоа и загорчи животот. Да се надеваме дека доброто ќе надвладее.

Рак (21. 6. – 22. 7.)

2017 на кратко

Најдобро годишно време: лето

Среќна боја: црна

Место кое најмногу ви одговара: секаде освен на работа

Тајна желба: конечно да му се спротивставите на вашето семејство

Што да очекувате дома?

По малку од се – солзи, радост, бес, лутина, досада итн. Можно е да имате проблем со некој член на семејството од спротивниот пол, но доколку успеете да бидете искрени еден кон друг, на крај сепак ќе најдете решение.

Што да очекувате на работа/дома?

Односот со колегите/другарите ќе ви биде одличен, но едно одговорно лице ќе се обиде да ви го загорчи животот. Најдобар начин да се соочите со него е да го игнорирате, да не му покажувате слабост, да не види дека сте повредени, и сам ќе си замине. Во меѓувреме, трудете се колку што можете повеќе да се држите на страна.

Пари, пари, пари...

Во 2017 година може да заработите мало богатство. Станува збор за навистина мало богатство кое ќе ви овозможи да почнете да го работите она кое отсекогаш сте го сонувале.

Подеми & падови

Имајќи предвид дека вие отсекогаш сте го сакале летото, чест ни е да ви соопштиме дека ова лето ќе биде фантастично за вас. Есента ќе се соочите со предизвици кои ќе ви помогнат да пораснете како личност!

Најдобри пријатели

Ќе постои силна привлечност помеѓу вас и оние родени во знакот на Овен, Лав или Водолија. Ова ќе биде подлога за страсна романса или барем добро пријателство. Искористете го стекнатото искуство за постојано да го подобрите односот со вашите пријатели.

Лав (23. 7. – 22. 8.)

2017 на кратко

Најдобро годишно време: есен

Среќна боја: кафеава

Место кое најмногу ви одговара: во кревет

Тајна желба: да запознаете нови пријатели

Што да очекувате дома?

Доколку сте сами, оваа година е идеална за да се обидете да се зближите со некој кому тајно му се воодушевувате веќе подолг период. Доколку сепак се покаже дека тој/таа не е вистинската личност за вас, тогаш барем ќе научите нешто плус за љубовта и врските. Доколку веќе сте во врска, очекувајте продлабочување и зацврстување на истата.

Што да очекувате на работа/на училиште?

Потрудете се повеќе и ќе бидете успешни и на работа и на училиште, доколку пак се ослободите, очекувајте посериозни проблеми кој можат да влијаат и на вашиот приватен живот. Обидете се да останете мотивирани и 2017 ќе има сосема поинаков тек.

Пари, пари, пари...

Првата половина од годината ќе успеете да заштедите пари, па затоа можете да почнете да размислувате за тоа каде и како да ги потрошите во текот на летото.

Подеми & падови

Најголем дел од годината нема да има некои особени подеми или падови, но со почетокот на есента, ќе започне и ново поглавје во вашиот живот – период кој ќе го паметите цел живот.

Најдобри пријатели

Оваа година најдобро ќе се согласувате со Лавовите. Водените знаци, како што се Ракот, Скорпијата, Рибите, многу често ќе бидат околу вас и ќе ви ги разубавуваат деновите. Очекувајте Бик од машки пол да ви одржи важна животна лекција.

Девица (23. 8. – 22. 9.)

2017 на кратко

Најдобро годишно време: зима

Среќна боја: розова

Место кое најмногу ви одговара: во кругот на семејството

Тајна желба: неколку дена само за вас

Што да очекувате дома?

Оваа година ќе владее хармонија помеѓу вас и вашето семејство. Ако сте сами ви следи романса и од вас ќе зависи дали ќе премине во нешто посериозно. Исто така, очекувајте желба да го смените вашиот дом со нов.

Што да очекувате на работа/на училиште?

Исто како и приватниот, така и вашиот професионален живот ќе цвета. Не очекувајте успехот сам да си дојде, сепак ќе треба и вие малку да се потрудите. Можен е пад на енергијата и недостаток од мотивација, но крајниот резултат ќе биде успех!

Пари, пари, пари...

Внимателното финансиско планирање ќе ви овозможи да заштедите пристојна сума на пари кои ќе можете да ги потрошите во текот на летото. Исто така, може да имате среќа во игрите на среќа, но не очекувајте богатство.

Подеми & падови

Во 2017 година ќе преовладуваат подемите, и тоа особено во текот на зимата и летото, додека пак тие неколку падови очекувајте ги на есен и на почетокот на пролетта.

Најдобри пријатели

Оние кои се родени во знакот на Вага и Водолија, ќе ви донесат најмногу среќа во 2017 година. Исто така, ќе се согласувате со речиси сите кои ќе ги сретнете. Бидете повнимателни кога станува збор за односот со други Девици затоа што, како што веќе знаете, вашата цврста волја некогаш предизвикува непотребна тензија во односот со другите.

Вага (23. 9. – 23. 10.)

2017 на кратко

Најдобро годишно време: пролет

Среќна боја: сива

Место кое најмногу ви одговара: во друштво

Тајна желба: да пробате нешто ново

Што да очекувате дома?

Можно е да ви биде невообичаено досадно, а тоа се должи на преголемата зафатеност на сите околу вас. Затоа добро е да почнете да размислувате за ново хоби, на пример нешто креативно…

Што да очекувате на работа/на училиште?

Некако ќе успеете да бидете многу поефикасни, што ќе ви овозможи да поминувате многу порелаксирани денови на работа. Можно е да добиете и нов шеф (или наставник) кој ќе ви се допаѓа многу повеќе од претходниот. Всушност, можете да станете и добри пријатели.

Пари, пари, пари...

Оваа година ве очекува покачување на платата како и можност за финансиска инвестиција која навистина ќе ви се исплати на крај.

Подеми & падови

Зимата ќе биде досадна како и секогаш, но штом ќе почне природата да се буди, ќе се раздвижите и вие! Особено поволни за вас се март и април, како и цело лето. Есента ве очекува потежок период, но таа е далеку, па нема потреба уште од сега да се грижите.

Најдобри пријатели

Луѓето родени во знаците на Вага и Девица се предодредени да ве усреќат во 2017 година, но не им дозволувајте да влијаат премногу на вас. Водените знаци (Рак, Скорпија и Риби) многу ќе ви помогнат на професионално поле.

Скорпија (24. 10. – 22. 11.)

2017 на кратко

Најдобро годишно време: есен

Среќна боја: сребрена

Место кое најмногу ви одговара: во прегратките на саканите

Тајна желба: да ризикувате

Што да очекувате дома?

Оваа година ве очекува експлозија од прекрасни чувства. Ако сте во стабилна врска, постои можност вие и вашиот партнер да го преземете следниот чекор. Оние кои се сами, наскоро ќе запознаете некој.

Што да очекувате на работа на училиште?

Професионалниот живот ќе ви се движи во позитивна насока, без некои драстични промени. Ако сакате да се согласувате со вашиот шеф или наставник, ќе мора да го смените вашето однесување...

Пари, пари, пари…

Повремено може да ви недостасуваат пари, но ништо сериозно. Бидете малку повнимателни кога станува збор за финансиите и се ќе биде во ред.

Подеми & падови

Почетокот на годината ќе ви биде потежок, но веќе до почетокот на летото работите ќе почнат да се движат кон подобро. Есента ќе се чувствувате како да сте најсреќен човек на светот. За жал, крајот на годината ќе ве врати во реалноста, но што е тука е.

Најдобри пријатели

Имате потенцијал да стекнете многу нови пријателства со оние родени во знаците на Близнаци, Вага, Водолија. Обидете се да бидете внимателни, да поминете некое време сами размислувајќи за себе. Ова навистина ќе ви годи.

Стрелец (23. 11. – 21. 12.)

2017 на кратко

Најдобро годишно време: лето

Среќна боја: црвена

Место кое најмногу ви одговара: кога цврсто стоите на свои нозе

Тајна желба: повторно да бидете дете

Што да очекувате дома?

Вашиот дом ќе биде удобно место за живот, иако од време на време можете да очекувате проблеми со повозрасните членови на семејството. Доколку сте се уште сами, веројатно ќе добиете многу внимание од спротивниот пол. Оние во сериозна врска можат да очекуваат многу поголема страст.

Што да очекувате на работа/на училиште?

За оние кои се на училиште, 2017 ќе биде многу успешна година. Вработените исто така можат да се надеваат на позитивна година, но не и унапредување и посериозно покачување на платата…

Пари, пари, пари…

Не трошете многу на почетокот на годината затоа што понатаму ќе имате проблеми со финансиите. Ќе добиете пристојна сума на пари но ќе мора да ги вложите во секојдневните трошоци. Не е лошо да размислите за отворање на штедна книшка.

Подеми & падови

Првите месеци од новата година ќе бидат одлични, но по нив ќе следи период на вообичаен, секојдневен стрес, и на крај повторно многу среќа. Летото ќе биде најдобар период за вас оваа година, додека пак крајот на годината ќе имате потреба од голема поддршка од пријателите и семејството.

Најдобри пријатели

Најдобри пријатели на Стрелецот во 2017 година се луѓе родени во речиси сите хороскопски знаци со исклучок на оние кои се родени во знакот на Рак или Риби. Лавовите и Близнаците ќе ви помогнат да ги поминете тешките моменти, додека Јарците може да ве променат засекогаш!