Нема производи во вашата кошничка.

Хороскопските знаци и ликовите од бајките

Секој човек е единствен и посебен, но многу лица се родени во ист хороскопски знак и имаат слични карактерни особини.  Ова значи дека секој од нас е на некој начин сличен на некоја рок ѕвезда, филмска ѕвезда или некој друг лик кој постои? Дали би сакале да знаете со кој лик од бајките најмногу си личите?

Секој човек е единствен и посебен, но многу лица се родени во ист хороскопски знак и имаат слични карактерни особини.  Ова значи дека секој од нас е на некој начин сличен на некоја рок ѕвезда, филмска ѕвезда или некој друг лик кој постои? Дали би сакале да знаете со кој лик од бајките најмногу си личите?

Овен – Црвенкапа

Кога Црвенкапа среќно трчкаше низ шумата, еден голем лош волк и се појави на патот. Таа не се плашеше, затоа што претходно немаше видено волк и не знаеше дека тоа е страшно животно. Таа беше храбра и сконцентрирана, исто како и оние кои се родени во овој знак...никогаш не се плашат од она што ќе им се најде на патот. Волкот не можеше да ја залаже Црвенкапа со своите зборови и луѓето родени во овој знак ретко паѓаат на ласкање. Овните ги ценат делата не зборовите! Но слично како и на Црвенкапа, им недостасува малку послушност. Признајте, понекогаш навистина имате проблем да ги следите правилата.

Бик- Гуливер

Џуџињата од Лилипут го фатија и заврзаа Гуливер. Тие подоцна сфатија дека тој е всушност многу добар, па затоа го ослободија и го прифатија во своето општество. А за возврат, Гуливер ги бранеше од нивните непријатели. Луѓето родени во овој знак често сакаат да се докажуваат во животот и кога успешно ќе го направат тоа, сметаат дека се луѓе со добро срце. Луѓето родени во овој знак се секогаш подготвени да им помогнат на другите, ја ценат лојалноста и она што им припаѓа на другите. Признајте – исто како и Гуливер вие сакате да патувате, но секогаш сакате да се вратите дома.

Близнаци – Пипи Долгиот Чорап

Пипи беше многу паметно и силно девојче кое може да се грижи за себе – исто како и луѓето родени во овој знак. Пипи немаше никој покрај себе кој може да ја научи за добрите манири, но таа секогаш беше великодушна кон другите, им купуваше слатки и играчки на малите деца со нејзините златни парички – ви звучи познато нели? Близнаците се добродушни и великодушни, но истовремено и многу посебни (на сосема безопасен начин) – исто како и Пипи Долгиот Чорап. Признајте дека исто како и Пипи, вашето расположени оди од крајност во крајност за многу кратко време.

Рак – Снежана

Ја знаете приказната нели? Снежана посегна по сочното овошје и кога ја виде злобната маќеа претворена во стара бабичка како гризнува од јаболкото, таа ја зема другата половина без да се двоуми – истото би го направиле и љубопитните и послушни луѓе родени во овој знак, сакајќи да ја изразат својата послушност и топлина. И слично како што Снежана се разбуди од длабокиот сон откако го изеде отровното јаболко, луѓето родени во овој знак се будат кога се среќни, задоволни или пак заљубени. Признајте, без искрена љубов за вас животот нема смисла.

Лав – Мачорот во чизми

Си било еднаш едно младо момче кој единственото вредно нешто кое го имаше беше една мачка. На почетокот, младото момче не знаеше до кој степен може да ја искористи мачката, која беше наследство од неговиот татко, но за кратко време мачката се претвори во искусен ловџија, а згора на тоа беше и многу итра. Мачката одлучи да го претвори својот сопственик во принц, па така му помогна и му најде богата невеста – ќерката на кралот. Итри како Мачорот во чизми, луѓето родени во овој знак се исто така многу паметни и ја искористуваат секоја можност која им се појавува на патот. Признајте – исто како и Мачорот во чизми, не сте родени да ги следите другите и да се прилагодувате на нивните потреби...вие сте родени лидери.

Девица - Пепелашка

Маќеата на Пепелашка почна да го покажува своето вистинско лице откако започна нејзиниот брак. Таа имаше проблем и не сакаше да ја прифати Пепелашка, бидејќи во споредба со неа нејзините ќерки беа подмолни и дволични. Пепелашка затоа ги вршеше најтешките и највалканите работи во куќата, но и покрај нејзината валкана облека, таа беше најубава во домот. И покрај сите проблеми таа успеа да остане искрена и не го изгуби достоинството, исто како и Девиците. Девиците се убави и однадвор и однатре, но сепак се многу скромни. Признајте – секојдневно работите напорно (можеби и пренапорно) – исто како и Пепелашка.

Вага – Заспаната убавица

Кога кралот и кралицата конечно ја добија ќерката која долго време ја посакуваа, самовилите беа поканети на големата забава. Но злобната самовила не беше поканета, па затоа го проколна детето да потоне во длабок сон откако ќе се прободи на вретеното од  предалото. Но еден принц ја најде заспаната убавица и маѓепсан од нејзината убавина ја бакна и ја разбуди. Заспаната убавица блесна со нејзиниот сјај и убавина – исто како и заљубените Ваги. Признајте – вие ќе се адаптирате на сè, но најпрво мора да бидете среќни и задоволни.

Скорпија – Мачката – крадецот на чевли

Ја знаете приказната нели? Едно утро децата не може да си ги најдат чевлите, бидејќи Мачката ги зема, откако тие не ги ставија на своето место. Потоа децата отидоа во шумата да ги земат  и најдоа бела куќа со црвен покрив и запеаја една песна која се викаше „Мачката – крадецот на чевли“. Ги најдоа чисти и наредени на полица и потоа задоволни се вратија дома. Скорпиите се слични на Мачката – тие знаат како да ги доведат работите во ред. Признајте дека се чувствувате одлично кога луѓето ве слушаат и ги бараат вашите совети.

Стрелец – Петар Пан

Приказната за Петар Пан, момче кое сака секогаш да остане младо е дефинитивно една од најмагичните приказни за растењето, соочувањето со одговорноста и новите искуства. Исто како и јунакот, луѓето родени во овој знак сакаат да останат млади и засекогаш здрави. Стрелците се луѓе со добро срце, секогаш сакаат да им помогнат на другите и ги расположуваат другите со својата позитивна енергија. Вашата порака за светот е слична на оваа на Петар Пан- во секој возрасен човек има дел од нивното палаво детство.

Јарец - Аладин

Кога Аладин беше младо момче тој се заљуби во ќерката на владетелот. Тој ја убеди својата мајка да го посети и да му понуди накит и да го праша дали неговата ќерка може да се омажи за него. Тој се согласи, но под еден услов – само ако Аладин успее за еден ден да го изгради најубавиот замок. Аладин го замоли духот од ламбата да му помогне и утрото замокот навистина постоеше. Исто како и Аладин, луѓето родени во овој знак не се плашат од предизвици и се борат до крај со сета своја сила. Мора да признаете – вие сте послушни и истрајни, но само ако очекувате нешто за возврат.

Водолија - Пинокио

Пинокио беше среќно и палаво дете, секогаш подготвено за нови авантури – исто како и водолиите. Но, кога доаѓа неволја Пинокио сака да го најде најлесниот начин да излезе од неа, па затоа лаже и неговиот нос станува поголем. Тоа е неговата најголема слабост – не може да лаже без да биде забележан. Водолиите се наивни и веруваат дека на овој свет сè е совршено, па затоа другите често ги искористуваат со своите слатки зборови. Признајте – знаете дека другите понекогаш ве искористуваат, но треба да знаете дека вие сте единствените кои може да го спречат тоа.

Риби– Девојчето со кибритчињата

Едно мало девојче беше уморно и му беше многу ладно, па сакаше малку да се одмори. Се скри помеѓу две куќи и ги приближи смрзнатите нозе кон своето тело. Таа ноќ беше многу ладна, но таа не сакаше да оди дома, зошто знаеше дека нејзиниот татко ќе ја истепа, зошто не продала ниту една кутија со кибритчиња. Луѓето кои се родени во знакот на риби најчесто се слични на Девојчето со кибритчињата – исплашени и несигурни. Тие сакаат да ги задоволат другите само за да избегнат секакви конфликти и проблеми. Признајте – рибите се нежни, грижливи и некогаш лабилни, секогаш тивко ја чекаат среќата во животот.