Нема производи во вашата кошничка.

Голем есенски хороскоп за 2019

По безгрижното весело лето, се соочуваме со есен полна предизвици... Но, пред да почнете да се грижите за есенските обврски, прочитајте како навистина ќе изгледа есента за секој хороскопски знак. Којзнае, можеби сепак ве очекува нешто пријатнo.

Јарец (22.12. –  20.1.)

Вашата есен на кратко: дожд, сонце или нешто помеѓу?

Освежувачки сончеви зраци....

Специјални настани

Нема да има многу специјални настани, но оние кои ќе се случат ќе бидат многу пријатни за вас! На почетокот ве очекува нов предизвик кој ќе ви помогне да најдете ново значење на вашиот живот. Пред почетокот на зимата ве очекува непријатно изненадување од личност која е многу важна за вас.

Специјални луѓе

Добро е тоа што ќе има голем број на луѓе околу вас кој ќе ви бидат од посебно значење. Сепак, некои од нив негативно ќе влијаат на вашиот живот, но вие не треба да се грижите многу за тоа, затоа што сепак не можете да ги спречите да се однесуваат онака како им прилега. Поминувајте што е можно време во друштво на земјени знаци (Јарец, Бик, Девица).

Дали есенските дождови ќе донесат љубов во вашиот живот?

Пролетта и есента се сметаат за најдобри годишни времиња за романтични авантури, но не и за вас – вашето срце наједноставно се затоплува во текот на студените есенски и зимски денови. Доколку во моментов сте во сериозна врска, очекувајте уште поголемо зближување со вашиот партнер. Доколку сте сами, оваа есен ќе биде одлична можност за вас тоа да го смените, затоа што една многу привлечна личност ќе влезе во вашиот живот.

Пари и деловен успех

На кој му требаат пари кога има многу љубов? Ако се уште не верувате во ова, време е да почнете затоа што оваа есен не ве очекува финансиски прогрес. Секако дека постои опцијата да заштедите доколку живеете малку поскромно.

Водолија (21.1. –  18.2.)

Вашата есен на кратко: дожд, сонце или нешто помеѓу?

Многу сонце!

Специјални настани

Посебен настан ви се има случено претходните месеци, и од него ќе произлезат уште многу пријатни моменти во иднина. Вашата реакција зависи само од вас – можете да ги прифатите такви какви што се или пак можете да ги претворите во најважното нешто во вашиот живот и со тоа значително да го промените вашето секојдневие.

Специјални луѓе

Овој период нема да има многу вакви луѓе, но и тие неколкумина ќе внесат нешто ново во вашето секојдневие. Доколку сте подготвени да пробате нешто ново, очекувајте многу авантури во нивно друштво. Ќе се чувствувате одлично во друштво на водени знаци (Рак, Скорпија и Риби), а непријатно покрај огнени знаци (Овен, Лав, Стрелец).

Дали есенските дождови ќе донесат љубов во вашиот живот?

Вашите пријатели ќе донесат нов свежина и позитивна енергија во вашиот живот. Исто така, ќе запознаете и многу нови луѓе, кои многу брзо ќе станат важен дел од вашиот живот. Доколку сте во врска, очекувајте одличен однос со вашиот партнер, а пак ако сте сами, ви следи нова романса која нема да премине во ништо сериозно доколку не ги преземете работите во ваши раце.

Пари и деловен успех

Оваа есен ви следуваат дополнителни пари кои ќе бидат доволни да ви овозможат моменти на уживање со луѓето кои ги сакате. Обидете се да заштедите затоа што зимата која следи ќе биде потешка за вас.

Риби (19.2. – 20.3.)

Вашата есен на кратко: дожд, сонце или нешто помеѓу?

Кој би рекол дека есента може да биде толку сончева?

Специјални настани 

Вашиот секојдневен живот е одличен, па затоа не треба да ве разочара што есенва не ве очекуваат големи бурни настани. Ноември ќе биде веројатно најдобриот месец за вас, па затоа максимално искористете го

Специјални луѓе

Оној кој најмногу ќе ви значи е всушност истата личност со која ги делите специјалните моменти во вашиот живот – вашиот партнер, родител или најдобар пријател. Одлично ќе се согласувате со воздушни знаци, особено со Водолиите, кои постојано ќе ве развеселуваат со нивната позитивна енергија. Плашете се од Ваги и Девици, кои, ненамерно, постојано ќе ве вознемируваат со непотребни совети.

Дали есенските дождови ќе донесат љубов во вашиот живот?

Оваа есен љубовта ќе ја чувствувате на многу места, вклучувајќи го и креветот J Доколку сте сами, ова значи освежувачка свежина по неколку досадни месеци. Оние кои се во врска, може да очекуваат истата да се продлабочи, и емоционално и физички.

Пари и деловен успех

Можете да очекувате деловен успех (доколку ги искористите сите можности), но тоа не значи и ногу поголем приход. Како е тоа возможно? Едноставно, вие многу брзо ќе ги потрошите сите пари на работи кои ќе ви го олеснат секојдневниот живот.

Овен (21.3. – 20.4.)

Вашата есен на кратко: дожд, сонце или нешто помеѓу?

Мора да има и дожд...

Специјални настани

Кон средината на есента еден многу важен настан ќе го смени вашиот живот – на почетокот нема да ви се допаѓа, но по некое време, ќе го прифатите и ќе станете поголем човек. Вашиот приватен живот ќе биде исполнет со посебни мали настани, но работата ќе ви биде досадна. Но, некогаш и тоа може да биде добро, нели?

Специјални луѓе

Жена која не ја познавате добро ќе донесе голема промена во вашиот живот – вашето заедничко искуство може да биде причина за вие две да станете добри пријателки. Генерално, ќе се согласувате добро со други огнени знаци (Овен, Лав и Јарец), а проблем ќе имате во односите со водените знаци (Јарец, Скорпија и Риби) затоа што тие ќе ја користат секоја можност за да ве критикуваат. Можеби треба едноставно да ги игнорирате и своето време да го трошите со луѓе кои позитивно влијаат на вашиот живот.

Дали есенските дождови ќе донесат љубов во вашиот живот?

За жал не многу. можете да очекувате мали тестови. Доколку сте во посериозна врска, внимавајте да не направите нешто за кое во иднина ќе се каете. Ако сте сами, почекајте да дојде зимата и тогаш почнете да запознавате нови луѓе кои би можело да станат важен дел од вашиот живот.

Пари и деловен успех

Вашата финансиска ситуација ќе остане иста како и досега. Доколку посакувате да постигнете голем деловен успех, работете и резултатите ќе дојдат за неколку месеци.

Бик (21.4. – 20.5.)

Вашата есен на кратко: дожд, сонце или нешто помеѓу?

Многу сонце со повремени силни дождови...

Специјални настани

Еден неочекуван настан ќе ве стави пред многу предизвици. Вие не можете да го спречите, па затоа не ја трошете енергијата на него. По дождот доаѓа сонце! Последните недели од есента ќе бидат прекрасни и се ќе се одвива како што сте планирале. Единствено треба да внимавате да не правите работи за кои се потребни вештини кои вие ги немате.

Специјални луѓе

Оваа есен особено ќе уживате во друштвото на други родени во знакот на Бик. Добар однос ќе имате и со оние родени во знаците на Девица и Јарец, а чувајте се од Водолии, кои постојано ќе ве вознемируваат со неразумни барања.

Дали есенските дождови ќе донесат љубов во вашиот живот?

Иако во врската може да имате и неколку конфликти, одлично ќе се согласувате со семејството и пријателите кои ќе ве поддржат во се што правите. Доколку сте сами не очекувајте набрзо тоа да се смени. Ќе имате неколку можности да запознаете нови луѓе, но можностите тие врски да преминат во нешто сериозно се многу мали.

Пари и деловен успех

Не се грижете за пари, целиот вложен труд конечно ќе се исплати и можете да очекувате финансиска награда. Оние со кои работите ќе ве почитуваат уште . Сепак, не дозволувајте деловниот успех да ве одвои од семејството затоа што тоа може да доведе до неможност да се фокусирате на работата и можно е да направите сериозна грешка која многу ќе ве чини.

Близнаци (21.5. – 20.6.)

Вашата есен на кратко: дожд, сонце или нешто помеѓу?

Ве очекува најтоплата есен досега...

Специјални настани

Почетокот на есента ќе ви се случуваат многу работи, и за жал, многу од нив нема да ве направат среќни. Но не грижете се – по тешкиот септември и досадниот почеток на октомври, ќе ви се случи неверојатен настан кој ќе го смени вашиот живот засекогаш! Потоа, ќе ви следат многу пријатни моменти, особено во друштво на најблиските. Кога есента ќе заврши, ќе се погледнете наназад и ќе признаете дека ова било еден од најпријатните периоди во вашиот живот.

Специјални луѓе

Одлично ќе се согласувате со оние кои се родени во знакот на Водолија и Риби, но ќе имате проблем со другите знаци. Внимавајте на односот со огнените знаци, како што се Овен, Лав, Јарец, затоа што тие ќе имаат негативно влијание на вашиот живот. Непозната жена родена во знакот на Рак ќе ве изненади кон крајот на есента и ќе ви покаже дека можете да го живеете животот на поинаков начин.

Дали есенските дождови ќе донесат љубов во вашиот живот?

Пријателите и семејството ќе ви покажат многу љубов, што ќе ве направи навистина среќни. Но, кога станува збор за романтична љубов или секс, тоа ќе се случува многу поретко.

Пари и деловен успех?

Тоа зависи од вас... Прекрасна финансиска можност ќе ви се појави некаде кон средината на есента, но прашањето е дали ќе ја искористите? Доколку не внимавате можно е да ја пропуштите. Ако сте изморени од секојдневните обврски, нема да имате енергија да се справите со предизвикот. Но, доколку се се одвива како што треба, можете многу да ја подобрите вашата финансиска ситуација.

Рак (21.6. – 22.7.)

Вашата есен на кратко: дожд, сонце или нешто помеѓу?

Не многу дожд, не многу сонце, туку разнобојно виножито од различни искуства...

Специјални настани

Првите неколку недели од есента ќе бидат фантастични за вас, па затоа добро искористете ги! Потоа ве очекува малку подосаден период, а во ноември подгответе се за поголеми предизвици. Вашата погрешна реакција може да ви предизвика проблеми во животот. Но, ако ги прифатите и ако се обидете да научите колку можете од нив, тие ќе претставуваат вредно искуство од кое можете многу да научите.

Специјални луѓе

Добро ќе се согласувате со најголем дел од луѓето во вашиот живот, единствено водените знаци (други родени во знакот на Рак, Скорпија или Риби) можат да ви причинат непријатности. Особено женските Скорпии ќе ја искористат секоја можност за да ви создадат проблеми. Ваше е да ја насочите енергијата кон оние кои сакаат да поминуваат време со вас – како на пример кон лице родено во знакот на Лав кое ќе ви покаже дека животот е убав и во непријатните моменти.

Дали есенските дождови ќе донесат љубов во вашиот живот?

Доколку сте веќе во врска ве очекуваат многу убави моменти со вашиот партнер. Ќе се чувствувате како одново да ја почнувате вашата врска. Доколку сте сами, за жал не очекувајте поголеми промени во љубовниот живот. Ќе добивате романтично внимание, но не од оние кои ве привлекуваат.

Пари и деловен успех

Ви претстојат помали финансиски проблеми кои без сомнение ќе бидат последица на вашиот висок стил на живот во текот на летото. Сепак со малку повнимателно планирање и штедење, ќе успеете да ги надминете проблемите. За да го подобриме вашето расположение: вашата финансиска ситуација изгледа многу попријатна во иднина – доколку денес почнете да вложувате во неа.

Лав (23.7. – 22.8.)

Вашата есен на кратко: дожд, сонце или нешто помеѓу?

Кој би помислил дека есента би можела да донесе и големи летни бури?

Специјални настани

Есента ќе ви биде исполнета со специјални авантури – вие сте многу добри во нивно создавање! Единствен проблем е што може да се фокусирате премногу на вашите авантури и да ги запоставите вашите пријатели и семејството. Ова може да биде причина за некои полоши периоди, но од нив ќе излезете речиси неповредени – доколку реагирате на конструктивен начин!

Специјални луѓе

Заедно со есента во вашиот живот ќе влезат и многу нови луѓе со кои ќе делите многу убави моменти. Особено ќе уживате во друштвото на земјените знаци (Бик, Вага и Јарец) затоа што тие ќе бидат отворени за вашите предлози. Можно е да се чувствувате загрозени во друштво на други Лавови, но тоа не е невообичаено за вас затоа што и тие се силни личности исто како вас.

Дали есенските дождови ќе донесат љубов во вашиот живот?

Особено таква љубов поради која ќе останете будни цела ноќ во прегратката на човекот кој го сакате... Ако сте во сериозна врска, ова значи многу страсни моменти со вашиот партнер, а ако сте сами, очекувајте неколку кратки ама слатки афери J Иако се смета дека сексот е најдобар во текот на летото, за вас тоа ќе биде оваа есен.

Пари и деловен успех

На почетокот на есента ќе се фокусирате на приватниот живот, што може да биде причина за грешки на работа и финансиски проблеми. За среќа проблемите брзо ќе се решат и од нив ќе произлезе прекрасна можност за голема заработка во иднина.

Девица (23.8. – 22.9.)

Вашата есен на кратко: дожд, сонце или нешто помеѓу?

Најмногу магла

Специјални настани

Есента ќе ви донесе многу настани – толку многу што ќе ви биде тешко да се соочите со сите нив. Најголем дел ќе бидат позитивни, но вие нема да можете да уживате во нив поради тоа што ќе бидете збунети и изморени. Кон крајот на есента ве очекува нешто посебно – нешто кое ќе го помните целиот ва живот.

Специјални луѓе

Ќе се согласувате навистина добро и со други хороскопски знаци, со исклучок на лица родени во знакот на Девица кои ќе ви создаваат непријатности поради нивните лоши навики – лоши навики кои се за жал и ваша карактеристика. Ракот ќе биде особено добар со вас, па затоа не пропуштајте ниедна можност да поминете време во негово друштво. Многу близок член на вашето семејство ќе ве изненади со новости кои можат значително да влијаат и на вашиот живот.

Дали есенските дождови ќе донесат љубов во вашиот живот?

Да, меѓутоа доколку сте веќе во врска само ќе се збуните затоа што љубовта нема да дојде од вашиот партнер туку од привлечен странец кој веќе подолго време тајно ви се воодушевува. Доколку сте се уште сами, зграбете ја секоја можност за романса затоа што нема да бидат многу

Пари и деловен успех

Ве очекуваат многу можности за деловен успех, но за жал, голем број од нив ќе пропуштите поради големиот број на обврски кои ги имате. Кон крајот на есента ве очекува најголемата шанса, па затоа внимавајте доколку сакате конечно вашата кариера да ја пренесете на следното скалило.

Вага (23.9. – 23.10.)

Вашата есен на кратко: дожд, сонце или нешто помеѓу?

Многу темни облаци, но без дожд

Специјални настани

Кај вас се ќе се одвива како што сте планирале, со исклучок на еден настан кој ќе биде многу непријатен за вас. Сепак, имаме и добри вести: затоа што непријатноста ќе биде по ваша вина, вие ќе можете да ја спречите со тоа што ќе го прилагодите вашиот живот на моменталната ситуација.

Специјални луѓе

Есента ќе биде одлична за врските со саканите кои се родени во огнени знаци (Овен, Лав, Јарец ). Ќе имате и можност да запознаете нови пријатели и да поминете незаборавни моменти со лица родени во знаците на Рак, Скорпија или Риби. Водолиите може да ви прават проблеми повремено затоа што од вас ќе очекуваат нешто што не сте во можност да им го обезбедите во моментот

Дали есенските дождови ќе донесат љубов во вашиот живот?

Иако многу често ќе ја бркате љубовта од вас со вашето непријатно однесување, сепак ќе ја чувствувате од оние кои ви се блиски и кои знаат колку сте добри длабоко во вас. Ако сте во сериозна врска, гледајте секој слободен момент да го инвестирате во неа за да спречите непотребни конфликти. Доколку сте сами, ќе мора активно да почнете да барате потенцијален партнер доколку сакате да ги поминете студените есенски денови во нечија прегратка.

Пари и деловен успех

Секојдневните трошоци неочекувано ќе ви се зголемат, но вие ќе најдете начин како да продолжите со истиот начин на живот. Ќе очекувате голем успех во работата, а ќе постигнете многу малку. Причина која треба да ја земете предвид е недостатокот од мотивација.

Скорпија (24.10. – 22.11.)

Вашата есен на кратко: дожд, сонце или нешто помеѓу?

Многу сонце отколку што имавте во текот на летото

Специјални настани

Почетокот на есента ќе го одбележи многу значаен позитивен настан за вас, а тоа враќањето на некоја важна личност во вашиот живот. Во текот на целиот есенски период ќе уживате во голем број на мали авантури и пријатни денови. Уживајте додека можете затоа што зимата ќе биде малку посурова!

Специјални луѓе

Многу лесно влегувате во конфликт со други Скорпии, но оваа есен ќе уживате во нивното друштво. Познаник роден во воден знак ќе ве изненади и ќе ви понуди помош тогаш кога најмногу ќе ви биде потребна – и нема да очекува ништо за возврат! Плашете се од лицата родени во знакот на Бик кои ќе имаат многу негативно влијание на вас.

Дали есенските дождови ќе донесат љубов во вашиот живот?

Се ќе се одвива како што е планирано, веројатно затоа што веќе сте научиле од грешките дека љубовта бара многу време и труд. Доколку сте сами, можеби ќе запознаете некого во текот на есента, но крајниот резултат зависи најмногу од вашето однесување и првиот впечаток кој ќе го оставите. Оние кои се во посериозна врска можат да очекуваат задлабочување на љубовта и одличен секс!

Пари и деловен успех

Иако претходните неколку месеци не сте вложиле многу труд во работата, ве очекува можност за промена на работното место. Доколку го прифатите, можно е да заработувате многу , но исто така, ќе мора и да работите многу од она на кое сте навикнати. Се има своја цена, нели?

Стрелец (23.11. – 21.12.)

Вашата есен на кратко: дожд, сонце или нешто помеѓу?

По дождот доаѓа сонце, но по сонцето има повторно дожд...

Специјални настани

Следните неколку месеци ќе ви бидат многу бурни, некои настани ќе бидат пријатн, а други не. Но, не грижете се, затоа што се ќе помине брзо, а вие ќе бидете посилни од претходно. Најдоброто очекувајте го кон средината на есента, а најлошото кон крајот на ноември.

Специјални луѓе

Најголема среќа во вашиот живот ќе донесат други родени во знакот на Јарец, како и оние родени во останатите два огнени знаци, Овен и Лав. Непријатни за комуникација ќе ви бидат лицата родени во знаците на Бик и Близнаци.

Дали есенските дождови ќе донесат љубов во вашиот живот?

Во љубовта очекувајте многу подеми и падови. Силна страна од врската ќе ви биде физичката, а проблеми ќе се јават кога станува збор за заедничко извршување на секојдневните обврски. Вашата конструктивна реакција на критиките од партнерот многу ќе придонесе за вашиот позитивен однос во иднина.

Пари и деловен успех

Почетокот на есента ќе биде многу пријатен за вас, но токму пред да ги соберете плодовите од вашиот успех, работите ќе тргнат надолу, па затоа не очекувајте некој поголем финансиски напредок. Исто така, постои и можност конечно да го направите тој голем чекор во форма на важна инвестиција, но веројатно ќе треба да почекате да дојде зимата, (или дури и пролетта 2020) за сето тоа да се реализира.