Нема производи во вашата кошничка.

Едноставни правила за подобар брак

Постојат едноставни правила кои двојките што имаат среќен брак ги следат. Иако се чини дека се лесни за следење, на многумина им претставуваат вистинска потешкотија. Прочитајте ги правилата и (доколку веќе не ги практикувате) не се обидувајте да ги спроведете сите одеднаш. Одете правило по правило.

Постојат едноставни правила кои ќе овозможат хармонија во бракот

Иако се чини дека се лесни за следење, на многумина им претставуваат вистинска потешкотија. Прочитајте ги правилата и (доколку веќе не ги практикувате) не се обидувајте да ги спроведете сите одеднаш. Одете правило по правило.

1. Комуницирајте на секој можен начин

Заедништвото и пријателството се она на што се темелат сите успешни врски. Ако имате чувство дека партнерот ја нема предвид Вашата благосостојба, тогаш тешко дека ќе се посветите на долг рок.

2. Однесувајте се на начин на кој нема да го засрамите партнерот доколку е крај Вас

Можеби чувствувате дека Ви е потребно малку внимание или безначаен флерт, но помислете како ќе се чувствува Вашиот партнер доколку е крај Вас во тој миг и прилагодете го однесувањето според тие параметри.

3. Бидете добри

Лесно е да бидете намуртени или намерно да го иритирате партнерот, особено кога долго време сте со некого. Но, без разлика колку време сте заедно, тој човек повторно ќе реагира позитивно доколку покажете добрина кон него.

4. Размислувајте надвор од рамките

Престанете да го следите патот на Вашите родители. Она што функционирало за некој друг не мора да значи дека ќе функционира и за Вас. Бракот е само Ваш и затоа самите треба да си го напишете сценариото.

5. Правете по едно нешто секој ден, што посакувате партнерот да го направи за Вас

Посакувате да добиете цвеќиња од партнерот и се прашувате зошто одамна не сте ги добиле? А кога последен пат Вие сте му испратиле цвеќиња или сте го изненадиле со убав подарок?

6. Спалната соба нека остане место за интимност

Клучот на секој брак е интимноста. Без разлика со каков проблем сте соочени, доколку имате партнер до кого можете да легнете и да ја почувствувате топлината, проблемот може да биде надминат.

7. Зборувајте за проблемите, но не премногу

Разговарањето служи како издувен вентил и помага во намалувањето на стресот. Но, доколку не постои јасно зацртана цел или план, не го продолжувајте разговорот понатаму, затоа што така нема да го решите проблемот.

8. Допирајте се секој ден

Нема ништо поважно од допирот. Не мора да биде долг, во јавност или пак сексуален, но физичкиот контакт мора да се одржува, за да се поткрепи заедништвото.