Нема производи во вашата кошничка.

Децата и хигиената во време на грип

Во овој период кога сме екстремно внимателни кога станува збор за вируси и бактерии, посебно внимание мора да се обрати на една од покревките старосни категории - односно нашите деца. На што точно треба да внимавате и кои мерки на претпазливост можете да ги примените, прочитајте подолу...

Редовно миење на рацете

Научете ги децата често да ги мијат рацете. Бидејќи децата честопати ги допираат устата и лицето, родителите треба да бидат сигурни дека рацете на нивните деца се мијат со сапун и вода за да ги отстранат микробите пред јадење, после употреба на бањата и после излегување надвор од домот. Децата тешко ја здобиваат оваа навика и затоа морате постојано да им повторувате. Бидете трпеливи и не ги карајте, туку поучувајте ги постојано.

Физичка активност

Доколку времето надвор дозволува, тогаш прошетка, возење велосипед или качување по планина е препорачливо. Умереното вежбање го зајакнува имунитетот. Студиите покажаа физичката активност може да помогне во намалувањето на симптомите од настинка и грип.

Многу сон

На децата им треба помеѓу 9 и 14 часа спиење на ден во зависност од нивната возраст. Лишувањето од сон може да го ослабне имунолошкиот систем и да го зголеми ризикот од заболување.

Добро балансирана храна

Обезбедете оброци со многу овошје и зеленчук за да го зајакнете имуниот систем на децата. Бирајте храна богата со витамин Ц и витамин Д и избегнувајте храна богата со адитиви, конзерванси и шеќери. Доколку децата одбиваат да го конзумираат овошјето свежо, тогаш смутиња и шејкови се одлична идеа.

Намалување на стресот

Зголемените стрес хормони можат да доведат до намален имунитет. Дајте им на децата одредена креативна игра која ќе им помогне во намалувањето на нивото на стрес. Особено внимавајте да не ги исплашите со разговори за болести и зарази. Децата се многу почувствителни од возрасните и не можат да ги разберат точно сите информации.

Редовно чистете го домот

Секојдневно чистење и дезинфекција е задолжителна. Откако ќе исчистите со правосмукалка, препорачливо е да го поминете подот и со парочистач.

Дезинфекција на играчките

Научете ги децата да не ги споделуваат никогаш сламките и чашите, капите и марамите или било што кое доаѓа во контакт со нивната усна и лице. Играчките кои ги користат мора да се дезинфицираат со пареа доколку ги изнесуваат надвор од домот.