Нема производи во вашата кошничка.

Дали Вашата исхрана е добра за кожата

Она што го јадете не влијае само врз телесната тежина. Храната е суштествена за здравјето на сите органи, вклучително и на најголемиот – кожата.

Храната што ја внесувате, не влијае само на телесната тежина

Храната е суштествена за здравјето на сите органи, вклучително и на најголемиот – кожата. Еве што велат врвните светски дерматолози за различните видови исхрана и влијанието врз квалитетот и здравјето на кожата.

1. Медитеранска

Основите на медитеранската исхрана се рибите, зеленчукот, маслиновото масло и овошјето. Тоа ја прави оваа исхрана одлична за срцето, за струкот, но и за кожата. Со медитеранската исхрана го намалувате ризикот од меланома, најсмртоносната форма на рак на кожата.

Од козметички аспект, омега-3 масните киселини од рибите ги одржуваат клеточните мембрани во кожата цврсти и еластични.

Антиоксидансите во зеленчукот и маслиновото масло можат да Ве заштитат од ултравиолетовата светлина и другите атмосферски влијанија што можат да ги разградат колагенот и еластинот, структурните елементи што ја одржуваат кожата еластична и мазна.

Резултатот е помалку висната кожа и помалку набори подоцна во животот.

2. Вегетеријанска / веганска

Без разлика дали не јадете месо од здравствени, етички или двете, веројатно јадете далеку повеќе свежи прехранбени производи и интегрални житарки, што е одлична вест за Вашата кожа.

Антиоксидансите во овие прехранбени производи ги неутрализираат слободните радикали кои придонесуваат за појава на набори, кафеави точки и други знаци на стареење.

3. Многу протеини, малку јаглехидрати

Намалувањето на белиот леб, тестенините и рафинираниот шеќер за да ја намалите телесната тежина може да Ви помогне да ги намалите и исфрлањата на кожата.

Додавањето на свежите растителни производи и белото месо ќе го зголемат присуството на антиоксиданси, цинк и протеини што учествуваат во оформувањето на колагенот.

Но, доколку протеинската исхрана се базира главно на месо, внимавајте на холестеролот. Доколку нивото значително се покачи, тоа ќе резултира со зголемено создавање на слободни радикали, што може да доведе до прерана смрт на кожните клетки, што пак води до виснување на кожата.

4. Нискомасна

Намалувањето на заситените масти (црвено месо и полномасно млеко) е одлично за струкот, но може да помогне и за подобрување на здравјето на кожата. Но, на Вашата кожа сепак ѝ се потребни масти, особено корисниот вид масти, кои се наоѓаат во јаткастите плодови и маслиновото масло.

Мастите му помагаат на организмот да ги впие антиоксидансите и витамините што се раствораат во масти, а и ги засилува клеточните мембрани во кожата.

Барем 20 проценти од калориите што ги внесувате треба да бидат од масти, главно незаситени.