6 бесплатни подароци што жените ги обожуваат
Немате идеја што да ѝ купите на својата партнерка? Или можеби буџетот ви е малку истенчен и не можете да го купите тоа што сте го наумиле? Тогаш, подарете ѝ подарок што нема да ве чини ниту денар, а таа просто ќе го обожава.
Немате идеја што да ѝ купите на својата партнерка?
Или можеби буџетот ви е малку истенчен и не можете да го купите тоа што сте го наумиле? Тогаш, подарете ѝ подарок што нема да ве чини ниту денар, а таа просто ќе го обожава.
Добар сон
Таа е изморена, нерасположена, има премногу обврски и полека тоа започнува да се познава и по изгледот. Пред сосема да се исцрпи, изненадете ја еден ден и кажете ѝ дека ќе ги завршите сите обврски кои ги имала планирано и оставете ја да се наспие.
Масажа
Носењето кеси од продавница може да предизвика силни болки во грбот. Дури и ако таа нема никакви проблеми со грбот, убавата масажа е нешто за што ќе ви биде особено благодарна.
Вечер без готвење
За готвење е потребно планирање и внимателно извршување на замисленото. Ако успеете да ги наместите коцките така што таа нема да мора да го мине денот во кујната, тоа може да биде исклучително промислен и сладок подарок.
Ден без миење садови
Измијте ги садовите или ставете ги во машината за миење садови, без таа да дознае. Кога ќе види дека сте ја ослободиле од една од најмачните обврски, сигурно ќе ви долета в прегратки.
Долга прошетка
Долгите прошетки со партнерот можат да бидат многу поинтимни отколку романтична вечера со свеќи. Не само што се бесплатни, туку се и забавни, а воедно и одличен начин да повежбате.
Подарете ѝ го далечинскиот управувач
Не се откажувајте од контролата на најсветиот предмет во машкиот свет засекогаш. Едноставно предајте го далечинскиот управувач на една вечер. Не презборувајте за ништо поврзано со малите копчиња што го контролираат телевизорот. Дури и ако таа пушти некое одвратно реално шоу, оставете ја – тоа е нејзина вечер!