Нема производи во вашата кошничка.

Белење на заби

Еден од најважните детали за самодовербата и убавината е блескавата насмевка. Многумина се решаваат да ја сокријат својата насмевка поради тоа што забите им стануваат сѐ пожолти, поради одредени животни навики...

СЕКОЈДНЕВНИ ПРОИЗВОДИ ШТО ЌЕ ВИ ГИ ОБЕЛАТ ЗАБИТЕ

Еден од најважните детали за самодовербата и убавината е блескавата насмевка. Многумина се решаваат да ја сокријат својата насмевка поради тоа што забите им стануваат сѐ пожолти, поради одредени животни навики (кафе, цигари, нездрава храна). Со овие секојдневни производи ќе можете да го започнете процесот на избелување на забите и да си ја повратите насмевката.

1. Млечни производи

Млечната киселина делува благопријатно во спречувањето на болестите на непцата и на избелувањето на забите. Дополнително, во млечните производи има големо количество калциум и витамин Д кои ги зајакнуваат забите и коските од вилиците.

2. Јагоди

Во јагодите има ензим кој го содржат и поголем дел од пастите кои имаат ефект на белење на забите. За постигнување најдобар ефект со јагодите, со парчиња јагода треба да ги истриете забите и непцата.

Во овој вид овошје има големо количество растителни влакна кои помагаат во чистење на бактериите од усната празнина.

3. Лимонова киселина

Киселите јужни овошја, а особено лимоните, имаат голема концентрација на лимонска киселина. Таа значително помага во избелување на забите. Лимоновиот сок може да се измеша со сол и со растворот да се исчеткаат забите.

Но внимателно! Не се препорачува користење на овој раствор повеќе од два пати месечно, зашто може да ја оштети глеѓта.

4. Сода бикарбона

За овој производ за избелување на забите знаеме и од традицијата и тој навистина функционира. Но, мора да се внимава, зашто исто како и лимонската киселина, сода бикарбоната може да ја оштети глеѓта.

5. Јаболка и моркови

Овошјата богати со витамин Ц помагаат при лечење на инфекциите на непцата. Јаболката и морковите се тврди и поради тоа дополнително влијаат и за спречување на создавањето забен камен. Најдобро за нив е тоа што ги има во текот на целата година, а и цените им се достапни.