Нема производи во вашата кошничка.

Бебињата учат подобро кога се седнати

Најголем дел од бебињата сами се исправуваат помеѓу 4 и 7 месечна возраст. Оваа граница има значителен ефект на нивниот ментален развој. Овозможувајќи му на вашето бебе да седи, само или пак потпрено во бебешко столче, вие му овозможувате да учи многу побрзо отколку во лежечка положба.

Најголем дел од бебињата сами се исправуваат помеѓу 4 и 7 месечна возраст.

Оваа граница има значителен ефект на нивниот ментален развој. Овозможувајќи му на вашето бебе да седи, само или пак потпрено во бебешко столче, вие му овозможувате да учи многу побрзо отколку во лежечка положба. Во една студија која беше направена на тема: „Психолошкиот развој на бебињата“, беа разгледани начините на кои бебињата учат да ги разликуваат предметите во нивното опкружување. Откако бебињата ќе стекнат способност да ги разликуваат предметите, се отвараат бројни нови можности за истражување. Клучен чекор во развојот претставува способноста за шаблонско разликување на предметите, како што е на пример разликувањето на топка со точки од топка со линии. Во студијата, истражувачите од неколку универзитети испитувале како бебиња на возраст од 5 и 6 месеци користат шаблони за разликување предмети. На почетокот од студијата бебињата не користеле шаблони. Со тек на време, бебињата на шестмесечна возраст започнале да ги разликуваат топките со точки и со линии. Бебињата на помала возраст учеле многу побавно. Истражувачите сметале дека тоа се должи на фактот што бебињата на петмесечна возраст потешко успевале да седнат. Според тоа, рацете не им биле слободни за допирање, испитување и принесување до устата, за детално да ги испитаат. Исто така, фактот што постарите бебиња не морале да се фокусираат на седењето, биле послободни за истражување на околината и предметите кои им биле принесени. За да ја тестираат оваа теорија, истражувачите го повториле експериментот со бебиња на возраст од 5 и 4 месеци. Ниту едно од овие бебиња не можело само да седне, но половина од нив биле ставени во седишта со добра потпора. Во овој експеримент, петмесечните бебиња успеале многу побргу да ја усовршат техниката на разликување предмети. Четиримесечните бебиња воопшто не успеале да ја сфатат разликата, што укажува дека оваа возраст е границата на развој на мозокот за сложени операции.

Индивидуални разлики

Без разлика дали вашето дете ќе започне да ги пронаоѓа разликите помеѓу предметите на 6 или 7 месеци, честото исправување ќе го забрза процесот на учење. Седењето е важно, бидејќи беше откриено дека бебињата кои имаат побавен физички развој и подоцна успеваат сами да се исправат, можат да пропуштат важни етапи од менталниот развој. Кога на вашето бебе ќе му обезбедите соодветно столче со заштита, му давате можност да ги користи рацете и устата за истражување на околината и побрзо осознавање на светот што го опкружува.