Нема производи во вашата кошничка.

Клуб 5*

Top Shop Wonder Core Slide Fit Фитнес справа

Photo
Video
-17%
Добијте неверојатни резултати со првата и единствена фитнес справа со систем за отпор при движење во две насоки кој овозможува да го диктирате интензитетот на вежбата. Без разлика дали сте почетник или напреден фитнес ентузијаст, ќе имате загарантирани резултати. Добивате и БЕСПЛАТНА апликација со тренинзи, удобна подлога за колена и специјално место за вашиот телефон. Достапна и во розева боја.
Top Shop Wonder Core Slide Fit Фитнес справа

Редовна цена: 5.990,00 ден.


Специјална цена: 4.990,00 ден.

Изберете
Јавете ни се на 02 3094-550
За да го дознате времето на испорака, одберете од дадените опции.
  • Кратко инфо
  • Детали за производот
  • Технички карактеристики
Кратко инфо
Добијте неверојатни резултати со првата и единствена фитнес справа со систем за отпор при движење во две насоки кој овозможува да го диктирате интензитетот на вежбата. Без разлика дали сте почетник или напреден фитнес ентузијаст, ќе имате загарантирани резултати. Добивате и БЕСПЛАТНА апликација со тренинзи, удобна подлога за колена и специјално место за вашиот телефон. Достапна и во розева боја.
Дознајте повеќе
Детали за производот

Тонирајте го телото како професионалец, во удобноста на вашиот дом

Времето и можноста да посетите некој локален фитнес центар, во моментот е луксуз, кои само малку луѓе можат да си го дозволат. Со Wonder Core Slide Fit справата, можете да имате тренирате на различни начини со насоки во живо, кои го прават вежбањето не само ефикасно, туку и забавно. Системот на двојното движење ќе ви овозможи лесно да се вратите назад, што ќе им помогне на почетниците. За целосно експертско вежбање, исклучете ја помошта на овој систем и разбудете го ѕверот во вас.

Wonder Core Slide Fit

Постепено зголемувајте ја вашата фитнес форма.

Wonder Core Slide Fit

Мотивирајте се со помошта на БЕСПЛАТНАТА фитнес апликација.

Wonder Core Slide Fit

Подобрете го држењето и стабилноста.

Wonder Core Slide Fit

Добијте го телото кое отсекогаш сте го посакувале.

Неверојатна трансформација на телото со само 10 минути вежбање на ден

Тонирано тело не значи само дека сте спремни за модна писта. Покрај одличниот изглед, поголемата самодоверба, ќе имате и повеќе енергија, Исто така, телото ќе има и подобро држење, ќе имате помалку болка во зглобовите и нема повеќе да се грижите за други проблеми.

Сепак, обликувањето на телото и намалувањето на килограмите и сантиметрите е неизбежно со Wonder Core Slide Fit Фитнес справата како ваш партнер. Истражувањето (направено во Универзитетот во Мајами) покажува дека корисниците во просек намалиле НЕВЕРОЈАТНИ 4кг и 36см во обем за само 8 недели.

Wonder Core Slide Fit

Пред

Wonder Core Slide Fit

Потоа

Тајната се крие во... отпорот во две насоки

Не е важно дали само што сте почнале со вежбање или се подготвувате да бидете Iron man!

Со нашата справа која има добиено Red-dot награда, можете да го прилагодите нивото на отпор со едноставно вртење и ослободување на навртката. Ќе ви помогне да ги достигнете границите на важите можности и да се вратите назад, за максимална ефикасност на вежбањето.

Како всушност функционира?

Сигурно веќе ги имате пробано класичните тркала за стомачни кои го тонираат јадрото, но, набрзо сфативте дека тие можат да бидат тешки за вежбање и се фокусираат само на една област. Убавината на оваа финтес справа е што таа е лесна за користење, ви помага автоматски да се вратите назад на оригиналната позиција. Всушност, погоре споменатата студија покажува дека Slide Fit ви овозможува повеќе повторувања во правилната положба за вежбање, со што се согоруваат повеќе калории во исто време.

Уште поважно, ви овозможува да го тренирате цело тело во исто време!

  • Wonder Core Slide Fit

    Раце и нозе

  • Wonder Core Slide Fit

    Рамена и грб

  • Wonder Core Slide Fit

    Јадро

  • Wonder Core Slide Fit

    Колкови и половина

Никогаш повеќе нема да бидете преморени по вежбањето

Вежбањето дома може да биде понапорно поради самото планирање. За среќа, можете да се потпрете на бесплатната апликација со курсеви за тренирање од професионалци кои можете да ги симнете на вашиот телефон.

За вежбањето да биде уште попрактично за вас, Wonder Core Slide Fit справата има специјален диск за држење на телефонот, за вие да можете лесно да тренирате со инструктори на повеќе од 30 различни вежби.

Исто така, ќе можете да ја играте и Slide Fit играта, која навистина може да донесе забава во вежбањето!

Wonder Core Slide Fit

Инспирирајте се

Иако добивате само една справа, таа ќе стане вашата ЕДНА СПРАВА ЗА СЀ. Со помошта на бесплатната апликација ќе можете да вежбате повеќе од 30 вежби за тонирање на телото кои ќе ја зајакнат мускулатурата на целото тело.

  • Wonder Core Slide Fit
    Wonder Core Slide Fit Wonder Core Slide Fit

    Чучњеви

  • Wonder Core Slide Fit
    Wonder Core Slide Fit Wonder Core Slide Fit

    Исчекор назад

  • Wonder Core Slide Fit
    Wonder Core Slide Fit Wonder Core Slide Fit

    Пленк со вовлекување нозе

  • Wonder Core Slide Fit
    Wonder Core Slide Fit Wonder Core Slide Fit

    Клекнато ролање

  • Wonder Core Slide Fit
    Wonder Core Slide Fit Wonder Core Slide Fit

    Лизгав мост за бутини

  • Wonder Core Slide Fit
    Wonder Core Slide Fit Wonder Core Slide Fit

    Склек на ролање со една рака

Лесна и пријатна за вежбање

Покрај својата уникатност, Wonder Core Slide Fit има и:

  • Рачки кои се собираат, за поголема стабилност и спречување повреди.
  • Мека подлога за удобност.
  • АБС еластични рачки од пена, ергономски дизајнирани за да одговараат на формата на рацете. Не се лизгаат и ја апсорбираат потта.
  • Нелизгачки тркала кои спречуваат оштетувања на подот.
  • Подлога за колена за поголема удобност.
Wonder Core Slide Fit

Инспирирајте се

 

Технички карактеристики
Дополнителни информации УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
Ве молиме пред употреба внимателно прочитајте го ова упатство и зачувајте го за идни потреби.
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
1. Овој производ е дизајниран и е соодветен за употреба од страна на луѓе со добро здравје.
Консултирајте се со вашиот лекар пред да започнете со употреба.
2. Чувајте го вон дофат на деца. Овој производ не е играчка и не треба да се користи од деца
или фа се чува во дофат на деца.
3. Овој производ е наменет за домашна употреба, во сув простор.
4. За ваша безбедност, редовно и пред секоја употреба, проверувајте го производот за
оштетувања, особено шрафовите и другите делови. Ако пронајдете оштетувања или делови
кои фалат или гребнатини на апаратот, престанете со употреба.
5. Неправилното држење може да предизвика повреда. За да избегнете повреди,
следете ги насоките од ова упатство. Ако овој производ е нов за вас, ви препорачуваме да
го користите максимум 30 пати на ден. Прекумерено вежбање може да предизвика болки
во мускулите.
6. Ве молиме веднаш престанете со вежбање доколку почувствувате непријатност.
7. Ако производот не работи како што треба, примил остар удар, паднал, се оштетил, бил
оставен надвор или паднал во вода, не го користете.
8. Не го користете веднаш по оброк, пиење алкохол, бидејќи може да настане незгода
или повреда.
9. Наместете го производот на соодветна локација за вежбање. Ако локацијата не е соодветна
може да паднете или да се повредите.
10. Пред употреба, ставете го производот на тврда, рамна, стабилна и сува површина
и осигурајте се дека нема да остава траги на површината врз која сакате да вежбате.
Обезбедете си и добра и сува поддршка.
11. Соодветна и точна спортска опрема е потребна додека ја користите справата. Во
спротивно може да настане незгода или повреда.
12. Задолжително загрејте се пред вежбање. Вежбањето без загревање му прави
непотребен стрес на телото.
13. Кога го користите производот, оставете простор од 1м (Слободен простор: А) околу
сите страни на производот (Простор за вежбање: В), за да нема никакви пречки и да биде
позициониран подалеку од деца, миленици и набљудувачи. (погледнете ја Слика 1)
14. Во случај на дефект и/или оштетувања не се обидувајте самите да го поправите
производот и овозможете истиот да биде фрлен во согласност со локалните закони.
15. Кога ги отворате рачките, проверете дали се затегнати правилно со стеги. Несоодветна
употреба може да предизвика несреќа или оштетувања.
16. Користете го овој производ само за оригиналната намена. Несоодветна употреба
може да предизвика пад, оштетувања, дефекти на производот или повреди.
17. Не се обидувајте да изведувате вежби кои не се наведени во ова упатство. Во
спротивно може да настане несреќа или повреда.
18. Не дозволувајте повеќе од едно лице да го користи производот во исто време.
Производот е дизајниран да се користи од едно лице. Неправилна употреба може да
предизвика несреќа или повреда.
19. Ова не е медицински уред. Секогаш побарајте совет од лекар или друго квалификувано
медицинско лице пред да започнете со вежбање или диета.
20. Содржината на ова упатство не треба да се смета за медицински совет, дијагноза или третман.
21. Иако овој производ е тестиран, неговата употреба и последици се во целост одговорност
на корисникот.
22. Никаква одговорност нема да биде прифатена за било каква штета предизвикано од
непочитување на овие упатства или неправилна употреба. (Погледнете СЛИКИ, Сл. 1)
ДЕЛОВИ (Погледнете СЛИКИ, Сл. 2)
Слика 2: 1 – рачка која се собира; 2 – копче за ослободување на рачката; 3 – мека подлога; 4 – подлога за колена;
5 – преден запченик за прилагодување; 6 – тркало; 7 – заден запченик за прилагодување; 8 – место за телефонот
(Видете СЛИКИ, Сл. 5): F – запченик за прилагодување 1; R – запченик за прилагодување 2
ПРЕД УПОТРЕБА
Подесете го системот за отпор
Исклучете ги двата системи за отпор (Погледнете СЛИКИ, Сл. 3 и Сл. 5):
Цврсто држете го предното (F) тркало до запчаникот за прилагодување со една рака, додека со другата рака нежно повлечете го запчаникот за прилагодување нанадвор и
ротирајте го (нанапред или наназад) за да го одвоите запчаникот. Повторете го истото и со задниот (R).
Активирајте ги и двата системи за отпор (Погледнете СЛИКИ, Сл. 4 и Сл. 5)
Цврсто држете го предното (F) тркало веднаш до запчаникот за прилагодување со една рака, додека со другата рака нежно свртете го запчаникот во спротивна насока за да ги
споите. Повторете со задниот (R).
Режим со делумен отпор: Активирајте еден од двата системи за отпор (преден или заден) по ваша желба.
Режим со целосен отпор: Активирајте ги двата системи за отпор.
ЗАБЕЛЕШКИ:
Со делумен или целосен отпор, максималната дистанца во една насока е 150см. Не го форсирајте производот подалеку за да не се појават оштетувања.
Ако двата системи за отпор се исклучени (режим со тежина на телото) нема максимална дистанца.
Наместете ги рачките
Отворете ги рачките на двете страни од производот. Проверете дали се затегнати безбедно (Погледнете СЛИКИ, Сл. 6).
Пред да ги склопите рачките, притиснете го копчето за ослободување за да ја отклучите секоја од нив (Погледнете СЛИКИ, Сл. 7)
УПОТРЕБА
Ексклузвна апликација / Режим со игра
Ве молиме преземете и инсталирајте ја Wonder Core Slide Fit апликацијата на вашиот смартфон.
Побарајте “Slide Fit” на App Store/ Google Play или скенирајте го QR кодот од десно за да ја преземете ексклузивната апликација.
Активирање на апликацијата: Отворете ја апликацијата и скенирајте го QR кодот на дното на производот за да ја активирате апликацијата. По активирањето можете да почнете
со тренирање на различни курсеви, да вежбате со инструктори и да ги бележите резултатите.
Режим за тренирање на јадро: Апликацијата нуди нов целосен фитнес режим кој ја комбинира справата заедно со игри за да ја предизвика истрајноста на мускулите.
Инструкции за играње (Погледнете СЛИКИ, Сл. 8)
Чекор 1: Отворете ја апликацијата и изберете игра.
Чекор 2: Ставете го телефонот на местото предвидено на справата.
Чекор 3: Започнете ја играта!
ЗАБЕЛЕШКА: Никогаш не седнувајте, не газете или притискајте го телефонот за време на вежбањето. Секогаш безбедно прикачувајте го телефонот и осигурајте се дека не е
изложен на било каков начин (на вода, пот, тркала...).
ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ
Чистење
Чистете со влажна крпа (со капка благ детергент по потреба), а потоа избришете со сува крпа. Избегнувајте да користите алкални средства за чистење или растворувачи бидејќи
тие можат да го оштетат производот.
Одржување/проверки
Редовно проверувајте го производот дали е во добра и функционална состојба. Ако производот се навлажни, избришете го со сува крпа за да обезбедите безбедна и правилна
употреба.
Во случај на дефект или необични појави, ве молиме контактирајте сервисер. Ако има нешто на производот што не го разбирате, контактирајте го одделот за грижа на корисници.
Складирање
- Чувајте го вон дофат на деца.
- Секогаш затворајте ги рачките и чувајте го производот подалеку од високи температури, влага и директна сончева светлина. Чувајте го производот на чисто место со добра
вентилација.
РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ
- Рачките не работата – притиснете го копчето за затворање (Погледнете СЛИКИ, Сл. 2-2) и повлечете ги рачките нагоре (за да ги отворите) или надоле (за да ги затворите).
- Не можам да ја најдам апликацијата – скенирајте го QR кодот кој се наоѓа на долната страна на производот. Ќе ве однесе директно до апликацијата.
Услови за чување (опсег на температура и влажност): -5 д 40°C; 35-90% RH (релативна влажност)
Услови за транспортирање (опсег на температура и влажност): -5 to 40°C; 35-90% RH (релативна влажност)
Век на траење - 3 години
ВОДИЧ ЗА ВЕЖБАЊЕ (Погледнете СЛИКИ, Сл. 9)
Вежба 1 – Клекнување; Вежба 2 – Лизгање на едната нога наназад; Вежба 3 – Лизгање на едната нога на страна;
Вежба 4 – Лизгање нанапред; Вежба 5 – Висок пленк и собирање на стомакот;
Вежба 6 – Лизгање на нозете во позиција мост; Вежба 7 – Пленк и собирање на стомакот;
Вежба 8 – Склек со лизгање на едната рака нанапред.

Рецензии од купувачи 0 рецензии

Што мислите за овој производ? *

1 1 ѕвездичка
2 2 star
3 3 star
4 4 star
5 5 star

Сите наши продавници се отворени!

Нарачајте онлајн со достава до дома #останидома