Нема производи во вашата кошничка.

9 спонтани начини да ја зачините вашата врска

Сите знаеме дека студеното време може да биде темно и ладно, но тоа не значи дека треба да биде здодевно. Долгите врнежливи и студени вечери се направени за интересни игри во спалната соба, па можеби е време малку да ја зачините вашата врска. Ако не сте љубител на планирањето еве 9 одлични начини за тоа како вашата врска да стане уште поинтересна.

Сите знаеме дека студеното време може да биде темно и ладно, но тоа не значи дека треба да биде здодевно. Долгите врнежливи и студени вечери се направени за интересни игри во спалната соба, па можеби е време малку да ја зачините вашата врска. Ако не сте љубител на планирањето еве 9 одлични начини за тоа како вашата врска да стане уште поинтересна.

Направете список со работи кои ги сакате

Многу едноставно, но многу ефикасно! Сè што треба да направите е да направите долга листа на работи кои ве возбудуваат и кои ги сакате и пратете му ги на вашиот партнер. Тоа може да го направите преку СМС порака, како писмо итн. Тие ќе сакаат да го прочитаат тоа колку што вие ќе уживате во нивното ново откритие. Одлична ситуација за двајцата.

Одете на состанок на слепо

Како, кога веќе се познавате? Всушност тоа е многу едноставно – само излезете и правете се дека не се познавате. Сигурно ви звучи смешно и можеби на почетокот ќе ви биде чудно, но штом ќе се напиете чаша вино веднаш ќе се опуштите и ќе се потсетите на чувството како е кога запознавате некое ново лице.

Бидете недостижни!

Ако вашиот „состанок на слепо“ се одвива добро, работите најверојатно брзо ќе станат интересни. Кога ќе дојде до тој момент, не заборавајте да бидете недостижни, на тој начин работите ќе бидат поинтересни. Сепак вистина е дека во секоја долга и посветена врска најмногу недостасува чувството да бидеме нечиј „плен“ или „ловец“, иако ретко кој го признава тоа.

Потете се заедно

Не, тоа не е она што го мислевме (всушност, тоа е, ама ќе ви објасниме). Истражувањата покажуваат дека двојките кои вежбаат заедно имаат многу поактивен сексуален живот, па можеби време е да почнете заедно да вежбате. Двајцата ќе бидете во добра форма и ќе го подобрите сексуалниот живот.

Исто така туширајте се заедно!

Штом го завршите делот со потењето, долгиот топол туш е нешто задолжително. Но зошто да трошите електрична енергија и вода два пати, кога можете да се туширате двајцата во исто време и работите да бидат забавни? Кога ќе размислите малку можеби и ќе потрошите повеќе вода, поради некои активности кои ќе ви одземат повеќе време, но некогаш задоволството е најважно нели?

Играјте си со шлаг пена

Тоа е нешто што потекнува многу одамна – но колку пати навистина сте го пробале тоа? Никогаш нели? Не грижете се, никогаш не е доцна. Она што ви треба е шлаг пена, постара постелнина и неколку часа слободно време. Да.... ова може да потрае

Направете нешто поинакво

Една од причините поради која сексот во долгите врски е здодевен е фактот дека партнерите се познаваат меѓусебно и знаат што е она што ги возбудува – и кога, и како и зошто.....Знаете за што ви зборуваме нели? Па затоа направете нешто што не сте направиле до сега и зачинете ги работите. Ако вообичаено сте срамежливи, тогаш земете ги работите во свои раце и водете ги работите.

Дотерајте се

Кога почнавте да излегувате заедно сигурно сакавте да се импресионирате меѓусебно. Секси долна облека....помните нели? Зошто да не го направите тоа повторно? Пробајте нешто ново, нешто што е многу секси и појавете се облечени само со тоа на вас, ништо друго. Верувајте дека ќе биде одлично изненадување.

Направете им масажа со затворени очи

Масажите се секси, но уште посекси се кога не знаете што се случува и не знаете што да очекувате. Заврзете му ги очите на партнерот/ката, а целото искуство ќе биде повозбудливо ако му/и ги врзете рацете. Тие ќе бидат оставени на вашата милост и само вие ќе знаете што да направите со нив.