Нема производи во вашата кошничка.

Дали сексот може да влијае на вашиот изглед?

Сексот не значи само репродукција, интересен начин да поминете незаборавна вечер и една од најголемите индустрии во светот. Тој исто така има позитивно влијание врз вашиот изглед. Сè уште не верувате? Ви ги претставуваме 8те неверојатни придобивки од сексот кои ќе ги искусите доколку имате редовен секс...

Секако дека може! Сексот не значи само репродукција, интересен начин да поминете незаборавна вечер и една од најголемите индустрии во светот. Тој исто така има позитивно влијание врз вашиот изглед. Сè уште не верувате? Ви ги претставуваме 8те неверојатни придобивки од сексот кои ќе ги искусите доколку имате редовен секс...

Повеќе секс, помалку мозолчиња

Сериозно, со редовен секс може да ги исчистите мозолчињата од вашето лице. Не само кај младите луѓе – туку и кај повозрасните кои уште го имаат овој проблем. Сега го знаете решението кое покрај тоа што ќе ви го исчисти лицето, ќе ви помогне да заштедите многу пари – наместо да купувате скапа козметика, само треба да имате редовен секс. Тоа е добитна комбинација; ако успее ќе се ослободите од мозолчињата, а ако не сепак ќе ви биде интересно.

Збогувајте се со сувата кожа

Не само мозолчињата и акните – сексот ќе ви помогне да ги решите проблемите со сувата кожа. Како е тоа возможно? Сексот го зголемува производството на супстанци кои влијаат врз еластичноста и влажноста на кожата, што значи дека колку повеќе секс имате, толку повлажна ќе биде вашата кожа. Ова е интересна замена или дополнување на користењето на лосиони, нели?

Нема подобар начин за согорување калории

Дали знаете колку калории може да потрошите за секс од 30 минути? До 150! Ова можеби не звучи многу, но доколку имате секс 3-4 пати неделно, тоа се 500 калории и ако имате навистина интересен, долг и страстен секс со различни пози, тогаш може да добиете бројка од 1000 калории неделно!

Тоа е она што ни треба за добар сон

Многу луѓе мислат дека сексот навечер може да го намали времетраењето на спиењето. Но во реалноста, сексот само го зголемува расположението и ги релаксира телото и умот. Ова значи дека следното утро ќе се разбудите наспани без темни кругови околу очите.

Ќе го зајакнете имунитетот

Тоа е точно – редовниот секс влијае на ефикасноста на имунитетот, бидејќи со постојаното потење се ослободуваме од токсините во нашето тело и на тој начин го зајакнуваме имунитетот. А каква врска има имунитетот со убавиот изглед? Кожата ќе изгледа поздраво, посјајно, баш онака каква што имаат младите и активни луѓе.

Лек против стареење?

Се смета дека сексот има анти-инфламаторни карактеристики, бидејќи ослободува супстанци кои се борат против воспаленијата во телото. Како ова ќе ви помогне да изгледате поубаво? Кожата секогаш се соочува со мали повреди кои се последица на различни фактори...меѓу кои и стареењето. Редовниот секс со своите анти-инфламаторни карактеристики може да ја поттикне регенерацијата на кожата и да го одложи процесот на стареење. Ова не звучи толку лошо нели? Со секс во борба против стареењето.

Убавината е во начинот на кој се смеете

Што е она што го прави секој човек убав? Истражувањата покажуваат дека има многу работи кои влијаат на тоа меѓу кои симетријата на лицето, бојата на усните, формата на вилицата, кожата и насмевката. Да, последна на листата е насмевката – лицата кои имаат барем блага насмевка на лицето се сметаат за поатрактивни за разлика од оние кои изгледаат тажно, луто или намрштено.  А најдобриот начин за да имате насмевка на вашето лице за само неколку минути (или пак часови) е под чаршафите.

Секс наместо вежбање

Сексот, посебно оној во специфични пози (за подетални информации позајмете ја Камасутра), ќе ви помогне да ги зацврстите и тонирате мускулите на стомакот и да го добиете телото кое од секогаш го посакувате.