Нема производи во вашата кошничка.

Клуб 5*

Клуб 5* Правила на членство

Ви честитаме што се зачленивте во КЛУБ* - почнете да добивате посебни попусти уште денес!

Попустите добиени по различни основи не се собираат. Купувачот може да одлучи, односно да одбере која од понудите ќе ја користи.

  • Со купување на Клуб 5* картичката согласни сте дека сте запознати со правилата на Клуб 5* членството и истите ќе ги почитувате.
  • Издавачот на Клуб 5*, Студио Модерна д.о.о.е.л. Скопје, Костурски Херои 38, 1000 Скопје, ќе Ви ја испрати картичката на приложената адреса со вашите лични податоци (истите кои што се наведени и при самото купување на членството). Картичката се издава бесплатно, предмет на наплата е надоместокот за годишна членарина.
  • Членството во клубот, кое што ви носи одредени предности, е ограничено на 1 или 2 години во зависност од членството, истото започнува да важи на денот кога е извршена уплатата. Членството може да се продолжи во период од најрано 2 месеца пред истек на истото, а најдоцна до истекот. Условите и начините на продолжување се дефинирани од издавачот.

Двете Клуб 5* членства се: Premium членство со важност од 1 година и Exclusive членство со важност од 2 години. Доколку ви се потребни дополнителни информации или имате прашања, ве молиме да се јавите на 02 3094-550 . Дознајте повеќе на 02/3094-594 или на www.klub5.com.mk.

  • По истекот на членството веќе немате можност да ги користите предностите кои што претходно сте ги имале од истото. Преостанатите ваучите, поени, и останати неискористени предности престануваат да важат кога престанува и важноста на членството или рокот означен на истите.
  • Предностите од членството можат да се ги користи носителот на картичката како и членови на семејството (сопруг/а; партнер/ка; брат/сестра; ќерка или син), со приложување на картичката или документ за идентификација (за проверка). Производите можат да бидат доставени единствено на адресата приложена како адреса на живеење при станувањето на член на клубот, и треба да бидат платени во истиот момент на достава. Доколку има било каква промена на вашите лични податоци, ве замолуваме да нè известите во истиот момент кога таа ќе настане, како би биле во можност полесно да ви ги овозможиме предностите од вашето членство. За да се искористат роденденските предности (попусти, ваучери и сл) задолжително е при купување на членството да се приложи датата на раѓање на носителот на членството.
  • Клуб картичката може да се користи на производи кои што се претходно дефинирани со Клуб 5* цени, односно понуди. Попустите не се кумулативни (попустите здобиени по различни основи не се собираат – купувачот одбира кој попуст ќе го користи).
  • Ваучерите се користат на редовните цени, според правилата дефинирани на истите. Важноста и начинот на користење се назначени на самите ваучери. Ваучерите кај соработниците на Клуб 5* се користат со приложување на ваучерот и клуб картичката во продажните места на истите.
  • Клуб 5 членовите користат попуст на нивниот купен 11-ти производ. Попустот кој се користи на 11-тиот производ, се пресметува врз основа на вкупната вредност на купените предходни 10 производи, односно 10% од вредноста на купените 10 производи се користи на 11-тиот производ. Попустот се пресметува или на редовната цена на производот, или на клуб цената на производот доколку производот има клуб 5 цена. Периодот на купување на овие 10 производи врз кои се пресметува попуст на 11-тиот, трае 1 година, или 2 години во зависност од видот на членството, додека се членови на КЛУБ5*. Во пресметката на 10-те производи, нема да влегуваат подароци.
  • Студио Модерна го задржува правото да ја одземе или прогласи за неважечка Клуб 5* картичката доколку се утврди дека истата е злоупотребена. Предностите на Клуб 5* картичката се однесуваат на носителот и неговото семејство, но не и на трети лица. Ваучерите, подароците и користењето на поени може да се користат само од страна на носителот на картичката со приложување на истата заедно со документ за лична идентификација.
  • Студио Модерна, како издавач на членството, го задржува правото да ги менува Клуб 5* правилата. Доколку дојде до евентуални промени на правилата, истите ќе бидат објавени на www.klub5.com.mk. Ако ја користите клуб картичката по промена на правилата значи дека се сложувате со истите.
  • Доколку дојде до губење на картичката, истото треба да се пријави на телефон 02/3094 594, или пак на адресата на Студио Модерна. Во период од 30 дена по примањето на пријавата, картичката ќе ви биде обновена на трошок на издавачот и ќе ви биде издадена нова. Сопственикот на картичката може да ги користи предностите од членството веднаш по примањето на новата клуб картичка.

Заштита на лични податоци

Студио Модерна како корисник на лични податоци ги надополнува, чува и контролира истите, соодветно со законот за заштита на лични податоци.
Корисникот на личните податоци ги обработува истите за истражување и статистички цели, со цел да се овозможи користење на услугите, прилагодување на понудите, сегментација и маркетинг истражување, информации за специјални понуди и други маркетинг материјали.

Сопственикот на податоците се согласува, со цел што полесно да ги добива информациите, да се користат различни начини на комуникација, како што се
телефон, каталози, директна пошта, е-пошта и сл. Личните податоци можат да бидат користени од страна на Студио Модерна за сопствени потреби како и за потребите на трети лица, додека писмената потврда важи сè додека сопственикот на лични податоци не се изјасни поинаку. За време на користењето на личните податоци, секоја индивидуа има право на пристап до своите лични податоци, како и нивна промена и нивно целосно бришење од базата на податоци.