Нема производи во вашата кошничка.

Клуб 5*

Домашен карантин: Зошто е неопходна дезинфекција?

Во ситуација кога е препорачливо да седите дома и да се чувате од вируси, време е да се фокусирате повеќе на вашиот дом и неговата чистота.

Бидејќи вирусот на корона е сè уште нов и непроверен, не можеме да кажеме со сигурност како и што може да го убие или „избрка“, но она што деновиве го слушаме од сите страни е - темелно миење на рацете и дезинфекција.

Што навистина значи да се дезинфицира нешто?

Тоа е, всушност, темелен процес на чистење - до тој степен што микроорганизмите се неутрализирани.

Значи, класичното чистење не убива бактерии и грини, но прави дезинфекција. Можете да ги дезинфицирате површините на неколку начини, зависи од тоа за која површина станува збор.

Што е најдобро за дезинфекција?

Први и најдостапни ни се средствата за дезинфекција - хемиски или природни агенси. Тука спаѓаат од медицински алкохол, па се до хемикалии за домаќинства. Тие се препорачуваат за чистење на мебел или делови од мебел и тоалети, рачки за врати, мобилни телефони и слично…

Чистачи на пареа

Доколку не сакате да бидете во контакт со хемикалии, особено ако имате бебиња, мали деца или домашни миленици дома, ние секогаш предлагаме да користите парни средства за чистење на подот, кои со помош на водената пареа и високата температура добро ќе го дезинфицираат подот и можат да убијат и до 99% од бактериите. Чистачот на пареа Rovus Nano ќе ви помогне темелно да исчистите и дезинфицирате: паркет, ламинат, тепих или плочки со помош на водена пареа која има температура до 125 °.

Кликнете тука и дознајте повеќе за Rovus Nano Чистачот на пареа >>

Rovus Nano Чистач на подови

Облека, постелнина и завеси

Препорачливо е да ја исперете облеката (и постелнината и завесите) во машината за перење и тоа на највисока температура, зависно за кој тип на ткаенина станува збор. На овој начин ќе можете да ги елиминирате скоро сите непожелни микроорганизми кои се наоѓаат на површината од ткаенинтата.

Прибор за храна

Доколку имате машина за миење садови - се препорачува да ги измиете на што е можно поголема температура, односно важно е да знаете дека опцијата Eco сега е неефикасна бидејќи користи температура на машината за миење садови под 50 ° C, а препораките велат дека минималната температура мора да биде над 60 ° C. Ако ги миете садовите рачно, проверете дали детергентот кој го користите е антибактериски, а користете и заштитни ракавици и топла вода.

Искористете го времето дома, освежете и исчистете ја околината во која го поминувате поголемиот дел од денот.

Сега е исклучително важно да се посветите на дезинфекција и одржување на вашето здравје.

Останете дома и чувајте се.