Нема производи во вашата кошничка.

Дали флертува со Вас?

Сите сме биле во иста ситуација... Запознавање на слаткото момче кој изгледа заинтересирано, но сепак не сте сигурни дали тој флертува со вас. Во иднина може да ја одбегнете таа ситуација со овие 10 знаци кои ќе ви помогнат да откриете дали тој флертува со вас.

Долга насмевка

Не правете грешка и не мислете дека секоја насмевка е знак на флерт. Едноставно може да значи дека личноста е љубезна или едноставно позитивна. Но сепак не е истиот случај кога станува збор за долга насмевка – во овој случај шансите дека тој флертува со вас се многу, многу поголеми. Па колку долго треба да трае насмевката за да значи дека тој флертува со вас? Невозможно е да дадеме одговор на тоа прашање, но може да се каже дека сè што е подолго од 5 секунди е совршен знак.

Посебен допир

И повторно, запомнете дека секој допир не е знак на флерт. Некои допири се случајни, некои целосно платонски и некои дури и морничави. Но, посебниот допир кој не е премногу нападен, а истовремено е интимен, како што е нежното допирање на грбот со рака кога оди зад вас или кога седнува многу близу до вас дефинитивно е знак на флерт.

Имитирање

Станува збор за несвесни имитации, бидејќи кога некој постојано ги имитира вашите потези е едноставно чудно. Но оние имитации момците ги прават несвесно, пример се насмевнуваат кога вие се насмевнувате, гледаат во подот кога вие гледате или ја допираат косата кога вие ја допирате вашата... тоа е сигурен знак дека флертува со вас. Сепак, сите го правиме тоа до некој степен, па затоа доколку тој ги повторува вашите движења значи дека му се допаѓате. Многу, многу му се допаѓате.

Навалена глава

Секако, навалена глава може да значи дека момчето има болки во вратот, но ако знаете дека тоа не е точно тогаш тоа значи нешто сосема друго – навистина му се допаѓате, па затоа внимателно ве слуша и сака да го запомни секој ваш збор. А тоа е еден јасен знак за флертување.

Црвенеење

Срамежливите момци најчесто не се јунаци во женските фантазии, но тоа не значи дека тие немаат што да понудат. Всушност, тие најчесто имаат многу да понудат и зад таа срамежливост се крие нешто убаво. Најголемиот знак дека тој флертуваа со вас е црвенеењето. Тоа е нешто што не може да се смени – тие едноставно се вцрвенуваат кога ќе видат привлечна жена, па затоа тоа треба да биде најголемиот комплимент кој може да го добиете.

Кренати веѓи

Кренати веѓи најчесто покажуваат дека личноста е заинтересирана за вас. Ова е можеби чуден, но сигурно е веродостоен знак. И ако веѓите му останат поткренат подолго време во текот на вашиот разговор треба да бидете целосно сигурно дека тој флертува со вас…

Се смее на вашите шеги

Кога тој се смее на се што ќе кажете, ситуацијата е повеќе од јасна – му се допаѓате и тој флертува со вас така што ве наградува со смеа. За да бидете сигурни дека е заинтересиран за вас, кажете некоја многу лоша шега – и ако сепак се насмее значи дека навистина му се допаѓате.

Сака да ве почести пијалак

Ова е класичен и најочигледен од сите знаци. Она што вие ќе помислите за таква понуда е ваше мислење, но во секој случај ова е јасен знак дека тој флертува со вас. Што повеќе да кажеме? Мажите мислат дека алкохолот и добриот секс се секогаш на истата страна од паричката.

Го освежува својот здив

Може да биде со бонбона или пак со мастика, понекогаш и само една голтка вода, но момчето кој си го освежува здивот пред да зборува со вас е секогаш добар знак.

“Изгледаш прекрасно”

Кога ќе го пофали вашиот изглед тоа е флерт во 99% од случаите. Останатиот 1% се момци кои работат на процент и сакаат да ја скршат бариерата така што ќе ви дадат комплимент.