Нема производи во вашата кошничка.

Black Friday во лето

Black Friday во лето - Жешко е, затоа нашите цени се топат!

Жешко е, затоа нашите цени се топат!

-75%
 
 
[banner_timer]
 

Rovus Nano Wet&Dry Правосмукалка

Photo
Video

Новата Rovus Nano Wet&Dry Правосмукалка нуди 3-во-1 функционалност со подобрен дизајн и можност за филтрирање на нано честичките за уште поголема моќ во чистењето. Користете ја суво вмускување, всмуквуање течности и дување. Циклонската технологија создава мини торнадо во дизајнот без ќеси за помал неред и отпад. Добивате два додатоци, телескопска рачка и тркалца за полесна употреба низ домот.

Rovus Nano Wet&Dry Правосмукалка
8.990,00 ден.
Изберете
Јавете ни се на 02 3094-550
Достапно на залиха. Време на испорака: 3 до 5 работни дена.
  • Кратко инфо
  • Детали за производот
  • Дополнителни информации
  • Технички карактеристики
Кратко инфо

Новата Rovus Nano Wet&Dry Правосмукалка нуди 3-во-1 функционалност со подобрен дизајн и можност за филтрирање на нано честичките за уште поголема моќ во чистењето. Користете ја суво вмускување, всмуквуање течности и дување. Циклонската технологија создава мини торнадо во дизајнот без ќеси за помал неред и отпад. Добивате два додатоци, телескопска рачка и тркалца за полесна употреба низ домот.

Дознајте повеќе
Детали за производот

Сега уште подобра моќ на всмукување

Rovus Nano Wet&Dry Правосмукалката е најновата верзија на Rovus Victor Правосмукалката, задржувајќи го истата 3-во-1 функционалност, но сега, со поголема моќност за дом без прашина и нечистотија.

Rovus Nano UV Vac

Додадена филтрација за 99.95% ефикасност во чистењето

Новиот дизајн вклучува висококвалитетен HEPA H13 филтер, со 99.95% ефикасност во чистењето, отстранувајќи ги и најситните нано честички. Филтерот има навлака со специјален антибактериски третман кој ги уништува бактериите при контакт и спречува шириење на непријатни мириси.

Rovus Nano UV Vac

3-во-1 моќ на чистење

Оваа лесна и практична правосмукалка е одличен додаток на вашата рутина за чистење, со флексибилност и моќност кои ќе донесат ново ниво на чистење и хигиена во сите делови од домот и е соодветна за сите тврди површини. Филтерот H13 со антибактериски третман на навлаката ги заробува дури и најситните нано честички. Екстремно чист воздух се испушта во собата што ви помага да дишете поздраво.

  • 1.
    Rovus Nano UV Vac
    Суво всмукување за прашина и нечистотии

    Користете ја како класична правосмукалка со 34,500 вртежи во минута и 16 Kpa моќ на всмукување за брзо да го исчистите нередот, нечистотијата и правта. Заштедете време со чистење со само неколку потези.

  • 2.
    Rovus Nano UV Vac
    Исчистете ги сите течности

    Всмукајте ги течностите и течната храна и брзо и лесно справете со нередот во домот.

  • 3.
    Rovus Nano UV Vac
    Дување воздух

    Вклучете го моторот од всмукување на дување и користете ја правосмукалката за лесно и брзо да ги издувате листовите и другата нечистотија од терасата. Дури можете и да ја користите за да го исушите миленичето по бањање!

Стилски дизајн без ќеса

Срцето на системот е без ќеса, циклонска технологија која создава мини торнадо за да всмука до 6 литри сува нечистотија или 3,5 литри течна. Заштедете време и труд, без потреба да купувате или да се справувате со ќеси за прашина. Проѕирниот сад ви овозможува да го гледате тоа што го собирате, а со тоа, овозможувајќи ви поголема контрола на целиот процес.

Rovus Nano UV Vac

Направена за практична употреба

Малиот индикатор ќе ве извести кога садот за прашина е полн или филтерот е затнат. Телескопска рачка ја прави правосмукалката лесна за користење, без разлика на вашата висина. 4-те мали тркала ќе ви овозможат лесно да ја подместувате правосмукалката. Дополнтелните додатоци пак ќе ви понудат повеќе можности за чистење.

Rovus Nano UV Vac

Стилски дизајн без ќеси

  • Rovus Nano UV Vac
    Разновидна употреба

    Можете да ја користите внатре или надвор, за вмускување на подовите, теписите или другите материјали, за дување на лисја, одзатнување на кујнскиот мијалник или за сушење на миленичето по бањањето.

  • Rovus Nano UV Vac
    Штеди пари

    Садот кој ќе го користите одново и одново ја отстранува потребата од купување на ќеси. Дизајнот на оваа правосмукалка овозмжува чистење без неред.

  • Rovus Nano UV Vac
    Здравје

    HEPA 13 филтер со антибактериски третман ги заробува дури и најситните нано честички. Екстремно чист воздух се испушта во соба и ви помага да дишете поздраво.

  • Rovus Nano UV Vac
    Практична

    Телескопската рачка, 4-те тркала и сите додатоци прават оваа правосмукалка да има разновидна употреба.

Дополнителни информации

Добивате:

  • 1x главна единица со кабел
  • 1x сад за прашина со штитник
  • 1x капак за сад за прашина
  • 1x црево со рачка
  • 1x цевка која се пордолжува
  • 1x четка
  • 1x четка за влажни подови
  • 1x додаток за тесни отвори
  • 1x триаголна четка
  • 1x HEPA 13 филтер
  • 1x циклонско тело со циклонски капак и пловка
  • 1x упатство за употреба
Rovus Nano UV Vac
Технички карактеристики
Дополнителни информации УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
Ве молиме внимателно прочитајте го упатството пред да започнете со употреба и зачувајте го за идни потреби.

ПРЕДУПРЕДУВАЊА

1. Овој уред може да се користи од деца од 8 години па нагоре и лица со ограничени физички, сензорни или ментални способности или лица без искуство и знаења, само доколку добиле инструкции во врска со начинот на користење на уредот на безбеден начин и ги разбираат потенцијалните опасности. Деца не смеат да си играат со уредот. Чистењето и одржувањето на уредот не смее да се извршува од деца, освен ако се постари од 8 години и под надзор.
2. Овој уред е наменет за домашна употреба.
3. Чувајте го уредот во ладно, суво место.
4. Вклучете го во струја која одговара на таа наведена на производот.
5. Пред употреба, ставете го производот на тврда, рамна, стабилна и сува површина.
6. Не всмукувајте и не го користете уредот во близина на токсични материјали, гипс, цемент, запаливи течности, гасови, експлозивна прашина или чад и извори на оган.
7. Овој уред не треба да се користи за собирање течности од садови, мијалници и сл. Може да се користи за собирање на помали количини на течности од подови или други рамни површини.
8. Овој уред не е играчка. Потребен е постојан надзор кога се користи од или во близина на деца или миленици.
9. Никогаш не го користете овој производ на луѓе или миленици.
10. Доколку уредот не работи како што треба, примил остар удар, паднал, се оштетил, бил оставен надвор или паднал во вода, не го користете.
11. Овој уред не треба да биде вклучен во струја кога не се користи, кога ги заменувате додатоците или додека го чистите.
12. Не дозволувајте кабелот да дојде во допир со жешки површини. Потребно е дополнително внимание кога ги чистите скалите. Не дозволувајте уредот да премине преку кабелот.
13. Доколку кабелот за струја е оштетен, треба веднаш да биде заменет од квалификувано лице.
14. Не се обидувајте сами да изведувате поправки и овозможете сервисирањето да биде изведено од овластен и квалификуван сервисер.
15. Исклучете ги сите контроли пред да го исклучите уредот од струја. Не го допирајте приклучокот или уредот со мокри раце.
16. За да го исклучите уредот од струја, повлечете го приклучокот, не го влечете кабелот. 17. За да избегнете ризик од електричен шок, не го потопувајте уредот во вода или други течности.
18. Редовно отстранувајте ги затнувањата предизвикани од прашина, влакна и сл., бидејќи тие можат да ја влијаат на квалитетот на работа на производот.
19. Користењето на додатоци кои не се препорачани или се продаваат од страна на дистрибутерот на производот можат да предизвикаат лична повреда или оштетувања на имотот.
20. Иако овој производ е тестиран, неговата употреба и можните последици се во целост одговорност на корисникот.

ГЛАВНАТА ЕДИНИЦА СОДРЖИ / ДЕЛОВИ (погледнете ја Слика 1)
1 = рачка
2 = отвор за проток на воздух
3 = цевка со прилагодлива должина
4 = четка
5 = копче за всмукување подови/теписи
6 = копче за вклучување/исклучување
7 = приклучок за црево
8 = црево
9 = отвор за црево
10 = тркалца
11 = четка за влажен под
12 = додаток за тесни простори
13 = излез за воздух
14 = куки за складирање на додатоците
15 = кука за четка
16 = HEPA филтер
17 = сад за прашина
18 = рачка за сад за прашина
19 = долен дел на циклонско тело
20 = капак
21 = капак за сад за прашина
22 = циклонско тело
23 = копче за ослободување на садот за прашина
24 = отвор за воздух
25 = главен дел
26 = кабел за струја
27 = триаголна четка
28 = заштитен браник

ФИЛТЕР СЕТОТ СОДРЖИ (погледнете ја Слика 1)
16 = HEPA H13 филтер (2x)

ПРЕД УПОТРЕБА:
Отстранете ги сите материјали за пакување и/или заштитни материјали и проверете за можни оштетувања.
Изберете штекер кој има доволно простор за вклучување на апаратот е најдобра положба за чистење на околината.

КОРИСТЕЊЕ
Чекор 1: Навалете го садот за прашина, порамнете го десниот жлеб за да го наместите садот на главниот дел („клик“ звук). Нежно наместете го и левиот жлеб, „клик“ звук значи дека садот е наместен. Кренете го производот за да проверите дали садот е правилно заклучен на главниот дел (видете ја слика 2).
Чекор 2: Приклучокот за црево наместете го во отворот за црево за да ја наместите цревото на главниот дел. Откако ќе го поврзете, приклучокот ротирајте го во насока на стрелките на часовникот за да го заклучите (видете ја слика 3).
Чекор 3: Прилагодете ја цевката на посакуваната должина. Ставете го крајот на помалата цевка во четката (или било кој друг додаток) и нежно притиснете ги една со друга. Цевката може да се користи со четката за влажно всмукување, додатокот за тесни простори и триаголната четка по потреба (погледнете ја слика 4).
Чекор 4: Ставете ја рачката во крајот на поголема цевка и притиснете ги за да се заклучат. Користете ја цевката во координација со додатокот за тесни простори и триаголната четка по потреба (погледнете ја слика 5).
Чекор 5: Приклучете го кабелот во струја и притиснете на копчето за вклучување за да го вклучите апаратот (погледнете ја слика 6).
ЗАБЕЛЕШКА: На задниот дел на главниот дел има излез за воздух кој е нормално затворен. Доколку имате потреба уредот да дува воздух, извадете го цревото од отворот за црево (со вртење во насока спротивна од стрелките на часовникот) и приклучокот за црево ставете го на излезот за воздух и завртете во насока на стрелките на часовникот за да го заклучите. (погледнете ја слика 7).
Чистење на садот за прашина:
Чекор 1: Притиснете го копчето за ослободување на садот за прашина и во исто време повлечете го садот за да се отклучи од главниот дел (погледнете ја слика 8).
Чекор 2: За да го извадите горниот капак од садот, држете ја рачката со едната рака и повлечете го капакот со другата рака. Испразнете ја содржината и потоа свртете го циклонскиот капак во насока спротивна од стрелките на часовникот за да го извадите (видете ја слика 9).
Чекор 3: Исчистете го циклонскиот капак, циклонското тело, долниот дел на циклонското тело и садот за прашина со вода (погледнете ја слика 10).
Чекор 4: Прашината залепена на HEPA филтерот може директно да се измие со вода. Колку често го чистите HEPA филтерот зависи од тоа колку ја користите правосмукалката. Се препорачува нежно да го истресете HEPA филтерот по секоја употреба за да спречите акумулирање на прашината и да овозможите правилна работа. Измиениот филтер треба целосно да се исуши пред да го вратите назад (погледнете ја слика 11).
Чекор 5: Склопете ги сите делови во садот за прашина. Порамнете го капакот според просторот на садот за прашина и ротирајте во насока на стрелките на часовникот да го заклучите (погледнете ја слика 12).
Чекор 6: Вратете го капакот на садот и HEPA филтерот (мора да биде целосно сув) назад во садот за прашина и потоа наместете ги на главниот дел. Откако ќе завршите можете да ја користите правосмукалката (погледнете ја слика 13).

ЗАБЕЛЕШКИ:
- Долниот дел на циклонското тело мора да биде ставено според насоките наведени со стрелка, во спротивно, безбедносниот вентил за сопирање на водата ќе се оштети.
- Долниот дел на циклонското тело ќе лебди нагоре надоле во садот за прашина, по правилното местење на циклонското тело, ќе се појави звук предизвикан од активноста на долниот дел, ако садот се протресе, што е нормално.

ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ

1. Исклучете го уредот пред чистење и одржување.
2. Ставете ја правосмукалката во студено, суво место за подолго складирање. Никогаш не го изложувајте на директна сончева светлина или влажна околина.
3. Не ставајте тешки предмети врз производот.
4. Исцедете ја крпата пред да ја користите за чистење на производот. Садот за прашина може да се мие со вода и потоа да се избрише со чиста крпа или да се исуши. Не користете хемиски раствори (бензин, алкохол, разредувач и сл.) за чистење, во спротивно, ќе се појават пукнатини или избледување на производот
5. Празнете го садот за прашина по секоја употреба, за да овозможите слободен проток на воздух и да спречите слабо всмукување или прегревање на моторот предизвикано од блокади.
6. За да обезбедите правилно чистење и да го продолжите животниот век на моторот, чистете го садот за прашина и HEPA филтерот по секоја употреба. HEPA филтерот треба да се заменува на секој 6 месеци.
7. За да го замените HEPA филтерот, притиснете на копчето за ослободување на садот за прашина пред да го извадите садот за прашина од главниот дел и да го ослободите
HEPA филтерот. Извадете го HEPA филтерот со држење и влечење на каишот. Заменете го филтерот со тоа што ќе го наместите и ќе го заклучите во садот за прашина со притискање на него.
8. За да овозможите слободно движење на производот, тркалата треба редовно да се чистат за да нема влакна или други предмети кои можат да ги заглават.
9. HEPA филтерот може да се мие со вода и да се врати назад на главниот дел откако целосно ќе се исуши (не го изложувајте на директна сончева светлина).
10. Додатоците можат да се заглават со влакна или поголеми предмети додека се користат. Чистете ги редовно за да овозможите правилно всмукување.

Рецензии од купувачи 0 рецензии

Што мислите за овој производ? *

1 1 ѕвездичка
2 2 star
3 3 star
4 4 star
5 5 star

Нашите продавници се отворени.

Нарачувајте онлајн 24/7 со достава до дома #останидома.