Dormeo Warm Hug Сет ќебе и перница

Најтоплите, најмеките и најсилните прегратки - со најновиот Dormeo Warm Hug сет од перница и ќебе! Овој неодолив сет е направен од неверојатно меки и пријатни материјали. Сетот се пере во машина за загарантирана хигиена! Достапен во единечна и двојна димензија.
- Кратко инфо
- Детали за производот
- Технички карактеристики
- Кратко инфо
-
Најтоплите, најмеките и најсилните прегратки - со најновиот Dormeo Warm Hug сет од перница и ќебе! Овој неодолив сет е направен од неверојатно меки и пријатни материјали. Сетот се пере во машина за загарантирана хигиена! Достапен во единечна и двојна димензија.
Дознајте повеќе - Детали за производот
-
Warm Hug сет за магични моменти
Warm Hug сетот е одличен избор за сите оние кои не можат ни да замислат времето да го поминат пред телевизорот без да се покријат со меко ќебенце, како и за оние на кои им е секогаш студено. Завиткајте се во ќебето, ставете ги стапалата во специјалните џебови и почувствувајте ја топлината која ќе ве опушти.
Дали барате идеален подарок за најмилите?
Секоја година се мислите што да им подарите на вашите најмили? Одберете го неверојатно мекиот Warm Hug сет! Одличен подарок кој ќе им пружи максимална мекост и топлина на Вашите најмили во текот на целата година.
Warm Hug сетот е одличен подарок - покрај тоа што е неверојатно топол и удобен, тој е завиткан со лента со специјална порака: Home is where the heart is.
Преубавата Warm Hug приказна продолжува
Завиткајте се во најтоплата и најмеката прегратка. Доволно е голем за целото семејство, но, можете да си го чувате само за вас.
Што и да одлучите, најновиот сет има копче од страна, па ќебете ќе остане на место, за вие да можете да уживате во неговата удобност.
Многу повеќе од ќебе, прегратка
Супер мек и крзнен, Warm Hug сетот е идеален за студените зимски денови. Без разлика дали сакате да уживате со добра книга или пред телевизор, овој сет од ќебе и перница ќе го претвори секој дел од домот во оаза на удобност.
Најдоброто перниче за гушкање
Благодарение на најмеките материјали и вештачкото крзно, Warm Hug перницата ќе стане вашата омилена. Полнета е со Wellsleep® напредни микровлакна, за неверојатна удобност.
4 изгледи во само еден сет
Ќебето и перницата можат да се превртуваат, така што секогаш ќе имате модерен и стилски изгледн на сетот. Достапни се во 1 традиционален дизајн и 2 бои. Едната страна на перницата е во златна или кралска зелена боја, а другата страна е бела.
-
Златна
-
Кралска зелена
Избор на повеќе бои
Можеби повеќе ви се допаѓаат виолетова, црвена, розева или сива боја? Наскоро ќе бидат достапни сите овие модерни бои.
-
- Технички карактеристики
-
Димензија 130x190см., 200x200см. Дополнителни карактеристики Сет од ќебе и перница Дормео програма дневна соба Навлака 100% полиестер Се пере во машина 30°C