Нема производи во вашата кошничка.

Клуб 5*

CYBER MONDAY распродажба

CYBER MONDAY распродажба

Најголемите попустите важат и денес

-70%
Понудите важат уште:
[banner_timer]
 

Попусти за ПЕТОК 13-ти

Дојде петок 13-ти, а со него и страшно добрите попусти.

Дојде петок 13-ти, а со него и страшно добрите попусти.

ДО
-70%
Понудите важат уште:
[banner_timer]
 

Dormeo Warm Hug Сет за подарување

Photo
Video
-29%

Dormeo Warm Hug сетот за подарување вклучува шише за загревање и топли чорапи. Шишето има капацитет од 1200мл., а чорапите се достапни во универзална големина и одговараат на сите. Сетот е достапен во две бои: сина и розева. Спакуван е во прекрасна кутија, што го прави совршениот празничен подарок.

Dormeo Warm Hug Сет за подарување

Редовна цена: 690,00 ден.


Специјална цена: 490,00 ден.

Изберете
Јавете ни се на 02 3094-550
За да го дознате времено на испорака, одберете од дадените опции.
  • Кратко инфо
  • Детали за производот
  • Технички карактеристики
Кратко инфо

Dormeo Warm Hug сетот за подарување вклучува шише за загревање и топли чорапи. Шишето има капацитет од 1200мл., а чорапите се достапни во универзална големина и одговараат на сите. Сетот е достапен во две бои: сина и розева. Спакуван е во прекрасна кутија, што го прави совршениот празничен подарок.

Дознајте повеќе
Детали за производот

Dormeo Warm hug сет за подарување

Со овој Dormeo Warm hug сет за подарување ќе бидете подготвени за студените денови и ноќи. Сетот содржи специјално шише за вода и удобни чорапи. 

Сетот е одличен подарок, има прекрасна навлака која се става на шишето и заедно со чорапите ќе направат да се чувствувате одлично. Наполнете го шишето со жешка вода и стоплете се во текот на претстојните студени денови. Ставете го во креветот пред да си легнете за да ве пречека топла постела. А чорапите, секогаш ќе ви ги одржуваат нозете топли.

Совршениот подарок за вас или вашите пријатели со преубава порака: Warm hug. Секому му е потребен еден ваков сет за гушкање во текот на зимата.

Што добивате?

  1. Шише за вода со капацитет 1200мл, навлака која се вади направена од вештачко меко крзно во нежна сина или розева боја
  2. 1 пар чорапи со универзална големина во сина или розева боја

Погледнете ја целата Warm Hug колекција 2019 тука>>

5 Совети како максимално да го искористите шишето за затоплување

Совет 1:

Затоплете го креветот: ставете го шишето за затоплување под ќебето, 5-10 минути пред да си легнете, па така, кога ќе си легнете ќе ве пречека топла постела. Вашите чаршави ќе бидат веќе затоплени. Тргнете го шишето пред да си легнете.

Совет 2:

Ослободете се од менструалните болки: Научниците откриле дека одличен начин на лекување на менструални грчеви е со затоплувањето на долниот дел на стомакот. Ова функционира така што топлината ги блокира информациите за болка кои се испраќаат до мозокот. Легнете си и ставете го шишето за затоплување на стомакот за да ги намалите менструалните болки.

Совет 3:

Намалете ги болките во вратот и грбот: Упорните болки во половината можат да се третираат или со топло или со ладно. Топлата терапија може да ви помогне ефикасно да ги опуштите мусуклите и да ја намалите болката.

Совет 4:

Ладна облога:  Наполнете го шишето до половина и потоа ставете го во замрзнувач, со што ќе го претворите во одлична ладна облога која ќе ви помогне да ги третирате болните колена и модриците.

Совет 5:

Наводнете ги цвеќињата Кога водата повеќе не е топла, немојте да ја фрлате водата. Искористете ја да ги наводнете цвеќињата.

Технички карактеристики
Дормео програма дневна соба

Рецензии од купувачи 0 рецензии

Што мислите за овој производ? *

1 1 ѕвездичка
2 2 star
3 3 star
4 4 star
5 5 star