Dormeo Storage Bags XXL Сет ќеси за вакумирање

Максимално искористете го просторот со овој сет од 4 големи ќеси за вакумирање. Само ставете ја облеката, постелнината или друг материјал во нив, истиснете го воздухот и затворете. Така, ќе заштедите дури до 80% од просторот. Цврсти се, водоотпорни и штитат од влага, прашински грини и мириси. Идеални за складирање, пакување, селење или кампување.
- Кратко инфо
- Детали за производот
- Технички карактеристики
- Кратко инфо
-
Максимално искористете го просторот со овој сет од 4 големи ќеси за вакумирање. Само ставете ја облеката, постелнината или друг материјал во нив, истиснете го воздухот и затворете. Така, ќе заштедите дури до 80% од просторот. Цврсти се, водоотпорни и штитат од влага, прашински грини и мириси. Идеални за складирање, пакување, селење или кампување.
Дознајте повеќе - Детали за производот
-
Чувајте ги вашите работи во одлична состојба и лесни за складирање
Чување на вонсезонската облека и други материјали може да заземе многу простор и додека стојат, облекат може да собере прашина, мувла, да ја нападнат инсекти или непријатни мириси. Сега, можете да го заштитите текстилот и да го намалите просторот потребен за нивно чување, со овој сет од 4 големи ќеси, специјално дизајнирани за употреба со класична правосмукалка.
Ослободете повеќе простор во вашиот плакар!
Моќта на вакумирањето значи дека вашите предмети може да бидат зачувани во дел од нивната големина и да зафаќаат до 80% помалку простор! Идеалното решение да ја компресирате, заштитите, складирате и организирате вонсезонската облека, јоргани, перници, меки играчки. Одлични се за домашна употреба но и за кога одите на одмор, се селите, кампувате и секогаш кога ќе посакате да имате повеќе простор или да ја одржите облеката во топ состојба.
Трајни, водоотпорни ќеси кои штедат простор
Уникатниот систем со двојно затворање ќе ви обезбедни максимална безбедност и затворање. Ќе го извадите цел воздух од ќесите и бидете сигурни дека така и ќе останат.
Практичен, добро познат дизајн кој ги прави овие ќеси лесни за употреба и чување на вашите работи.
Ги штите вашите работи од:
Вода
Прашина / нечистотија
Инсекти
Мувла
Мириси
Едноставни за користење, лесни за чување
Ќесите се брзи и лесни за користење во процес со 4 чекори:
СПАКУВАЈТЕ: За да ја отворите ќесата, нежно отворете од средината. Не ја преполнувајте ќесата. Оставете доволно простор за да го затворите патентот.
Затворете: За да ја затворите ќесата, притиснете го патентот од едната кон другата страна.
ВАКУМИРАЈТЕ: Отворете го вентилот. Наместете го цревото на правосмукалката на вентилот и истиснете го воздухот од ќесата.
СКЛАДИРАТЕ: Свртете го вентилот за да го затворите. Ставете ја ќесата во плакар, под креветот и сл. Ќесата може да се користи многу пати доколку ја чувате со внимание..
Правилната функционалност е обезбедена од:
Двојното затворање
Цврсто и сигурно затворање
Зајакнатата заштита од кинење
Вентил за воздух кој спречува влегување на воздух
Може да се користи повеќе пати
Работите ќе се вратат во нивната оригинална големина кога ќе ги извадите од ќесата и бидејќи таа нема да се скине, можете да ја користите повеќе пати.
4 ќеси, 2 димензии со различен дизајн
Ќесите имаат прекрасн дизајн на кој е прикажано тоа што препрачуваме да се чува во нив. Секоја димензија има уникатен дизајн.
- 2x XL димензија на ќеса (55 x 86 cm) е совршена за: џемпери, здолништа, фустани, панталони
- 2x 3D џамбо димензија на ќеса (100 x 60 x 47 cm) е совршена за: ќебиња, перници, јакни, играчки
3D JUMBO ќеса наспроти XL ќеса - зошто се различни?
3D JUMBO ќесата има уникатен 3D дизајн кој овозможува да собере повеќе облека во една ќеса од нормална 2D ќеса (L и XL димензија). 3D JUMBO ќесата се шири на начин кој овозможува дополнителен волумен. Може да се зголемува во висина.
Дополнителни резервни делови додадени: 2 лизгачи за затворање на ќесите
- Технички карактеристики
-
Димензија 2x XL: 55 x 86 cm; 2x 3D Џамбо: 100 x 60 x 47 cm Дормео линија Living Дормео програма дневна соба