Dormeo Душек одобрен од Дедо Мраз

Тајната на успехот на Дедо Мраз е квалитетниот сон, а Dormeo го нуди најдобриот душек одобрен од Дедо Мраз, специјално дизајниран за да понуди удобност на сите со вкочанет грб и болен врат. Со ергономско јадро дизајнирано од Космодиск, со цел да обезбеди, правилна поставеност на 'рбетот, плус прилагодлива цврстина со 2 слоеви Ecocell® пена и 3 напредни динамични зони на удобност, ќе уживате во безболни ноќи и денови и удобен сон.
- Кратко инфо
- Детали за производот
- Технички карактеристики
- Кратко инфо
-
Тајната на успехот на Дедо Мраз е квалитетниот сон, а Dormeo го нуди најдобриот душек одобрен од Дедо Мраз, специјално дизајниран за да понуди удобност на сите со вкочанет грб и болен врат. Со ергономско јадро дизајнирано од Космодиск, со цел да обезбеди, правилна поставеност на 'рбетот, плус прилагодлива цврстина со 2 слоеви Ecocell® пена и 3 напредни динамични зони на удобност, ќе уживате во безболни ноќи и денови и удобен сон.
Дознајте повеќе - Детали за производот
-
-
ПРОИЗВЕДЕН ВО ЕУ
Душекот е изработен и произведен во ЕУ. Ова значи дека ги поседува сите високо квалитетни стандарди на ЕУ и на брендот Dormeo
-
60 НОЌИ ТЕСТ ПЕРИОД
Тестирајте го новиот душек 60 ноќи и ако не ви се допаѓа, ќе ви ги вратиме парите.
-
15 ГОДИНИ ГАРАНЦИЈА
Душекот има 15 години гаранција. Тоа се 5470 утра во кои ќе се разбудите наспани и подготвени да го зграпчите денот.
Како што Дедо Мраз се појавува еднаш годишно, така и овој душек
Овој Душек одобрен од Дедо Мраз е ограничено издание и е достапен само во ограничен период околу Божиќ!
Како што се ближи крајот на годината, многумина од нас мислат на новогодишните одлуки кои ќе направат да се чувствуваме и изгледаме подобро. Одлуката да си обезбедите поквалитетен сон е една од најдобрите одлуки кои можеш да ги донесете за себе, сега и во иднина.
Започнете ја новата година правилно, ослободете се од старото и почнете со ново: Со спиење на Душекот одобрен од Дедо Мраз, со зголемена удобност, ќе се чувствувате како Дедо Мраз на Бадник, подготвени да го освоите целиот свет!
Специјално дизајниран за да обезбеди дополнителна удобност и прилагодливост
Дали се будите вкочанети и изморени, со болка насекаде? Причината може да бидат ноќите помината на неудобен и несоодветен душек, кој можеби е стар или дизајниран за различен вид на спијачи. Оттука, Дедо Мраз размислуваше долго и неуморно, за да ви го обезбеди совршениот подарок овие празници, дури и подготви листа со предности на новиот душек одобрен од Дедо Мраз од Dormeo:
- Ергономски душек: обезбедува совршена поддршка и се прилагодува на телото и го одржува 'рбетот во правилна поставеност и помага во елиминирање на болката.
- Дополнителна удобност: Слој од мемори пена во јадрото на душекот кој обезбедува подобар одговор на пената на обликот и движењата на телото, како и на точките на притисок.
- Среден слој - Ergo слој инспириран од Космодиск во облик на човечкиот 'рбет.
- 3 напредни динамични зони на удобност за оптимална поддршка на различните делови на телото.
- Двострано јадро кој овозможува да ја прилагодите цврстината на душекот.
- Зголемен проток на воздух благодарение на Ecocell® пена и воздушните канали.
- Со CleanEffect® третман за заштита од бактерии, прашински грини и микроби.
- Навлака која се вади и се пере за здрава и чиста средина, без бактерии, прашински грини и мириси.
- 60 дена тест период и 15 години гаранција.
- Произведен во Европа.
Погледнете внатре во душекот
-
-
-
-
-
-
висина20см
-
Горна навлака која се вади и се пере со уникатен дизајн
Горната навлака се вади, се пере и е зајакната со CleanEffect® третман кој се бори против бактерии, микроби, прашински грини и алергени. Навлаката, исто така, има и прекрасен, уникатен дизајн со магични снегучки и облик на санка во снег.
-
2см мемори пена
Совршено се обликува околу обликот на телото и се прилагодува на него.
-
6cсм Ecocell® помек слој во портокалова боја со канали
Флексибилна 3D клетична структура која се прилагодува на телото. Протокаловиот Ecocell® слој со 3 одвоени зони на удобност има помала густина, што го прави помек и поприспособлив. Специјалните канали обезбедуваат дополнителна флексибилност на пената и дозволуваат подобра циркулација на воздух.
-
6см ERGO слој
Уникатниот слој ERGO слој од 6см Ecocell® пена е развиен во соработка со Космодиск, експертите за 'рбетот, кој нуди 3 посебни зони на удобност, кои одговараат динамично и се прилагодуваат на движењата на телото со цел да обезбедат правилна поставенот на 'рбетот и намалување на болките во грбот.
-
6см Ecocell® поцврст бел слој со канали
Флексибилна 3D клеточна структура која се прилагодува на телото. Белата Ecocell® пена со 3 посебни зони на удобност со поголема густина, што го прават слојот поцврст. Специјалните канали обезбедуваат дополнителна флексибилност на пената и подобра циркулација на воздух.
-
Долна навлака - се вади и се пере
Долната навлака се вади, се пере и е зајакната со CleanEffect® третман кој се бори против бактерии, микроби, прашински грини и алергени. Навлаката е со сива боја со класичен цик-цак дизајн.
Превртете го душекот за да ја изберете цврстината, според вашите потреби
Душекот одобрен од Дедо Мраз има двојно јадро кое овозможува лицето кое спие на него да ја прилагоди цврстината на душекот според потребите.
-
Едната страна на јадрото е изработена од помека портокалова Ecocell® пена која има помала густина, го прави помек и поприспособлив.
-
Другата страна на јадрото е изработена од поцврст бел Ecocell® слој кој има висока густина, што го прави слојот поцврст и идеален за тие кои немаат потреба од високо ниво на приспособливост.
За прилагодливост и удобност кои му се потребни на вашето тело
Душекот има уникатна структура, изработен е од мемори пена внатре во јадрото, два Ecocell® слоеви од пена и специјален ERGO слој. Нивната комбинација му овозможува на телото да потоне во душекот на оптимално ниво, со други зборови, душекот одобренод Дедо Мраз ја нуди вистинската прилагодливост и удобност за сечии потреби
Навлака на дизајн со ограничено издание
Душекот одобрен од Дедо Мраз е првиот душек со уникатен, ограничен дизајн кој ќе биде достапен само во ограничен период, за време на зимската сезона.
Душекот има прекрасен зимски дизајн на горната навлака на кој се претставени снегулки и облици на санки во снег, како и зимска долна навлака со дизајн кој потсеќа на Божиќни ќебенца.
Двете страни се поврзани со патент во црвена боја кој го прави овој душек уште попосебен и уникатен.
Почиста и поздрава средина за спиење
Дизајнот кој овозможува зголемен проток на воздух во душекот ќе ви помогне да го одржите свеж и чист. Природниот CleanEffect® третман на навлаката, обезбедува и ефикасна заштита од прашински грини, микроби, бактерии и мириси.
Поставувањето е брзо и едноставно
Вашиот нов душек ќе го добиете во компресирана и вакумски спакувана ролна која е заштитена во кутија - завиткна во два слоеви пластика. Сите наши душеци се компресирани и вакумски спакувани, благодарение на нашиот еколошки процес на транспорт и заштита за време на транспортирање.
-
1
Внимателно исечете ја надворешната фолија со ножици, внимавајќи да не ја исечете фолијата внатре. Не користете нож.
-
2
Одвиткајте го вакумски спакуваниот душек на креветот. Внимателно исечете ја втората фолија на рабовите и извадете ја ќесата.
-
3
Дозволете 6 часа за вашиот нов душек да се оформи.
-
- Технички карактеристики
-
Дормео линија Vitality Дормео програма спиење Цврстина Малку тврд