Dormeo Memosan Roll-up 5+2 Над-душек

Поддршка од 7см за целото тело. Memosan Roll Up 5+2 над-душекот е одлично решение кога ненадејно ќе имате потреба од дополнителен кревет. Кога е завиткан, зафаќа многу малку простор, кога е отворен се претвора во кревет од прва класа и ќе направи вашите гости да се чувствуваат како дома. Дополнителниот слој од 2см мемори пена одозгора, ви нуди дополнителна удобност и пријатно чувство.
- Кратко инфо
- Детали за производот
- Технички карактеристики
- Кратко инфо
-
Поддршка од 7см за целото тело. Memosan Roll Up 5+2 над-душекот е одлично решение кога ненадејно ќе имате потреба од дополнителен кревет. Кога е завиткан, зафаќа многу малку простор, кога е отворен се претвора во кревет од прва класа и ќе направи вашите гости да се чувствуваат како дома. Дополнителниот слој од 2см мемори пена одозгора, ви нуди дополнителна удобност и пријатно чувство.
Дознајте повеќе - Детали за производот
-
Претворете ја софата во мек, удобен кревет од прва класа
Дали секоја ноќ спиете на неудобна софа? Дали сте изморени постојано, имате болки во грбот и сте поспани наутро? Сега можете да ја претворите вашата софа или подот во удобна, мека и совршена површина за спиење која ќе ги ви подобри ноќите и цел ден ќе бидете свежи и добро одморени.
Заслужувате подобар, поудобен кревет секаде - со 1 едноставен чекор
Спијте подобро и уживајте во секоја минута со ново откриената удобност со помош на Dormeo Memosan Roll Up 5+2 Над-душекот. Овој практичен, висококвалитетн над-душек е подготвен да ви го разубави сонот, само ставете го на:
- старата неудобна софа
- стар душек
- подот
- во шатор
- во караван
Dormeo Memosan Roll Up 5+2 Над-душекот буквално ќе ја обнови вашата софа или душекот и е дизајниран за да ви овозможи квалитетен сон со различните зони и ортопедски карактеристики.
Совршен е за вашите деца и гости
Ви дојдоа неочекувани гости? Само одмотајте го над-душекот и претворете ја софата во кревет од прва класа со неверојатна удобност и поддршка. Можете да го ставите и на подот и да ги оставите децата да си играат на него - ќе уживаат во мекоста.
Мемори пена и цврста Ecocell пена во 3 зони: најдоброто што може да го понуди еден над-душек!
Со цел да обезбеди соодветна поддршка и удобност, Dormeo Memosan Roll Up 5+2 над-душекот е направен од најдобрите материјали кои можете да ги најдете кај нашите душеци. Всушност, ист е како душекот само потенок и пофлексибилен.
1
2
3
3
3
1. Ecocell пена за цврста поддршка – 5см
Долниот слој на јадрото на Memosan над-душекот е направен од 5см висококвалитетна, прилагодлива Ecocell пена која обезбедува одлична поддршка за вашето тело и совршена положба на 'рбетот. Има трајна еластичнот со тродимензионална клеточна структура, овозможувајќи ефикасна циркулација на воздухот.
2. Мемори пена за удобност - 2см
Горниот слој на јадрото е направен од 2см мемори пена која овозможува:
- да бидете соодветно позиционирани,
- да се намалат точките на притисок
- да се подобри способноста телото да се опушти
Мемори пената е непријатна за прашинските грини и се препорачува за лицата кои страдаат од алергии.
3. 3 зони на удобност за подобра поддршка и вентилација
За да го искористите најдоброто од овие 2 материјали, целото јадро е вертикално перфорирано и со тоа се создаваат 3 одделни јадра.
Ова придонесува за:- подобра поддршка на телото, особено на главата и рамената, нозете и стапалата
- подобро проветрување.
Airmesh придонесува за свеж и сув сон
3D Airmesh материјалот на долгите страни и долниот дел овозможува постојан проток на воздух и ви обезбедува свежа и сува околина за спиење. За дополнителна хигиена, над-душекот има патент на страните кои овозможуваат навлаката да се вади и да се пере.
Третиран со CleanEffect за чиста околина за спиење без прашина
Горниот материјал на Memosan над-душекот е третиран со CleanEffect, кој овозможува овој над-душек да биде:
- отпорен на прашински грини,
- антибактериски и
- отпорен на мириси
Velcro систем со лепенки за полесно чување
За да биде уште попрактичен, овој над-душек има 2 специјални ленти со велкро лепенки, па така, само замотајте го и залепете ги лепенките и тој ќе биде подготвен за складирање.
Технички информации- Навлака која се пере на 40°C
- Пред перење, внимателно фиксирајте ги лепенките за да не се оштетат за време на перењето.
- Намалување (се однесува на навлаката): 2-3%
- Димензии 140/160/180x200 имаат 3 велкро лепенки
- Технички карактеристики
-
Јадро Ecocell® Анти-бактериски третман Да Висина 7 см Дормео линија Vitality Дормео програма спиење Зони на јадро 3 Мемори пена Да Навлака 3D airmesh Навлака која се пере Да