Dormeo Лана Ќебе

- Кратко инфо
- Детали за производот
- Технички карактеристики
- Кратко инфо
-
Ова прекрасно ќебе ќе ги направи дремките и ноќните спиења позабавни. Меко и топло ќебе изработено од полиестер, со дизајн со розеви точки на виолетова позадина. Совршен е за детската соба и лесно може да се спакува за да му овозможи на вашето дете удобност каде и да е. Се пере во машина и е со димензија 120x160см.Дознајте повеќе
- Детали за производот
-
Девојчињата ќе се радуваат на одењето во кревет
Сонот е важен за сите нас, особено за децата кои растат. Одморот во теконт на ноќта и квалитетниот сон ќе му помогнат на вашето дете да го развие целосниот потенција, да посветува повеќе внимание во текот на денот и да биде посреќно и поздраво. Lana Garden ќебето ќе го направи одењето во кревет интересно, благодарение на разиграниот привлечен дизајн и топлината која ја нуди.
Повеќе од ќебе
Забавниот дизајн и леснотијата на ова ќебе, како и тоа што лесно се одржува и брзо се суши, го прави ова ќебе повеќе и подобро од обично ќебе.
- Ставете го на подот за безбедно место за игра или пикник.
- Користете го како прекривка за дополнителна топлина во постудените денови.
- Понесете го на одмор или на преспивање, така вашето дете секогаш ќе се чувствува безбедно.
Трајно е и се пере
Ќебето е направено од полиестер, па затоа е меко и топло, без гребење и иритации. Антиалергиски, дише и отпорно на влага, затоа ќе остане свежо подолго време. Ќебето се пере во машина и е со димензија 120x160см, доволно големо за да ги собере најголемите соништа.
Дел од нашата нова линија за спанковци
Новата линија производи Lan & Lana ќе им понудат удобност на најмалите дечиња насекаде. Со разигран дизајн изработени од најмелките, најтоплите и најквалитетните материјали. Колекцијата ќе го воодушеви вашето дете и ќе ги инспирира најслатките соништа. Колекцијата вклучува ќебе, перница, јорган и тепих.
- Технички карактеристики
-
Димензија 120x160 см. Дормео програма за деца