Dormeo Мини Бувчиња со чувства - семејство

Прославете ја топлината на семејството со овие шест шармантни меки играчки за три генерации љубов и поддршка: татко, мајка, син, ќерка, баба и дедо. Секое бувче е комбинација од прекрасен дизајн и висококвалитетни материјали од Dormeo, експертите за спиење, кои децата ќе ги обожаваат. Со висина од околу 16см, меките бувчиња кои целосно се перат, ќе ви понудат многу прегратки и дремки.
- Кратко инфо
- Детали за производот
- Технички карактеристики
- Кратко инфо
-
Прославете ја топлината на семејството со овие шест шармантни меки играчки за три генерации љубов и поддршка: татко, мајка, син, ќерка, баба и дедо. Секое бувче е комбинација од прекрасен дизајн и висококвалитетни материјали од Dormeo, експертите за спиење, кои децата ќе ги обожаваат. Со висина од околу 16см, меките бувчиња кои целосно се перат, ќе ви понудат многу прегратки и дремки.
Дознајте повеќе - Детали за производот
-
Ставете го семејството на прво место и создадете основа за среќен живот
Помогнете во создавањето на безбедна, здрава средина полна со поддршка, за вашите деца, со тоа што ќе ги славите вредностите на семејстовото. Врските и љубовта кои се формираат со блиските, во раното детство, обезбедуваат сила и самоувереност кои се потребни да се соочиме со предизвиците во животот и можат да бидат извор на сигурност и радост низ животот.
Запознајте ги новите пријатели - цело семејството бувчиња!
Новите Мини бувчиња со висина од 16см се цело семејство пријатели, со кое ќе се забавувате и ќе ги споделувате вашите тајни. Семејството е место каде што децата учат за светот и за самите себе. Тие се стекнуваат со вештини со кои ќе преживеат и напредуваат, способност за користење на сетилата и учење на вредностите.
-
Мајка бувче
Таа ги учи децата за тоа што е правилно а што погрешно и ги дава најубавите прегратки и бакнежи, особено по изгребани колена од играње надвор.
Таа е горда на успесите на своите деца, без разлика колку се мали и секогаш ги охрабрува малите бувчиња и се гордее со нивните успеси, без разлика колку се тие мали и секогаш ги охрабрува своите мали бувчиња да го прават тоа што го сакаат, без разлика дали тоа е играње фудбал или свирење тапани.
-
Тато бувче
Тој ги учи децата да го живеат животот како една голема авантура, ги учи да возат велосипед, да се качуваат на највисоките дрвја и да пливаат во најдлабоките мориња. Исто така, тој знае дека тие понекогаш треба да научат и да пораснат со тоа што ќе направат грешка и да биде нивната безбедносна мрежа кога тие ќе паднат и ќе погрешат.
Исто така, тој внимателно ги гледа малите бувчиња, ги штити од опасности и ги охрабрува да бидар независни, силни и самоуверени.
-
Баба бувче
Таа сака да ги разгледува старите семејни албуми со фотографии и да им покажува на децата дека животот е најубав кога имаат семејство кое го сакаат и со кога ќе создадат незаборавни спомени.
-
Дедо бувче
Тој сака да решава крстозбори, сложувалки и да создава предмети од почеток, ги кажува најсмешните шеги, покажува игри и трикови со карти и им пушта нова музика на децата, која всушност е стара музика.
Тие му ги кажуваат сите тајни, бидејќи тој никогаш не им се смее и не ги кажува. Тој е некој на кого секогаш му се восхитуваат, без разлика колку големи ќе пораснат.
-
Ќерка бувче
Таа има најголема фантазија на светот. Понекогаш, таа пее караоке и се преправа дека снима музичко видео и понекогаш скока на трамболината преправајќи се дека е астронаут.
Таа го учи својот брат на таен јазик со раце кои само тие го разбираат и ужива во доцните разговори кои ги водат во нивната соба, кога мама и тато мислат дека тие спијат.
-
Синот бувче
Тој секогаш е подготвен за забава, особено ако тоа вклучува и валкање на рацете. Обожава играње надвор, безопасни шеги и играње од утре до вечер.
Тој ја учи неговата сестра да се брани и е нејзиниот идол и поддршка. Секогаш ја слуша без да ја осудува и во неа го има најдобриот другар за цел живот.
Семејството го има најголемото влијание во животот на детето
Dormeo Мини бувчињата - семејество се созададени за да ги научат децата за важноста на семејството. Тие се многу повеќе од слатки и меки играчки со кои децата ќе си играат.
- Искористете ги овие бувчиња за да им помогнат на децата да ги разберат врските во семејстовото, за градење на поцврсти врски во семејството и многу повеќе.
- Користете ги бувчињата - семејство за играње со улоги, за замислена игра, за зборување со децата за важноста на семејството и за учење на семејната историја.
Специјални копчиња кои овозможуваат бувчињата да се прегрнуваат едно со друго
Сите мини бувчиња доаѓаат со нова, специјална карактеристика - копчиња на нивните крилја, за тие да можат да се прегнуваат. Колку прекрасно. Бидејќи прегратките е најмоќниот израз на љубов.
Кажете здраво на Dormeo Бувчињата со чувства
Секое од овие бувчиња е со висина од 16см, а има и поголеми бувчиња со висина од 33см. Бувчињата со чувства може да се користи како играчка или перница, а со него добивате и меко ќебе со кое секогаш ќе бидете подготвени за игра.
-
- Технички карактеристики
-
Дополнителни карактеристики washable at 30°C Дормео линија Trends Дормео програма дневна соба Материјал полиестер