Dormeo Bamboo Душек со 3 зони

Уживајте во поквалитетен сон со душек со 3 посебни зони кои ќе ви понудат оптимална поддршка за правилна поставеност на ‘рбетот. Јадрото од Ecocell® пена нуди персонализирана удобност, додека влакната од бамбус во навлаката која се пере ја регулираат температурата, ја впиваат влагата и нудат поздрава средина за спиење.
- Кратко инфо
- Детали за производот
- Технички карактеристики
- Кратко инфо
-
Уживајте во поквалитетен сон со душек со 3 посебни зони кои ќе ви понудат оптимална поддршка за правилна поставеност на ‘рбетот. Јадрото од Ecocell® пена нуди персонализирана удобност, додека влакната од бамбус во навлаката која се пере ја регулираат температурата, ја впиваат влагата и нудат поздрава средина за спиење.
Дознајте повеќе - Детали за производот
-
Време е за нов душек?
Со цел да бидете сигурни дека ги поминувате вашите ноќи во чиста, безбедна средина, треба да го менувате вашиот душек на секои 6 до 8 години. Време е да го освежите вашиот кревет и да изберете душек кој нуди максимална удобност, за поздрав, посреќен грб, со најдобрите технологии и традиционална материјали, во форма на Dormeo Bamboo Душекот со 3 зони.
Природните чуда на бамбусот
Бамбусот брзо расте и е материјал со разновидна употреба, кој се користи илјадници години. Одржлив е, целосно природен, разградлив, антилаергиски а сега, достапен во меки, високо впивливи вискозни влакна кои можат природно да ја регулираат температурата и да ја впиваат влагата. Кога се користи во навлаката на душекот, бамбусот нуди природно постудена, посува, поздрава и поудобна средина за спиење,за долги ноќи непрекинат сон.
3 зони на прилагодлива Ecocell® поддршка
Јадрото на душекот е е 16см Ecocell® пена, со флексибилна, 3D клеточна структура која се прилагодува на телото и обезбедува цврста поддршка и удобност која му е потребна на ‘рбетот да биде без болки. Дизајнот со 3 зони на горниот дел на јадрото нуди различни нивоа на поддршка за да главата и вратот, колковите и стапалата. Заедно, уникатниот дизајн обезбедува одличен проток на воздух и терморегулација, со цел вашиот кревет да остане сув и хигиенски.
Хигиена за побезбедна средина за спиење
Поминуваме голем дел од времето во кревет, затоа, хигиената е важна. Токму затоа, дното и страните на навлаката која се вади и се пере, се изработени од мрежест материјал со AirX System®, кој дише и обезбедува постојан проток на воздух. Исто така, душекот е зајакнат и со CleanEffect® третман против бактерии, микроби и прашински грини, што може значително да ја намали појавата на непријатна миризба и да помогне против алергии и чувствителна кожа.
Дел од колекција која расте
Овој душек е дел од новата Bamboo колекција на Dormeo, која е составена од над-душек, перници, јорган, постелнина и пешкири, кои ќе ги понудат сите неверојатни карактеристики на овој целосно природен материјал и ќе создадат идеален дом за вас и вашите сакани.
- Технички карактеристики
-
Висина 16 см Дормео линија Vitality Дормео програма спиење Материјал antibacterial treatment, Ecocell® Цврстина Средно тврд