Нема производи во вашата кошничка.

Клуб 5*

CYBER MONDAY распродажба

CYBER MONDAY распродажба

Најголемите попустите важат и денес

-70%
Понудите важат уште:
[banner_timer]
 

Delimano Смарт сет лонец и капак

Photo
Video
-44%

Делимано Коперлукс Смарт сетот од лонец 26 см. и Смарт капак за готвење под притисок, ќе ви овозможи подготовка на вашите оброци за многу пократко време со повеќе хранливи состојки. Патентираниот Смарт капак ви овозможува безбедно готвење под мал притисок и можност да го отворите во текот на готвењето.

Delimano Смарт сет лонец и капак

Редовна цена: 4.480,00 ден.


Специјална цена: 2.490,00 ден.

Изберете
Јавете ни се на 02 3094-550
Не е на залиха во моментов. Ќе ве известиме за точно време на испорака.
  • Кратко инфо
  • Детали за производот
  • Дополнителни информации
Кратко инфо

Делимано Коперлукс Смарт сетот од лонец 26 см. и Смарт капак за готвење под притисок, ќе ви овозможи подготовка на вашите оброци за многу пократко време со повеќе хранливи состојки. Патентираниот Смарт капак ви овозможува безбедно готвење под мал притисок и можност да го отворите во текот на готвењето.

Дознајте повеќе
Детали за производот

Високо квалитетни материјали за полесно готвење

Неверојатниот Делимано Smart set се состои од лонец со QuanTanium облога со честички титаниум, камен и бакар, и стаклен капак со силиконски прстен кој се прицврстува за лонецот и не дозволува пареата да излезе. Поради тоа што не станува збор за стандарден механизам на запечатување, во садот за готвење се создава мал притисок. Честичките титаниум ја зајакнуваат облогата, честичките камен постепено ја ослободуваат топлината во храната, овозможувајќи поздраво готвење со задржување на хранливите состојки и природните вкусови, додека честичките бакар се загреваат полесно за заштедување на електрична енергија.

Предности на Смарт капакот

  • Со него се готви со поголем притисок како кај експрес лонците, но притисокот не е толку голем (околу 1,5-2,5 kPa)
  • Тоа значи дека со него може да се зготви до двојно побрзо, а се зачувуваат и до 25% повеќе витамини
  • Но бидејќи не е толку голем притисокот, може да се отвори безбедно во текот на готвењето заради патентираната технологија на капакот
  • Капакот е проѕирен, па може да ја следите храната во текот на готвењето и без отварање

Делимано Смарт Смарт лонецот има специјална “сендвич основа“ со јадро од прекален алуминум која овозможува оптимална дистрибуција на топлината за рамномерно готвење. Храната која се готви под благ притисок ги задржува најголем дел од хранливите состојки, витамините и минералите.

Кога садот е затворен, температурата многу брзо достигнува над 100С и се создава мал притисок со пареа. Пареата излегува преку безбедносен вентил, исто како кај останатите лонци за готвење под притисок. 

Едноставен за секојдневна употреба

За разлика од останатите лонци за готвење под притисок, Делимано Смарт лонецот е многу едноставен за секојдневна употреба, без оглед на јадењето кое сакате да го подготвите.

Со овој систем, можете да готвите на ист начин како и во обичните тенџериња. Само ставете ги состојките, затворете го капакот и ставете го садот на рингла. И толку!  

Делимано Смарт сетот ви овозможува да:

  • Варите,
  • Готвите со помош на пареа и
  • Да готвите под притисок

Едноставни за употреба и чистење

Лонците никогаш не загоруваат и нелепливата подлога е едноставна за чистење. Можете да ги ставите и во машина за садови.

Предности на QuanTanium облогата:

  • Соодветна за сите видови на рингли, вклучувајќи ја и индукциската.
  • Благодарение на магнетните карактеристики, таа многу брзо се загрева на пониска температура. Заштедете и до 20% енергија.
  • Можност за готвење на ниска температура за максимални резултати.
  • Безбедна за во машина за садови.
  • Долготрајни бои, (емајлот се пече на 840°C).
  • Обезбедува готвење со само капка масло.
  • Екстремно нелеплива.
  • Произведена во Шпанија.

Побрзо и поздраво готвење

Паметно готвење со Delimano Smart lid - 25% повеќе витамини и 50% побрзо готвење со само еден капак! Едноставно кликнете на неговиот врв и гответе под низок притисок.

Повеќе витамини во храната, а помалку време поминато во кујната

Delimano Smart Lid е достапен со паметен дизајн, што прави лонецот за готвење да биде 100% херметички затворен. Нема преварување како со класичните капаци и добивате готвење на пареа и готвење со низок притисок  - погодно за почетници без никакви опасности! Сега можете да готвите поздраво додека во исто време ги зачувувате повеќето витамини и хранливи материи, а воедно поминувате и помалку време во кујната.

Готвење под притисок со кое секој може да се снајде

Исто како и лонецот за готвење под притисок, Smart Lid исто така има сигурносен отвор кој дозволува да излезе вишокот притисок и да се одржи притисокот внатре на исто ниво. Но за разлика од тие типови на лонци, вие можете да го подигнете капакот во било кое време секогаш кога треба да мешате или да додавате состојки, можете јасно да видите преку стаклото, и со притисок од околу 1,5-2,5 kPa, тој е апсолутно безбеден за луѓето кои се целосни почетници.

ЧПП

  • Зошто челик?

    Силен и долготраен метал. Лонците и тавите кои се направени од челик имаат подобар баланс затоа што се потешки. Челикот ја задржува топлината и е одличен за јадење на кои им е потребно подолго време на подготовка.

  • Зошто емајл?

    Слој кој го штити челикот од најголем број на хемикалии. Емајлот е неверојатно долготраен и брзо ја спроведува топлината. Дополнително, благодарение на неговата непорозна површина, тој не се лепи.

  • Зошто Whitford QuanTanium облога со честички од камен и бакар?

    За идеални нелепливи карактеристики и отпорност на гребење, кои ви овозможуваат готвење без масло и употреба на метален прибор. И уште подобра спроводливост на топлина за побрзо готвење и помала потрошувачка на електрична енергија!

Изглед на Stone Legend Copperlux садовите за готвење:

  1. Прв слој - Челик со емајлирана облога
  2. Втор слој – обоен емајл
  3. Високо квалитетен челик
  4. Внатрешен прв слој – емајлирана облога
  5. Внатрешен втор слој – емајлирана облога
  6. Прв слој Quantanium® нелеплива облога
  7. Втор слој Quantanium® нелеплива облога со бакар и честички вистински камен
  8. Трет слој Quantanium® нелеплива облога
1
2
3
4
5
6
7
8
Дополнителни информации

Литража:

  • 26 см. - 7 л.

Рецензии од купувачи 3 рецензии

5

3 рецензии

3 производ(и)

Што мислите за овој производ? *

1 1 ѕвездичка
2 2 star
3 3 star
4 4 star
5 5 star

butterfly

www.topshop.com.mk

16.7.2019

Брз и ефикасен
Не пишувам рецензии обично ама лонецов ме изненади колку брзо се загрева, стварно си е добар како што ми го фалеа, пишувам за да не се мисли некој ако сака да го земе.

Snezana

www.topshop.com.mk

07.7.2019

Svadben podarok
Go kupiv za decata za svadba i snaata mi se pofali deka najdobar poklon e shto go dobila a znaete deka snaite nemaat sekogash najdobri zborovi, e do tolku e dobar!

Snezana

Svetlana sk

www.topshop.com.mk

04.7.2019

Za sekoja domakjinka
top lonec so dobra cena shto moze sekoja domakjinka da si ja dozvoli, samo taka prodolzete Delimano najdobri ste

3 производ(и)