Delimano Dolcevita Електричен бокал

Практичен, убав и супер-брз. Овој чајник од не'рѓосувачки челик е најдобриот сад за вашата утринска доза на чај или кафе, опремен со потребни карактеристики, за да уживате многу повеќе во вашиот пијалок. Неговиот грејач од 2200 W може да загрее до 1,7 литри вода, додека автоматското отварање овозможува лесно полнење преку широкиот отвор на врвот.
- Кратко инфо
- Детали за производот
- Дополнителни информации
- Кратко инфо
-
Практичен, убав и супер-брз. Овој чајник од не'рѓосувачки челик е најдобриот сад за вашата утринска доза на чај или кафе, опремен со потребни карактеристики, за да уживате многу повеќе во вашиот пијалок. Неговиот грејач од 2200 W може да загрее до 1,7 литри вода, додека автоматското отварање овозможува лесно полнење преку широкиот отвор на врвот.
Дознајте повеќе - Детали за производот
-
Суштински сад во секоја кујна: Супер брз чајник
Не чекајте да зоврие водата туку внесете гламур за време на паузата за чај со нашиот прекрасен Delimano Dolcevita Чајник од нерѓосувачки челик. Овој атрактивен, компактен и елегантен чајник, со својот излед внесува стил во вашата кујна, додека ви испорачува врела вода во вашата шолја чај, со брзина на светлината.
Моќност од 2200W и капацитет 1.7 литри
Delimano Dolcevita Чајникот од нерѓосувачки челик е навистина ефикасен со своите 2200W моќност за супер брзи резултати. Само наполнете го со вода, притиснете го копчето и уверете се колку брзо вашиот топол напиток ќе се најде во вашата шолја. Побрзо од микробранова печка и дефинитивно побрзо од шпорет.
Чајникот има капацитет од 1.7 литри, за да можете брзо да загреете вода при подготовка на тестенини, компири, јајца и останати оброци за кои е потребна врела или зовриена вода.
Комбинација од нерѓосувачки челик и црна боја - Стил кој нема да остане незабележан
Како суштински дел од секоја кујна, чајникот не треба да биде само функционален. Со прекрасно нерѓосувачко куќиште, стилски додатоци во црна боја и со пријатно заоблени контури, Delimano Dolcevita Чајникот од нерѓосувачки челик, ќе додаде современ изглед на работната површина. Неговиот компактен изглед нема да зафаќа премногу простор на вашата работна површина. Практичен и со одличен дизајн, тој е привлечен додаток во секоја кујна.
Грст карактеристики за ваше уживање
Delimano Dolcevita Чајникот од нерѓосувачки челик е направен имајќи ги на ум вашите потреби – тој е хигиенски, лесен за користење и најважно безбеден е за употреба.
1. Хигиенски
- Чајниците се совршено хигиенски и одлични во незадржување на бигорот во нив
- Филтерот се отстранува и лесно се мие
- Нерѓосувачкиот материјал овозможува вкус на чиста и бистра вода
- Лесно отстранувачкиот филтер обезбедува најчисти резултати
2. Лесен за користење
- Безжична конструкција за максимална погодност: чајникот лесно се крева од основата за безжично полнење, истурање и грациозно сервирање
- Автоматско отворање за лесно полнење со вода
- Широк отвор за лесно чистење
- Има црн капак, кој лесно се отвора за соодветно полнење и чистење
- Основата за напојување, која се движи за 360 степени е направена за користење со лева и со десна рака и со долг кабел, кој лесно се намотува во основата, за едноставно складирање.
3. Безбеден
- Заштита од суво вриење
- Опремен со автоматско исклучување
- Удобната рачка останува ладна на допир и овозможува безбедно користење
- Светлечки индикатор покажува кога водата е зовриена
- Безбеден капак
- Индикатор за вклучување
- Дополнителни информации
-
Основни информации:
- 220V-240V~ 50Hz/60Hz
- Моќност 1850-2200W
- Капацитет 1,7 л
- Функција за автоматско исклучување
- Индикатор за вклучување
- Складирање на кабелот (во основата за напојување)