Delimano Brava Eco Повеќенаменски садoви од 0,5л. и 1,7л. и Прскалка за масло

Мешајте, месете, сервирајте, јадете и складирајте, сѐ во еден супер практичен сад. Delimano Brava Eco Садот е практичен повеќенаменски сад за складирање, задолжителен за во секоја кујна. Напрскајте масло на вашата храна или садови за готвење со Delimano Brava Прскалката за масло.
- Кратко инфо
- Детали за производот
- Технички карактеристики
- Кратко инфо
-
Мешајте, месете, сервирајте, јадете и складирајте, сѐ во еден супер практичен сад. Delimano Brava Eco Садот е практичен повеќенаменски сад за складирање, задолжителен за во секоја кујна. Напрскајте масло на вашата храна или садови за готвење со Delimano Brava Прскалката за масло.
Дознајте повеќе - Детали за производот
-
Најкористената алатка за секојдневни задачи во кујната
Измијте ја салатата, изматете шлаг, сервирајте грицки, чувајте месо или измесете тесто - листата нема крај. Delimano Brava Eco Садот е алатката која ви е потребна за секојдневна подготовка на храната. Користете го за да мешате, сервирате, складирате остатоци од храна и одржување на состојките свежи, благодарение на вклучениот капак.
Користете го за сервирање, понесете го на пикник или кампување или за однесете голема салата на работа. Може да се користи во микробранова, во фрижидер и се мие во машина за садови.
Изработен од еколошка, рециклирана пластика
Внатрешниот дел на садот е изработен од пластика со антибактериска заштита, додека надворешниот дел е изработен од рециклирана ПП пластика од шишиња и капачиња. Капакот е изработен од 100% ПП пластика.
Ова значи дека овој производ е безбеден за контакт со храна, заштитен е од бактерии и е еколошки. Почнете со подготовка на храната, сервирајте ја со ситл и грижете се за планетата.
Цврста и трајна пластика која овозможува производот да трае долго.
Садот е достапен во 2 големини
Поради тоа што е достапен во 2 големини, може да го користите за различни смеси или за мал салата или маринада.
- 13.5 x 6.5 см - капацитет 0,5л
- 20 x 9 см – капацитет 1.7л
Садот е безбеден за миење во машина за садови на максимум 55°C, безбеден за употреба во микробранова на максимум 600W во период од 3 минути и безбеден за во замрзнувач до температура од -18°C.
Совршена за сите течни сосови и додатоци
Напрскајте масло на вашата храна или садови за готвење со Delimano Brava Прскалката за масло. Поздрав и поекономичен избор отколку директно ставање масло врз храната, бидејќи го распределува маслото правилно.
Покрај масло, можете да ја користите за:
- оцет
- сок
- вино
- соја сос
- вода
- други течни додатоци
Една Delimano Прскалка за масло нема да биде доволна за вашата кујна
Оваа практична алатка ги претвора течностите во совршена доза на водена пареа со само едно притискање. Користете ја за:
- да ја напрскате тавата пред готвење
- напрскате соја сос врз вашето јадење
- напрскате вино врз испеченото месо
- да напрскате оцет и масло врз салатата
- или рамномерно да распрскате масло врз хартијата за печење
Оваа практична алатка ќе ви заштеди време и пари во кујната. Според нашето искуство, една не е доволна, најдобро е да имате најмалку една во кујната и најмалку две на вашата маса.
Практична за секојдневна употреба во кујната
Delimano Brava Прскалката за масло е задолжителна додека готвите или јадете, бидејќи:
- Лесно се користи
- Лесно се мие - за да ја измиете, наполнете го шишето со топла вода и додадете една капка течен детергент за садови. Создадете притисок во шишето и потоа прскајте во мијалникот. За да исплакнете, повторете ја постапката со чиста вода. Исушете темелно пред наредна употреба.
- Изработена е од стакло која дава чист, автентичен вкус
- Капачето одговара совршено и спречува протекување на течностите
- Технички карактеристики
-
Дополнителни информации Капацитет на садовите 0.5л, и 1.7л,
Капацитет на прскалката за масло 180 мл.