Нема производи во вашата кошничка.

Клуб 5*
  • 100% Безбедно купување
  • Вистински избор
  • Плаќање на рати

Ceravital 6 во 1 сад за готвење

Ceravital 6 во 1 сад за готвење
Photos
  • Видеа
  • Слики
Ceravital 6 во 1 сад за готвење Ceravital 6 во 1 сад за готвење Ceravital 6 во 1 сад за готвење Ceravital 6 во 1 сад за готвење Ceravital 6 во 1 сад за готвење Ceravital 6 во 1 сад за готвење Ceravital 6 во 1 сад за готвење
Ceravital 6 во 1 сад за готвење

ID: 105974828| SKU: 1000121400

Истовремено, подгответе неколку здрави јадења со Церавитал садот за готвење со додаток за готвење на пареа. Овој сад е се што ви е потребно во кујната затоа што ви нуди готвење во два слоја, со што ќе можете да приготвувате до 5 јадења истовремено!

  • Одличен за секаков вид на оброци
  • Ви овозможува истовремена подготовка на 5 различни состојки
  • Подготовка на вкусни јадења
  • Нелеплива керамичка облога
  • Соодветен за сите видови на шпорети
  • Заштедете енергија
  • Едноставен за чистење
  • Врвен квалитет
5.990,00 ден.
4.990,00 ден. Клуб 5*
Јавете ни се на 02 3094-550
Детали за производот

Повеќенаменски керамички сад за готвење - варете, печете и гответе на пареа во еден ист сад!

Сакате да подготвувате разновидни здрави оброци без цел куп нечисти садови?

Ви го претставуваме Церавитал, универзалниот сад за готвење кој ќе ви помогне да ги подготвувате вашите омилени оброци на поздрав начин!

Овој уникатен сад ви овозможува истовремено да подготвувате неколку состојки, да варите, динстате, готвите на пареа и печете. 

Нелепливата керамичка облога ви гарантира одлично подготвена храна без оглед на начинот на кој ја подготвувате.

  • Плин

  • Електричен

  • Керамички

  • Индукција

  • Халогенски

  • Безбеден во рерна

Замена за најмалку 5 различни садови за готвење

Церавитал е практичен сад за готвење, идеален за секое домаќинство затоа што заменува:

  • класично тенџере
  • тавче за пржење
  • тава за печење
  • сад за готвење на пареа

Доволно голем сад за целото семејство

Садот има волумен од 5 литри и внатрешни димензии 24 см x 24 см x 11 см.

Овој простор е доволен за подготовка на оброк за 4 лица. 

Практично готвење на две нивоа

Тајната на Церавитал е готвењето на две нивоа:

  • Првото ниво е ростерот - наменет за варење, динстање, печење во рерна
  • Второто ниво се однесува на Виталајт садот за готвење на пареа

Изгубете го вишокот килограми со вкусна храна подготвена на пареа

Доколку сакате да го подобрите начинот на исхрана или пак да изгубите неколку килограми, користете го Виталајт садот за готвење на пареа, во кој можете истовремено да подготвите 4 различни јадења.

Еве неколку примери - можностите се неограничени!

  • Полнети бабури во сос и тиквички зготвени на пареа

  • Супа од зеленчук и риб

  • Кнедли и овошје на пареа

Со додатоците за одделување на садот за готвење на пареа можете да подготвите 5 различни оброци истовремено

Една од најголемите предности на Церавитал е тоа што во садот за готвење на пареа можете да подготвувате 4 различни оброци истовремено.    

За разделување користете ги пластичните додатоци. Во секој дел ставете различни состојки, ставете ја кошничката над ростерот!

1 сад за готвење, многу начини на подготовка на храната!

Варење

Потпекување (о гратин)

Печење леб

Динстање

Печење

Готвење на пареа

Алуминиумска основа со дебел слој керамичка облога

Нелеплива керамичка облога отпорна на гребење

Керамичката облога на Церавитал садот има одлични нелепливи карактеристики.

Без оглед на тоа што подготвувате, ниедна од состојките нема да ви се залепи. Облогата е исто така и отпорна на гребење и мазна, па затоа чистењето е многу брзо и едноставно.

Алуминиумска основа излеана во еден дел

Основата на ростерот претставува еден единствен дел. Направена е од високо-квалитетен алуминиум и е отпорна на температури до 250 C.

Заштеда на енергија

Церавитал има одлични карактеристики на  спроводливост на топлина за нејзина подеднаква дистрибуција, што ви овозможува да заштедите енергија додека готвите.

Ростерот можете да го миете во машина за садови и да го користите на сите видови на шпорети: електричен, керамички рингли, шпорет на плин, халогенски и индукциски.

1

2

3

3

4

  1. 1

    Стаклен капак:

    • Рачка од не’рѓосувачки челик
    • Отпорен на топлина до 250°C
    • Вентил за пареа
    • Отвор за термометар со силиконски рабови
    • Кога нема вметнато термометар, силиконскиот отвор се затвора
  2. 2

    Виталајт сад за готвење на пареа:

    • Интегрирани рачки
    • Силиконска облога на краевите
    • Неколку додатоци за готвење на пареа можат да се наместат еден врз друг
    • Елементи за одделување на садот за готвење на пареа
  3. 3

    Силиконски рачки:

    • 2 силиконски рачки
    • Отпорни на топлина
    • Модерен дизајн
  4. 4

    Церавитал ростер

    • Основа од високо-квалитетен алуминиум
    • Соодветен за сите видови на шпорети
    • Може да се користи и во рерна (отпорен на температура до 250°C)
    • Интегрирани рачки

Подарок: црпалка и лажица решетка

Со Церавитал сетот добивате и подарок - црпалка со скала за мерење на состојките и лажица решетка за сервирање.

Гладни сте? Еве еден рецепт со кој можете да започнете:

Кремасто рижото со пармезан & Риба на пареа со лимон

Растопете го путерот во ростерот на средна температура, додадете кромид, лук и пропржете 5 минути. Додадете го оризот и гответе уште 2 минути. Ставете го виното и динстајте додека да се апсорбира течноста. Во ростерот додадете топла пилешка чорба и варете ја додека да се апсорбира.

Течност може да додавате се додека не се свари оризот (20-25 минути).

Филетите од риба ставете ги во Виталајт садот за готвење на пареа. Зачинете ги со кромид и лук во прав, копар, магдонос, црвен пипер, сол и сок од лимон. Садот за готвење на пареа ставете го над рижотото и истовремено гответе ја и рибата.

Рижотото послужете го со пармезан и филетите од риба.


Состојки

За кремастото рижото со пармезан:

  • 4 шолји пилешка чорба
  • 4 супени лажици путер
  • 1 кромид, средна големина, ситно исечкан
  • 1 чешне лук, ситно исечкано
  • 1 1/2 шолја ориз
  • 1 шолја суво бело вино
  • сол, бибер, пармезан

За рибата на пареа со лимон:

  • Филети од пастрмка
  • копар
  • кромид во прав
  • сув магдонос
  • црвен пипер
  • лук во прав
  • сол, бибер
  • 2 супени лажици сок од лимон
Технички карактеристики
Безбеден во машина за садови Да
Вид на рерна електро, индукција, плин, стакло керамичка плотна
Внатрешен материјал керамика
Димензија 24 x 24 x 11 см.
Капацитет 5 л.
Огноотпорно 250°C
Основен материјал алуминиум
Дополнителни информации

Технички информации

  • Боја: црвена

Пакетот вклучува:

  • 1 x Церавитал ростер - волумен 5 л, внатрешни димензии: 24 см x 24 см x 11 см
  • 1 x стаклен капак со вентил за пареа
  • 2 x силиконски рачки
  • 1 x Виталајт сад за готвење на пареа
  • 2 x додатоци за одделување
  • книга со рецепти

БОНУС:

  • 1 x лажица решетка
  • 1 х црпалка

Рецензии од купувачи 0 рецензии

Што мислите за овој производ? *

 
1 1 ѕвездичка
2 2 star
3 3 star
4 4 star
5 5 star
Оценка